Принцот Ендру би можел да добие забрана за лов на кралските имоти откако е откриен шокантен мејл со Џефри Епстајн - Канал 5

Принцот Ендру би можел да добие забрана за лов на кралските имоти откако е откриен шокантен мејл со Џефри Епстајн

Принцот Ендру би можел да биде забранет од забавни активности како што се лововите на кралските имоти, откако еден шокантен мејл ја поби неговата изјава дека целосно го прекинал контактот со педофилот Џефри Епстајн.

Принцот Ендру би можел да добие забрана за лов на кралските имоти откако е откриен шокантен мејл со Џефри Епстајн

Додека растат повиците Ендру да биде лишен од титулата војвода од Јорк, кралски извори откриваат дека забраната за неговото учество или организирање на ексклузивни собири е една од опциите што се разгледуваат.

Ова доаѓа откако весникот „Mail on Sunday“ објави силно компромитирачка порака што тој му ја испратил на американскиот финансиски магнат, во која му пишува „ние сме заедно во ова“, само еден ден откако весникот прв ја објави познатата фотографија на војводата со неговата наводна тинејџерска сексуална жртва, пренесува Дејли Мејл.

Ендру му напишал на Епштајн во февруари 2011 година дека е „загрижен“ за влијанието што откритијата ќе го имаат врз неговиот пријател, но го уверил расипаниот милијардер дека двајцата ќе „се издигнат над медиумскиот притисок“.

Можеби ќе ве интересира: Принцот Ендру продолжил со контактите со Епштајн и по прекинувањето на пријателството

Ова конечно ја побива изјавата на војводата од неговото озлогласено интервју за „BBC Newsnight“, во кое тврдеше дека „никогаш повеќе немал контакт“ со Епштајн откако биле фотографирани заедно во Централ парк во Њујорк во декември 2010 година.

Минатиот месец, „Mail on Sunday“ објави дека војвотката од Јорк му испратила на Епштајн топла порака во која го нарекла свој „величествен пријател“ – иако претходно им изјави на новинарите дека никогаш повеќе нема да има ништо со него.

Скандалот повторно го отвори прашањето за улогата и начинот на живот на Ендру, по тоа што покојната кралица му ги одзеде сите официјални кралски должности и правото на титулата „Неговото Кралско Височество“.

Сега извори за „Daily Mail“ изјавиле дека се разгледува можноста да му се забрани организирање ловови на кралските имоти.

Ендру беше фотографиран како организира лов во Виндзор во јануари 2024 година — само неколку дена по објавувањето на понижувачки судски документи поврзани со Епштајн, поради кои, наводно, се затворил сам во соба.

Тој и понатаму живее во својата вила „Royal Lodge“ со 30 соби, и покрај бројните јавни барања да биде иселен.

Сепак, се разбира дека војводата и војвотката од Јорк нема да бидат поканети на божиќните прослави на кралското семејство во Сандрингам.

Анкета на YouGov спроведена летово покажа дека две третини од Британците се за тоа Ендру да биде лишен од сите преостанати титули.

Иако пратеничката од Јорк, Рејчел Маскел, предложи закон кој би ѝ овозможил на монархијата да одзема титули, нацрт-законот не стигна до гласање пред општите избори.

Вчера Маскел повторно повика на прекин на врската меѓу градот Јорк и осрамотениот војвода, велејќи:

„Трагедијата е што жртвите страдаат секој ден, а секое ново откритие за оваа ужасна мрежа на злоупотреби и поврзаните со Епштајн го продлабочува нивното страдање. Искреноста и отвореноста очигледно недостигаат кај многумина, што само ја зголемува траумата на жртвите.

Додека војводата од Јорк го носи името на мојот град, таа титула не ги претставува вредностите на луѓето од Јорк. Затоа повикувам повторно на усвојување на ‘Законот за одземање титули’, за монархот да може да ја укине титулата директно или преку парламентарен комитет.“

Во мејлот што му го испратил на Епштајн ден по објавувањето на фотографијата на која е со 17-годишната Вирџинија Џуфре, Ендру напишал:

„Јас сум исто толку загрижен за тебе! Не грижи се за мене! Изгледа дека сме заедно во ова и ќе мора да се издигнеме над тоа. Инаку, остани во контакт – наскоро ќе играме повторно!!!!“

Историчарот А. Н. Вилсон изјавил за „Mail on Sunday“ дека однесувањето на Ендру претставува „можеби најтешката криза за кралското семејство по абдикацијата на Едвард VIII во 1936 година“.

Активистот Греам Смит од кампањата „Република“ повика полицијата и пратениците „целосно да ги обелоденат документите“ и „да спроведат комплетна истрага за тоа што навистина знаеле високите членови на кралското семејство“.

„Јавноста заслужува целосна, бескомпромисна истрага за оваа срамна приказна,“ додаде тој.

Ендру засега нема дадено коментар за објавениот мејл, а подсетуваме дека Епштајн беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во 2019 година.

Во 2022 година, војводата постигна вонсудско порамнување од околу 12 милиони фунти со Вирџинија Џуфре – која се самоуби претходно оваа година – без да признае вина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер