МакедонијаПримопредавање на должност командант на Командата за операции Примопредавање на должност командант на Командата за операции во кумановската касарна „Боро Менков“. Мирче Ѓоргоски е новиот командант на Командата за операции. Денеска во кумановската касарна „Боро Менков“ беше извршено примопредавање на командантската должност од досегашниот командант Бесник Емини и новиот Ѓоргоски. На воената свеченост пред припадниците на единиците се обрати началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски се заблагодари на досегашниот командант професионалното командување и раководење, истовремено изразувајќи уверување дека новопоставениот командант со своето искуство и војничка кариера ќе продолжи со успех да ја води Командата за операции. - Да се биде на чело на оваа команда е вистински предизвик, огромна привилегија и чест која носи огромна одговорност, затоа преку чинот на предавањето на военото знаме на новиот командант-бригадниот генерал Ѓоргоски ќе му ја доверам привилегијата, но во исто време и одговорноста за раководењето и командувањето со ова е исклучително важна команда. Генералот Ѓоргоски ја презема командата за операции во исклучително важен период. Период којшто треба со успех да ја заокружи трансформацијата и модернизацијата на командата и единиците потчинети на неа, период кој подразбира излегување од комфорната зона и максимално посветување кон зајакнување на капацитетите и способностите на единицата. Период во којшто борбената готовност ќе се подигне на рамниште потребно за беспрекорно извршување на мисијата и поставените задачи период во кој мораме да ги апострофираме нашите силни страни, да ги адресираме нашите предизвик и да се подготвиме за променливата платформа на глобалната безбедност и предизвиците на 21 век, рече Лафчиски. Како што истакна началникот на ГШ, целта останува-создавање на модерна агилна и технолошки напред на армија кога може ефективно да ја браните татковината и да придонесе за исполнување на обврските кои произлегуваат од членството во НАТО алијансата. Пред присутните беше прочитан указот на претседателот на Република Македонија и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска Давкова за поставувањата на командна позиција. Бригадниот генерал Ѓоргоски досега ја извршуваше должноста началник на штаб во Командата за операции, веќе раководи со најголемата оперативна команда во Армијата на Република Македонија. Новопоставениот командант, Ѓоргоски, во обраќање се заблагодари за довербата, му одаде признание на досегашниот командант и најави дел од приоритетните задачи кои што следуваат, вклучително и модернизацијата на Армијата, која е најголема во историјата на армијата и бара максимално ангажирање. - Сакам да нагласам дека за мене, застанувањето на чело на Командата за операции претставува силен императив да продолжам по патот на успехот, силната посветеност и професионализмот кој се вградени и вкоренети повеќе од три децении од сите мои претходници на ова место-команданти на командата на копнената војска, здружената оперативна команда и командата за операции на кои им изразувам благодарност за се што ни оставиле во наследство. Ефикасноста во командувањето и контролата со починатите единици, реализација на модерна обука со персоналот како и долгогодишната примена на високите стандарди на НАТО во штабното работење кои се потпира Генералштабот на армијата. Затоа користам прилика на сите генерации припадници на армијата кои биле дел од оваа команда да им оддадам признание за нивната посветеност, професионализмот и упорноста во извршувањето на сложените задачи, но и во изградбата на капацитетите со кои денес командата располага. Денешната генерација на старешини кои се дел од командата за операции се горди на својата работа и на постигнатите успеси, горди се на нашето петгодишно членство во НАТО алијансата за која во голема мерка и самите имаат дадено не така скромен придонес, но пред сè се горди, на ефикасноста и успешното извршување на задачите, рече Ѓоргоски. Бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски во својата кариера извршувал повеќе командни и штабни должности и тоа: командир, заменик на командант, офицер за протокол во кабинетот на директорот на ГШ на АРМ, командант во Воената Академија, офицер за планови, началник на Канцеларија за односи со јавноста и портпарол на ГШ на АРМ, аѓутант на Врховниот командант, командант на 1. механизирана пешадиска бригада и началник на Штаб во КО. Бригаден генерал Бесник Емини во понатамошниот период ќе извршува должности во Министерството за одбрана-државен советник за политика и планирање во Директоратот за политика и планирање, кризен менаџмент и цивилно-воена соработка во Министерството за одбрана. Тој во текот на воената кариера пак извршувал повеќе командантски и штабни должности, меѓу кои и командант на ренџерскиот баталјон, како и началник на штаб во КО, и командант на 1. пешадиска бригада, а претходната должност, командант на КО ја извршуваше од 2021 година. Емини во обраќањето пред присутните се заблагодари на колегите, ГШ за досегашната поддршка и му посака успех на новиот командант. - Командата за операција ја предавам на бригаден генерал Мирче Ѓоргоски кој е еден од најблиските луѓе кои соработував во минатото, еден од најуспешните команданти, не се сомневам дека ќе ве води во нови достигнувања и победи, кажа Емини. На воената свеченост покрај началникот на Генералштабот присуствуваат Лафчиски присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, генерали во Армијата, пензионирани генерали, поранешни команданти на командата, командантот на мултинационалната бригада на Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), воено-дипломатскиот кор, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриески, претставници од локалните власти. Командата за операции е најголема команда на оперативно рамниште чија мисија е подготовка на конвенционалните копнени и воздухопловни сили на Армијата за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на државата. аКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветКина по изборите на Тајван: Никој не може да го запре обединувањето Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт.Кина утрово предупреди дека „обединувањето“ не може да се запре, реагирајќи на резултатите од локалните избори во Тајван, на кои владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) го дуплираше бројот на градови и окрузи под нејзина власт, и покрај тоа што ја загуби трката за градоначалник на Тајпеј. Кина го смета демократски управуваниот Тајван за дел од својата територија и никогаш не ја исклучила можноста за употреба на сила за да го стави островот под своја контрола. Тајванската влада ги отфрла територијалните претензии на Пекинг. Кина: Обединувањето е неизбежно Канцеларијата за прашања на Тајван на Кина соопшти дека ги зема предвид резултатите од изборите, додавајќи дека мнозинството Тајванци сакаат мир, развој, размена и соработка. „Без оглед на промените на политичката сцена на Тајван, тие не можат да го променат правецот и развојот на односите меѓу двете страни на Тајванскиот теснец или да го запрат историскиот процес во кој татковината мора и неизбежно ќе биде повторно обединета“, се вели во соопштението. Кинеската влада ќе продолжи „решително да се справува со сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на Тајван и да се спротивставува на надворешното мешање“ и да ја промовира „големата цел за национално обединување“, додаде таа. Тајван му одговори на Пекинг Тајванската влада изјави дека Кина треба да го почитува демократскиот систем на Тајван и одлуките на неговите граѓани и прагматично да пристапи кон резултатите од изборите. Пекинг треба да води разговори со демократски избраната, легитимна влада на Тајван врз основа на еднаквост и меѓусебно почитување, без поставување предуслови, изјави Советот за прашања на континентална Кина на Тајван, кој е задолжен за обликување на политиката кон Пекинг. Кина одбива да разговара со претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, кого го нарекува „сепаратист“. Лаи, кој е и претседател на ДПП, истакнува дека само народот на Тајван може да одлучи за својата иднина. Пред изборите, Кина испрати десетици воени авиони и бродови во Тајван Односите со Кина не беа меѓу главните теми на изборната кампања, која се фокусираше на домашни прашања како што се безбедноста на водата и училишните оброци. Сепак, Кина постојано го критикуваше кандидатот на ДПП за градоначалник на Тајпеј, Пума Шен, пред изборите и му воведе санкции за „сепаратизам“. Во петокот, Кина испрати десетици воени авиони и воени бродови во воздушниот простор и водите околу Тајван.Тагови: Кина Тајван Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДесничарската партија на Шпанија влегува во парламентот- покажуваат излезните анкети Излезните анкети предвидуваат победа на десниот центар – и мнозинство со учество на крајната десница.Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (десен центар) и партијата „Вокс“ (крајна десница), објави Скај Њуз. Излезните анкети покажуваат дека десниот центар е на пат да освои заедничко мнозинство со крајната десница. Шпанските медиуми ги објавија своите излезни анкети, кои предвидуваат заедничко мнозинство за Народната партија (PP) од десниот центар и партијата „Вокс“ (Vox) од крајната десница. Анкетите објавени од шпанскиот весник „Ел Мундо“ (El Mundo) предвидуваат дека двете партии заедно ќе освојат околу 184 пратенички места, што е над потребниот праг од 176 места. Сепак, јавниот сервис RTVE проценува дека Народната партија и „Вокс“ би можеле да освојат и помалку – 173 пратенички места – иако исто така наведува дека би можеле да добијат до 182 места. Затворени гласачките места во континентална Шпанија Гласачките места се затворија за гласачите во континентална Шпанија во 20:00 часот. Гласачите на Канарските Острови имаат право да гласаат уште еден час, бидејќи се наоѓаат во иста временска зона како Обединетото Кралство, каде што во моментов е 19:00 часот. Резултатите од овие предвремени избори би можеле да бидат едни од најзначајните во последните децении, со реална можност партија од крајната десница да стане дел од коалициската влада. Како и да е, ќе нема јасен показател за победникот на изборите во скоро време – првичните официјални резултати ќе почнат да пристигнуваат подоцна, а пребројувањето на гласовите испратени по пошта ќе трае уште неколку дена.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноСе роди прво младенче на пингвин, родено со вештачко оплодување (ВИДЕО)Пиленце од северниот пингвин од расата рокхопер, создадено преку вештачко оплодување, беше претставено пред јавноста во зоолошката градина „Ширахама Адвенчер Ворлд“ во префектурата Вакајама, Јапонија.Загрозениот вид пингвин се извело на 28 октомври, што го прави првото младенче од северниот пингвин од расата рокхопер во светот родено преку овој процес. Ова беше потврдено со ДНК анализа, според локалните медиуми. Пилето тежело 62 грама при раѓањето, а до 27 ноември достигнало 561 грам. Раѓањето на пингвинското пиле беше емитувано во живо на YouTube, а официјалните лица ја покануваат јавноста да предложи име за новороденото пингвинче.Тагови: пингвин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter