Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата
1Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
2Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата
3Министерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
1Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
ЖивотПринцот Хари допатува во Киев со неговата добротворна организација „Инвиктус гејмс“Ова е втора посета на Хари, помладиот син на британскиот крал Чарлс, на Украина оваа година, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Л’вов. Британскиот принц Хари денеска е во посета на Украина, пристигнувајќи во Киев со членови на неговата Фондација „Инвиктус гејмс“( Invictus Games) за да ги детализира плановите на неговата добротворна организација за помош во рехабилитацијата на ранетите војници, објави весникот „Гардијан“. Ова е втора посета на Хари, помладиот син на британскиот крал Чарлс, на Украина оваа година, откако во април го посети центарот за ранет воен персонал во Л’вов. Хари служеше во британската армија 10 години пред да ја основа Фондацијата „Инвиктус гејмс“, добротворна организација која организира меѓународен спортски настан за воениот персонал ранет во акција. „Не можеме да ја запреме војната, но можеме да направиме сè за да помогнеме во процесот на закрепнување“, изјави Хари за „Гардијан“ во ноќниот воз за Киев. Тој рече дека бил поканет од украинската Влада, а пред патувањето добил дозвола од британската влада и неговата сопруга. Патувањето доаѓа на крајот од четиридневната посета на Хари на Велика Британија од неговиот дом во Калифорнија, каде што живее со сопругата Меган и нивните две деца. Откако во 2020 година се повлече од функцијата висок член на кралското семејство, односот на Хари со неговиот татко е затегнат откако тој јавно го критикуваше кралското семејство. Како знак за затоплување на односите, принцот Хари во средата се сретна со својот татко за првпат по 20 месеци.Тагови: Киев принцот Хари Инвиктус гејмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозенЖивотот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски.Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца? Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири месеци. Нема пари во Буџетот за нови вработувања, затоа што на оваа криминална и расипничка власт не и гиржа за здравјето на граѓаните, ниту за најмладите. Овој хаос и неодговорност, оваа немаштија е на штета на децата. Детски животи се во прашање. Каде ќе се лекуваат сега овие деца со специфична болест која бара редовна контрола и терапија? Кој ја сега дели терапијата? Што треба да се случи, да почине дете поради административни пречки? Кој тогаш ќе понесе одговорност? Ова е цената на неодговорните и расипнички политики на ВМРО и Мицкоски. Кризата со немањето пари во Буџеттот граѓаните ја чувствуваат и по цена на живот. СДСМ бара веднаш да се најде решние, да се обезбедат соодветни вработувањата и да се обезбеди здравствена заштита на Детска клиника. Скраете тендери дајте пари за дечињата. Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМТагови: Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот МицкоскиСпецијалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата, откако преку неговите партнери од Бугарија излезе дипломатска нота со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски. Политичките партнери на Филипче, бугарските власти предводени од Румен Радев, кои ни го негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја направија дипломатски преседан со објавување на дипломатска нота, со којашто директно се нарушува безбедноста на семејството на претседателот Мицкоски. Документот за којшто се уште нема извинување од официјална Софија, објавен е на социјалната мрежа Фејсбук, во којшто јасно се гледаат детали околу информациите за службените возила, имињата на патниците, местото во кое е сместено семејството на претседателот Мицкоски, како и радиофрекфенцијата на која комуницирале обезбедувањето. Овие сигнали којшто ги испраќа Бугарија даваат јасен знак дека патот за Македонија во ЕУ нема да биде лесен, туку ќе биде испреплетен и полн со предизвици и притисоци. И наместо осуда од специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, тој молчи и продолжува да соработува со оние коишто не не признаваат, а тоа се властите во Бугарија предводени од Румен Радев. Македонија нема да се предаде и откаже. Ваквите притисоци и уцени од соседна Бугарија ни даваат само поголем мотив на чесен, достоинствен и исправен начин да се трудиме да бидеме дел од европското семејство. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Алиу учествуваше на онлајн промоција на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, учествуваше на онлајн промоцијата на „Патоказот за здравје и благосостојба во Западен Балкан 2026–2030“, што претставува регионален документ подготвен со поддршка на Светската здравствена организација.Во своето обраќање, министерот Алиу истакна дека приоритетите од Патоказот се целосно поврзани со реформските процеси што ги спроведува Министерството за здравство, со посебен акцент на дигиталната трансформација, електронските здравствени досиеја, подобрата размена на податоци меѓу институциите и усогласувањето со европските стандарди. -Од перспектива на Министерството за здравство го поздравуваме овој Патоказ како вредна регионална рамка. Тој во голема мера ја одразува актуелната состојба и реформските приоритети што се важни за нашата земја. Неговиот фокус на зајакнување на примарната здравствена заштита и јавното здравје, човечките ресурси во здравството, здравствената безбедност и подготвеност, превенцијата и контролата на незаразните болести, имунизацијата и регионалната соработка е исклучително релевантен за нашиот национален контекст. За нас, овие приоритети не се апстрактни. Тие се директно поврзани со реформите што во моментов ги спроведуваме. Нашата цел е да изградиме здравствен систем кој е поотпорен, повеќе насочен кон луѓето, повеќе ориентиран кон превенција и подобро воден од податоци и докази. Здравствен систем што може да одговори на итни состојби, но и секојдневно да обезбедува квалитетни услуги. Систем што ги поддржува граѓаните не само кога се болни, туку им помага и да останат здрави, истакна во обраќањето министерот Алиу. Тој посочи дека првата област е дигиталното здравство и е една од централните реформски области во здравството за подобро планирање, подобра координација, поголема транспарентност и подобри услуги за граѓаните. Втората област е квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите. Пристапот до услуги останува суштински - на граѓаните им се потребни услуги што се безбедни, ефективни, навремени, правични и со висок квалитет. Веруваме дека квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите ќе бидат клучни и во спроведувањето на Патоказот. -Нашата држава е подготвена активно да придонесе во овој процес. Веруваме дека регионалната соработка може да ни помогне да учиме едни од други, да избегнеме дуплирање на напорите и побрзо да се движиме во областите каде што нашите предизвици се слични. Со заедничка работа можеме да ја зајакнеме подготвеноста, да ги подобриме јавно-здравствените функции, да ги поддржиме здравствените работници, да ја унапредиме дигиталната трансформација и да обезбедиме подобри резултати за нашите граѓани, посочи Алиу.Тагови: Азир Алиу Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter