ЗабаваПринцот Хари доби дозвола од кралицата да се венчаОткако неодамна прв пат заедно присуствувале на јавен настан на Ауди Поло Челинџ, на кој биле фатени како се бакнуваат, откриено е дека принцот Хари, петти во редот за престолот, конечно добил дозвола од кралицата да се венча.Принцот Хари е во мошне добри односи со кралицата Елизабета Втора, својата баба, и покрај сите испади кои ги приреди на британското кралско семејство во своите дваесетти. Овие вести доаѓаат неколку дена откако портпаролот на Вестминистерската палата откри дека на принцот Хари ќе му биде дозволено да се венча со неговата девојка, која веќе еднаш била во брак, во истата црква во која се венчаа и принцот Вилијам и војвотката Кетрин, но и принцот Чарлс со принцезата Дајана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска ценаМлади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена, а студентите добиваат картичка со 20 проценти попуст преку М-услуги.ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки за младите продолжува активно да работи на подобро утре за секој млад човек. ВМРО-ДПМНЕ веќе ги најави трите клучни мерки кои адресираат егзистенција и домување на младите. Тоа се конкретни проекти, подготвени да се преточат во законски решенија, со однапред јасен начин на спроведување. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор. За нејзино спроведување ќе се донесе закон според кој секоја градежна компанија, за да добие дозвола за градба, ќе мора да издвои најмалку 10% од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната. Втората мерка исто така е наменета за млади до 35 години, но за оние што сакаат да градат свој дом. Секој млад брачен пар што ќе се одлучи на градба нема да плаќа комуналии на општината. И за оваа мерка исто така е предвидено законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе добие студентска картичка со низа поволности и 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. За да се спроведе истата ќе соработуваат сите надлежни институции, со цел студентите да добијат не само усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, туку поволности и за други услуги. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за на младите да им овозможи квалитетно образование, услови за професионална кариера, шанси за сопствен бизнис, создавање семејство и достоинствен живот во земјава. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
МакедонијаСДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурувањеЗа влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва. До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста? Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО. Дали е ова така? СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките. СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си. За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите. Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно. Скопје, 24.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПочина митрополитот Бачки Иринеј БуловиќБачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица. Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“. Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење. Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување. „Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи. Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter