Применила еден смешен совет за главоболка и се колне дека делува! (видео) - Канал 5

Применила еден смешен совет за главоболка и се колне дека делува! (видео)

Ништо не ве чини да пробате доколку немате подобро решение.

Применила еден смешен совет за главоболка и се колне дека делува! (видео)

Сите се свесни колку главоболката може да ви ја отежне работата, без оглед дали станува збор за мигрена, главоболки во пределот на тилот, или тензични главоболки кои се карактеризираат со остра болка во пределот на вратот. Првото нешто што на сите им паѓа на ум е да посегнат по некој аналгетик кој максимално ќе ја ублажи болката. Меѓутоа, многумина беа изненадени од трикот против главоболки кој со молскавична брзина почна да се шири на социјалните мрежи.

Наводно, ако ги натопите стапалата во топла вода, главоболката би требало да престане за неколку минути. Многумина беа скептични кога станува збор за овој метод, најмногу затоа што изгледа премногу едноставно и чудотворно за да делува. Сепак, една корисничка на Тикток реши овој метод да го проба на себе, а исходот од целиот процес ја изненади и неа и многу нејзини придружници.

- Денеска многу ме боли главата. Цело време размислувам да се напијам лек, но не верувам дека и тогаш би престанала. Слушнав за трикот со потопување на стапалата во топла вода, седам на работ од кадата и се подготвувам да го пробам. Вечерва, планирав фантастична забава, но чувствувам како главата да ќе ми експлодира секој момент. Кога подобро ќе размислам, знаете што, главоболката штотуку ми престана! Само ги потопив стапалата во топла вода две минути и веќе немам главоболка. Ќе одам на забавата на која можеби ќе лудувам до зори – објаснила оваа еуфорична жена во видеото на Тикток, а пренесе и Дејли Мирор.

Видеото е прегледано над милиони пати и им се допаднало на 409.000 корисници на Тикток, додека гледачите беа поделени во коментарите.

- Па, тоа не е волшебно стапче, да исчезне за неколку минути.

- Толку е глупаво што едноставно е смешно.

- Премногу лесно и едноставно за да биде вистинито.

- Мене оваа жена не ми делува нормално.

- Толку сум очајна поради главоболките, што дури и ова ми иде да го пробам!

Меѓутоа, д-р Сем Хеј, го поддржа методот со потопување на стапалата во топла вода како помош при главоболка.

- Значи, имате главоболка и сте слушнале дека ако ги потопите стапалата во топла вода, тоа може да ви помогне. Да бидам искрен, сето ова е на ниво на шпекулации. Се смета дека при главоболка крвните садови во мозокот се стеснуваат и топлата вода им помага да се отворат, тоа е вазодилатација, постапка за проширување на крвните садови. Исто така помага и ставањето ладна облога на тилот. Дали ова делува секој пат? Секако дека не. Дали е штетно? Не, но вреди да се проба - објаснил тој.

@sammar___ #headache #headacherelief #lifehack #itworks ♬ original sound - Sammar

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

Денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин

На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување.

Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст.

Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.

Ќерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)

Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!.

Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека.

„Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година.

Што е „Le Bal des Débutantes“?

„Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања.

Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери.

Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“.

Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула.

Кои се другите дебитантки?

Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи.

На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Доналд Трамп објави дека го задолжил потпретседателот Венс целосно да го фокусира своето внимание на она што тој го нарекува широко распространета корупција и криминал во градовите и државите управувани од демократите. 

Трамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина

Тој ги наведе Минесота, Калифорнија и Илиноис како примери, нарекувајќи ги лошо управувани и корумпирани системи.

Трамп тврди дека секој месец се крадат милијарди долари и дека запирањето на овие криминални активности би можело брзо да го балансира националниот буџет. Во својата објава, тој додаде и дека раководството на Демократската партија има „корупција во крвта“.

Порака до Иран

Тој се осврна и на надворешната политика, поточно на Иран. Тој рече дека на Соединетите Држави не им е потребен договор со Техеран и дека тоа време одамна е поминато. Тој тврдеше дека Соединетите Држави имаат ирански пари, кои ги процени на „стотици милијарди долари“, како и контрола врз Ормутскиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер