2Сиљановска-Давкова денеска во Брисел ќе учествува на самитот за проширување на европската унија 2026
ЖивотПринцезата Мако се откажала од богатството само поради љубовтa: Таа посакувала да стане мајкаПоранешната принцеза Мако, која се откажа од титулата и повластиците на царското семејство поради љубовта кон својот сопруг, обичниот граѓанин Кеи Комуро, стана мајка.Веста за новороденчето ја потврдија од палатата во Токио. Иако не го открија полот на детето, ниту датумот на раѓање, службениците истакнаа дека и мајката и бебето се чувствуваат добро и дека сè поминало во најдобар ред, пренесува „Супержена“. Ова е прво дете на поранешната принцеза и нејзиниот сопруг. Принцезата која ја шокираше јавноста Да потсетиме, во 2017 година, принцезата Мако ја шокираше јавноста со желбата да се омажи за партнер по свој избор, да ја прекрши јапонската традиција и да се откаже од титулата што ѝ овозможувала привилегиран статус. Бидејќи нејзиниот партнер Кеи Комуро не потекнува од одбрано семејство, Мако мораше да се откаже од кралската титула. Со свадбата во октомври 2022 година, таа официјално го изгуби кралскиот статус и стана обична граѓанка. По склучувањето на бракот, принцезата Мако дополнително изненади со тоа што ја одби традиционалната исплата од околу 1,3 милиони долари, што според јапонската традиција ѝ следува на женски член што ја напушта царската куќа. Тогаш изјави: „Започнуваме нов живот. Сигурна сум дека ќе се соочиме со тешкотии на тој пат. Но, исто како и досега, сакам да продолжам да ги здружувам силите со Кеи и да одам рамо до рамо со него. Многумина разбираат колку е тешко да се живее следејќи ги желбите на своето срце, но се надевам дека можеме да создадеме општество во кое сите ќе можеме да живееме и да ги поддржуваме чувствата едни на други.“ По напуштањето на царското семејство, Мако се пресели со сопругот во Њујорк и најде волонтерска работа во њујоршкиот Метрополитен музеј. Таму работи како асистентка кустос на уметнички колекции поврзани со Азија.Тагови: Азија принцеза Мако Принцезата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗапален автомобилот на познат српски пејач Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип. Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец. Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.Тагови: пожар Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 процентиЈануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година. На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица со шункаВо вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.Состојки за денешниот рецепт: 1 готово тесто за пица 100 гр. доматен сос 150 гр. шунка 150 гр. кашкавал 150 гр. печурки 50 гр. маслинки без семка малку оригано и др. зачини по избор. Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook