Применета биоинформатика – иднината на лекувањето - Канал 5

Применета биоинформатика – иднината на лекувањето

 Биоинформатика е наука што се занимава со проучување на софтверските системи на биолошките организми, а подразбира: декодирање, зачувување, модулирање и пренесување на биолошки активни софтверски бази.

Применета биоинформатика – иднината на лекувањето

Применета Биоинформатика подразбира употреба на биолошки активни клеточни софтверски програми наменети за лекување и излекување на патолошки состојби кај сите живи организми.

Во Скопје функционира Центар за Биоинформатика, воден од Татјана Илијевска и Кристијан Давидовски, специјалисти по комплементарна и алтернативна медицина.

Тие, од досегашните искуства можат да се пофалат со многу успеси при третирање на различни патологии меѓу кои и алергиски заболувања, спектар аутизам, астма, ХОБ, канцерогени состојби, гастроинтестинални заболувања-гастрит, колити, проблеми со скелетокоскен систем-гонатроза, дископатија, ишијалгија, периартрит, карпал тунел, невролошки пореметувања и состојби-депресија, нервоза, несоница, воспаление на средно уво, вртоглавици, нарушување на функција на очи-макуларна дегенерација, спортски повреди, регенерација на генитални органи, висок крвен притисок, регенерација на кожа на лице и тело, проблеми со циркулација…

Имено, досега имаат успеано да направат регенерација на нервен систем, по мозочен удар, како и регенерација на макула кај сува Бестова дистрофија, што класичната медицина, со соодветните познавања досега, смета и тврди дека тоа е апсолутно невозможно.

Илијевска и Давидовски, истакнуваат дека целиот организам, односно сите органи, можат да се регенерираат.

– Принципот на функционирање на човечкиот организам, за поедноставно да се појасни, може да се каже дека е составен како хардвер и софвер. Софверот е оној „невидлив" дел од еден сложен систем, како софтверот кај компјутерот или телефонот, што ние не го гледаме физички, а е присутен и неопходен за тој систем да функционира, посочи Давидовски.

Наведе дека, проучувањето и познавањето на клеточниот програмски јазик на нив им овозможува да „прочитаат", и да им се обратат на клетките со истиот програмски јазик, се со цел да им дадат инструкција и насока како да се вратат во нормална функција или да се регенерираат.

– Софтверот за регенерација постои во сите клетки на човековиот организам и тој е несвесно активиран во одредени состојби, на пример кога имаме исеченица на кожата, тие клетки брзо се регенерираат и раната се затвора, појасни Илијевска.

Рече дека, сите клетки имаат иста ДНК што значи дека сите клетки го имаат и софтверот за регенерација, нагласувајќи дека главната цел на Применетата Биоинформатика е активирање на софтверот за регенерација во одредени клетки кога тоа е потребно.

– Биолошките-програмски јазици денеска ги користиме се со цел да постигнеме промена на функција на органите преку информирање, односно давање на инструкции на клетките како треба да постапат. Значи денес не се користи хемиска супстанца за да се промени, надополни или измени дисбалансот или хемискиот дисбаланс во организмот за да се излекува така наречана состојба што ја има, односно дијагоноза, наведе Давидовски.

Во Центарот за Биоинформатика тие имаат можност да направат функционална дијагностика на сите органи. Мерат акциски потенцијал на мембрана на клетка на истиот принцип како што се мери со ЕКГ или ЕЕГ апаратот, меѓутоа за целиот организам.

– Врз основа на тоа ние увидуваме што се случува во организмот, односно кој орган на кој начин функционира. Познавајќи ги биолошките програмски јазици на секој орган поединечно ние можеме врз основа на дијагностиката, не само наша, туку и на стандардната дијагностика, како ЕХО, ЕКГ или веќе поставена дијагноза, да им се обратиме на тие органи или клетки на истиот нивен програмски јазик, нагласи Давидовски.

Посочија дека „информациите" што треба да ги добие организмот се внесуваат во микропроцесор што се носи прилепен на кожата.

Од досегашните искуства, тие имаат направено и готови биоинформатички терапии за над 30 заболувања, меѓу кои и гастрит, воспаленија и болки на 'рбет, гонартроза, висок крвен притисок, несоница, биоиформатички комплекс за регенерација нервен систем,повреди на екстремитети, алерии, хемороиди…

Центарот за Биоинформатика во Скопје е еден од малубројните кои функционираат во светот, а нашите граѓани ја имаат можноста токму туку да се лекуваат и да ги уживаат сите можности кои ги нуди./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер