Принципот „од врата на врата“ за зголемување на опсегот на вакцинација кај децата дава ефекти - Канал 5

Принципот „од врата на врата“ за зголемување на опсегот на вакцинација кај децата дава ефекти

Позитивни ефекети засега дава новиот пристап на медицинските тимови ангажирани за кревање на свеста за зголемување на опсегот на вакцинација кај децата.. 

Принципот „од врата на врата“ за зголемување на опсегот на вакцинација кај децата дава ефекти

Од утре тимовите од вакциналните пунктови повторно на терен од врата на врата кај сите оние семејства кои не ги однеле своите деца да примаат вакацина. Во претходната недела најчести прашања биле поврзани со МРП вакцината или вакцина за морбили, ХПВ вакцината и дали се уште треба да се вакцинираат против Ковид 19. На терен се вакцинира и за вирусoт ковид кај постарите лица и хронично болни, но и кај деца. Доктор Бети Гелејчевска Илковска објаснува дека најмалку познавање родителите имале за ХПВ вакцинацијата кај девојчињата.

Она што загрижува е дали ќе има нова епидемија на морбили? Вакцинацијата за МРП е 70 проценти, а треба да изнесува до 93 проценти за да не се повтори епидемијата од 2019 година. Од здравствениот дом Букурешт објаснуваат дека теренското запознавање и објаснување на родителите за важноста на имунизацијата предзвикала интерес и дел од родителите ги вакцицнирал децата. Докторите објаснуваат дека во новата дигатална ера многу често неточни и непроврени инфорамции прават штета и дел од заразните болести може да се вратат.

По повод неделата на имунизација, Министерството за здравство УНИЦЕФ и здравствениот дом Скопје ќе информираат за најновите податоци за редовната имунизација на децата со што ќе почне и медиумската кампања „Заштитени заедно – редовните вакцини за деца делуваат“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“

Германецот Томас Тухел очекува да остане селектор на Англија и покрај болниот пораз од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство.

Тухел: „Нашиот најдобар натпревар, за ништо не жалам“

По поразот, Тухел се соочи со лавина критики од навивачите поради крајно пасивната игра на неговиот тим откако го постигнаа голот. Податокот дека Аргентинците имале 88% посед на топката од моментот кога примиле гол па сѐ до крајот на феноменалниот натпревар, претставува уште еден – а можеби и највпечатлив – показател за срамниот дефанзивен пристап на Англичаните во поголемиот дел од второто полувреме.

Англичаните не го остварија својот долгогодишен сон: останаа без толку посакуваниот пласман во финалето, во кое последен пат игра пред цели 60 години во далечната 1966 година.

Но, Тухел не е загрижен за својата позиција – тој вели дека ја има поддршката од Федерацијата и дека ќе го испочитува договорот што истекува во 2028 година, кога Англија ќе биде еден од коорганизаторите на Европското првенство. „Продолжуваме со договорот до Европското првенство. Со нетрпение го очекувам тоа, иако во моментов е тешко да се гледа толку далеку во иднината. Многу големи фудбалски нации беа елиминирани пред полуфиналето, така што она што го постигнавме е навистина успех. Никој не сака да го слушне тоа во овој момент, па ни јас, бидејќи бараме максимум од самите себе. Тоа едноставно е природата на натпреварувачкиот дух“, изјави Тухел.

За натпреварот против Аргентинците, тој изјави дека неговиот тим одиграл можеби најдобар натпревар на турнирот и дека не жали за одлуките што ги донел.

„Не жалам за ништо. Тимот го даде својот максимум и бевме многу, многу блиску. Сметам дека го заслуживме водството од 1:0. Одигравме еден од нашите најдобри натпревари, можеби и најдобриот, со оглед на околностите. Тимот беше фантастичен. Едноставно не успеавме соодветно да го завршиме натпреварот. Разочарани сме. Бевме многу блиску, но станавме премногу пасивни откако поведовме. Му дозволивме премногу шанси на противникот и не успеавме да ја вратиме контролата врз топката. Од тој момент дозволивме многу нафрлувања, шанси и удари кон нашиот гол. Бевме блиску, но не успеавме да го задржиме тоа ниво на игра по нашиот гол“, рече Тухел, а потоа ги објасни измените што ги направил:

„Едноставно се обидувавме да им помогнеме на играчите. Примивме гол уште на самиот почеток. Одлучивме да преминеме на формација со петмина во одбраната бидејќи линиите на тимот беа премногу развлечени. Тие ги добиваа сите воздушни дуели и постојано упатуваа нафрлувања. Се разбира, одговорноста е кај тренерот. Ако работите не тргнат како што треба, лесно е да се каже дека тоа било грешка“, нагласи тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон.

На покана од Рубио, Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам.

Состанокот, како што соопшти министертвото, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и зајакнување на институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички мотивирано насилство и тероризам.

Во фокусот на разговорите ќе бидат транснационалниот карактер на политичкиот тероризам, радикализацијата во дигиталната ера, како и потребата од зајакната меѓународна координација во превенцијата и раното препознавање на заканите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски предложи нов премиер на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата го предложи шефот на државната енергетска компанија „Нафтогас“ за нов премиер, пренесува германската агенција ДПА. 

Зеленски предложи нов премиер на Украина

Парламентот ја доби номинацијата за Серхиј Корецки, соопшти претседателот на ова тело, Руслан Стефанчук, на социјалната мрежа Фејсбук.

Стефанчук не соопшти кога Врховната рада ќе гласа за неговото потврдување, но се очекува гласањето да се одржи уште во четврток, пренесува ДПА. Зеленски во неделата изјави дека има намера да ја реорганизира владата со цел да ги зајакне односите со клучните меѓународни партнери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер