Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
2Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
3„Renault“ подготвува одговор на „Volkswagen“: „R4“ и „R5“ добиваат поголема моќност и поголем дострел
ЖивотПринцезата Ана му подарила кожена тоалетна шолја на кралот Чарлс за Божик Кога треба да му се даде подарок на некого што има сè, луѓето од британското кралско семејство за Божик имаат многу дилеми... Но, одговорот, се чини, лежи во смеата и шегите.Имено, еден таков избор е бела кожена тоалетна школка, којашто принцезата Ана, според наводите, му ја подарила на нејзиниот брат, тогаш - принц Чарлс. Се забележува и дека нивните божиќни подароци секогаш се нискобуџетни. Дел од традицијата на кралскиот божиќен собир во Сандрингам е и да се разменуваат подароци. Така, наводно, и кралот Чарлс не сака скапи подароци, а тоа го потврдува и неговиот батлер, Пол Бурел. - Би се засрамил ако потрошите цело богатство на него, вели членот на послугата. И Дијана им оставала непристојни работи, за да ги засрами другите... Понекогаш, тоа е и целта - за тоа служат и „смешните подароци“ коишто често се среќаваат низ годините. - Вилијам во една прилика, доби календар со голи жени и целиот поцрвене. (Шегата) успеа, раскажува батлерот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај ГерманијаНоќ на изненадувања на 23 Светско фудбалско првенство. Елиминирани фаворитите за висок пласман, Германија и Холандија.Светскиот шампион од Бразил, силната Германија уште на стартот на елиминациската фаза го заврши своето учество на Мундијалот во САД, Канада и Мекдсико, слична судбина доживеа и фаворизираната Холандија. Популарните панцири, во елиминациската рунда се декласирани од незгодниот Парагвај на панели откако во регуларниот тек дуелот заврши без победник 1-1. Во пенал рулет е елиминирана и селекцијата на Холандија. Фудбалерите на Мароко се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по подобро изведување на пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1:1истиот епилог беше и по двете продолженија од по 15 минути, за потоа во пенал рулетот африканската репрезентација да извојува голема победа со 3-2. Во осминафиналето Мароко ќе игра против еден од кодомаќините на Мундијалот, тимот на Канада.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МетеоСончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилностСончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. Ѓорческа точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис. Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова. На патот кон најголемиот светески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0,потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2). На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook