Принцот Хари не се појави на суд во процесот против издавач на британски таблоид - Канал 5

Принцот Хари не се појави на суд во процесот против издавач на британски таблоид

Принцот Хари денеска не се појави пред Високиот суд во Лондон, каде што го тужи издавачот на британски таблоид, што ги изненади судијата и адвокатот на одбраната, кои го нарекоа неуспехот „необичен“.

Принцот Хари не се појави на суд во процесот против издавач на британски таблоид

Хари, помладиот син на британскиот крал Чарлс Трети, утре неколку часа ќе одговара на прашања на адвокатите како сведок, со што ќе стане првиот висок член на британското кралско семејство на суд во последните 130 години. Тој е еден од стотиците луѓе кои ги тужат весниците Мирор Груп (МГН), издавач на Дејли Мирор, Сандеј Мирор и Сандеј Пипл, обвинети за хакирање телефони и други незаконски активности помеѓу 1991 и 2011 година.

Процесот започна минатата недела кога адвокатите кои го застапуваат Хари и уште тројца клиенти се обидоа да докажат дека незаконското собирање информации е извршено со знаење на раководството на медиумите.

Фокусот оваа недела е на сведочењето на Хари. Неговиот адвокат, Дејвид Шерборн, му рекол на судијата Тимоти Фанкур дека Хари го напуштил својот дом во Лос Анџелес вчера навечер, откако го прославил вториот роденден на својата ќерка Лилибет, но не успеал денеска да стигне на суд.

„Неговото патување и безбедносната ситуација се такви што му е малку комплицирано“, изјави Шерборн пред преполната судница. Фанкур рече дека е изненаден од ова бидејќи побарал од првите сведоци да се појават на првиот ден од почетокот на разгледувањето на нивниот случај.

Адвокатот на MGN, Ендрју Грин, рече дека е „апсолутно извонредно“ што принцот не се појавил денеска и го обвини адвокатскиот тим на Хари за губење време на судот. Грин сака да го испрашува Хари повеќе од еден ден за 33-те написи, што значи дека принцот би можел да се врати на суд во среда.

МГН се извини на почетокот на процесот и призна дека Sunday People незаконски барала информации за Хари, нагласувајќи дека тој мора да биде обештетен за тоа. Издавачот претходно призна дека неговите медиуми учествувале во хакирање телефони и решиле повеќе од 600 случаи, плаќајќи отштета од 120 милиони долари. Но, МГН ги негира сите други тврдења на Хари, велејќи дека нема докази за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски.

Штерјова: Скандал, за Росица од Велес вината се префрла само на полицајците, без командири, началници - СДСМ бара оставка од Тошковски

Во ек на фемициди, насилства врз жени, убиства, нова скандалозна одлука за случајот со младата Росица во Велес.

Власта и МВР се обидуваат вината да ја префрлат исклучиво врз обичните полициски службеници.

Само полицајците да бидат виновни со цел да ги заштитат високите полициски функционери, командири, началници и раководители.

Од 21 февруари до 15 септември 2025 година Росица Коцева пријавувала насилство и барала помош.

Речиси седум месеци. Имало и судски мерки за нејзина заштита.

И сега цела вина им се префрла само на полицајците.

Зошто не се опфатени командирите, началниците и раководителите во тие седум месеци?

Не можеле обични полицајци да држат пријави и изваштаи во фиока.

Ако се виновни девет полицајци, тогаш покрај поединечната одговорност се поставува и прашањето дали системот не функционира или намерно штити одредени поединци.

Обвинителството треба и Панче Тошковски да го опфати.

Во јавноста беа изнесени наводи дека Росица му испратила порака со барање за помош на неговиот телефон.

Зошто тоа не е направено? Да се провери, да се обезбеди комуникацијата.

Зошто Тошковски не ги реазреши раководителите, командирот или началникот? Или тие што се ВМРО не смеат да се чепакаат?

Обвинителството мора да ја испита целата линија на одговорност, од службениците што постапувале по пријавите, локалното раководство па се до министерот.

Ова не е правда. Ова е неказнивост и заштита на раководните структури на ВМРО.

Ова не е систем туку партиска контрола која работи по наредби од горе.

Има бројни примери - Биљана од Богданци, Росица од Велес, Рамајана од Шуто Оризари, Ивана и нејзината ќерка од Скопје, Сара од Охрид.

Излегоа информации и сведоштва за наводна полициска бруталност и врз 15 годишно момче од Охрид.

ВМРО се занимава само со заташкување и заштита на своите а сега гледаме дека се фокусирани и на тоа да ги запре протестите во земјата. И со кампања и со притисоци.

Уште колку жртви треба да има за Тошковски да си поднесе оставка!

Доста беше. Оставка Тошковски.

Изјава, СДСМ, Кети Штерјова, пред МВР

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ПОЦ ја отвори хуманитарната Зона H – паркирањето станува можност за хуманост и солидарност

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар", заедно со Општина Центар и Црвениот крст – Општинска организација Центар, денес, 19 ноември, официјално ја отвори хуманитарната Зона H.

ПОЦ ја отвори хуманитарната Зона H – паркирањето станува можност за хуманост и солидарност

Зоната опфаќа посебно обележани хуманитарни паркинг-места, а средствата собрани од нивното користење ќе бидат наменети исклучиво за хуманитарни цели, во соработка со Црвениот крст – Општинска организација Центар.

На официјалното отворање присуствуваа директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и секретарот на Црвениот крст – Општинска организација Центар, Валентина Колеска.

Душко Коцевски, директор на ЈП ПОЦ, истакна дека хуманитарната зона претставува практичен начин јавната услуга да се поврзе со грижата за заедницата.

„За ЈП Паркинзи на Општина Центар ова е практичен начин јавната услуга што ја даваме да ја поврземе со грижата за заедницата. Во соработка со Црвен крст – Општинска организација Центар и со поддршка на Општина Центар, сакаме да обезбедиме дополнителна помош за нашите сограѓани. Ги повикувам граѓаните да ја поддржат хуманитарната зона H и преку користењето на овие паркинг-места да се вклучат во помошта за оние на кои им е најпотребна", истакна Коцевски.

Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар, нагласи дека иницијативата е дополнителна можност за поттикнување на солидарноста и помошта во локалната заедница.

„Со отворањето на хуманитарната зона H, на граѓаните им овозможуваме преку една секојдневна услуга да придонесат за хуманитарни цели. Ова е една од новините воведени со последните измени на системот на паркирање, со кои се стремиме кон поправична распределба и порационално користење на паркинг-просторот, а воедно внесуваме и хумана димензија во паркирањето. Со секое платено паркирање на овие места, придонесуваме за посолидарен Центар во кој се грижиме едни за други", истакна Герасимовски.

Првата локација на хуманитарната Зона H се наоѓа на предната страна на Градскиот стадион, во секторот „Парк" на ПОЦ, а во наредниот период зоната ќе се проширува и на други локации.

Хуманитарните паркинг-места се обележани со црвена и бела боја и со соодветна сигнализација. Корисниците треба да ги следат истакнатите упатства за пријавување и плаќање на паркирањето во Зона H.

Со оваа иницијатива, ЈП ПОЦ, Општина Центар и Црвениот крст ја претвораат секојдневната паркинг-услуга во можност за солидарност, поддршка и помош на лицата и семејствата на кои им е најпотребна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година

Филипче и СДС денес ја обвинуваат Алта банка и Давор Мацура. Но избегнуваат да одговорат за 2023 година.

Манасиевски: Филипче и СДС со двојни аршини за Алта банка, гласни денес, а молчеа во 2023 година

За време на нивната власт, токму денешните пратеници на СДС беа членови на Владата кои одобриле државното правобранителство да влезе во деловни односи токму со Алта банка и Давор Мацура.

Ако имале информации за сомнителен капитал и за Давор Мацура, зошто тогаш не ја предупредиле јавноста? Кои проверки биле направени пред продажбата на акциите? И кој ја одобрил постапката?

Денес Филипче и СДС се обидуваат да се претстават како заштитници на граѓаните. Лажните ПР политики не им проаѓаат кај граѓаните.

Филипче не може да ги обвинува другите, а да молчи за одлуките донесени во време на СДС. Граѓаните заслужуваат одговор, зошто за Алта банка станаа гласни дури откако престанаа да бидат власт?

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер