ЗабаваПрилепските мечкари пак ќе ги бркаат злите духовиНови кожи и сурати, вековна симболика. Прилепските мечкари ја обновија маската. Ги шиеја кожите, ги подготвуваа страшните сурати. Сето мора да биде прецизно обликувано, стокмено, страшната маска на мечкарите мора да ја испрати вековната порака: да се исчистат гревовите, да се избркаат злите духови. Ги посетивме за да го видиме процесот на шиење на костимите, на маските, подготовката која со радост ја исчекуваат по двегодишната пауза на Карневалот чија главна атракција се. И, велат, оригинална. Тони Павлески, потпретседател на здружението „Прилепски мечкари" веќе 37 години е „мечкар". Прескокнал само две години и тоа кога бил во војска и за време на пандемијата. Го зачекавме со игла во раката. Ги шиеше кожите. Вели мора да се обновуваат најмалку по пет години. – Се подготвуваме интензивно. Моментално ја подготвуваме облеката, Совреме почнавме, да стигнеме за Карневалот, зашто сме поголема група „мечки". Нѐ има вкупно 40 „мечки". Потребно е време и секој ден подготвуваме, „облекуваме" по две до три „мечки". Сета облека сами ја финансираме, без ничија помош. Се трудиме да ја одржиме традицијата. Кожите ги купуваме од прилепските откупни станици. Ги одбираме. Треба да бидат добри, квалитетни, поголеми, за да изгледаме автентично. Значи, секоја кожа не може да биде за „преправање". Битно е да е голема, волнеста, добро обработена. Една кожа ја купуваме 100 денари, а за да биде соодветна за коситимот, плаќаме уште 10 евра за подготвување. Знчи една кожа чини 12 до 13 евра. А еден костим чини околу 100 евра, со маската-суратот, но без ѕвонците. Со нив чини преку 250 евра. Инаку, костимите траат, минимум, 5 години, ако се одржуваат добро. За тоа мора да се води сметка, бидејќи ги нема. Нема кожи, зашто колку има помалку стока, помалку има и кожи. Традицијата е касапска и се трудиме да ја одржиме. Едноставно значи: бркање на злото и раѓањето на новиот живот. Па и, како што е ова време со ковидот, уште повеќе ни треба да го избркаме злото од нашите домови. Токму ковидот не спречи да се „преправиме". А многу ни недостасуваше „преправањето", маскирањето. јас се „преправам" веќе 37 години. Само две години сум „прескокнал": кога бев во војска и поради короната, објаснува Павлески. Љупче Николоски во чиј дом три генерации се касапи, од дедото, преку татко му и самиот тој, ја продолжуваат традицијата. ја објаснува традицијата за Прочка. -Дедо ми, татко ми, а и јас сум касап. Според прикажувањето, ние како касапи работиме преку целата година во кланица. Значи, преку целата година што работиме, што одземаме животи како касапи, но не да се изживуваме спрема добитокот, Прочка е за да си ги исчистиме гревовите. Во сабота, пред Прочка, шетаме кај сите касапи, ги покануваме. Во недела шетаме во домовите и нѐ пречекуваат. Адетот е: со самотоодѕвонување на ѕвонците, клопотарците, влегуваме во секоја куќа, касапска, може и друг да не повика, ако сакаме да им го избркаме злото. Оти ние си ги чистиме гревовите. Имаме околу 60 до 70 куќи кои треба да ги посетиме. А ние сме две групи со 40 до 50 мечкари. Поделени сме на различните делови од градот. парите што ќе ги собереме, наредниот ден, на „чисти понеделник" треба да почестиме за сите посен грав, раскажува Николоски. Колку е пострашна маската, суратот, толку е пооригинална, поавтентична. – Има заби од дива свиња, има телешки заби, опашка. На маската се монистра, парички, стари, од носиите. Колку е пострашна, маската-суратот е подобра. Потребно е што може повеќе да доловиме делови од животното, толку суратот е пострашен. И со клопотарците, ние ги бркаме демоните. И затоа сакаме да ја одржиме традицијата и да ја негуваме, вели прилепскиот мечкар Љупче Николоски. Мечкарот Тони Павлески надополнува – маската, каде и да одиме е атракција. -Секаде каде одиме, нашата маска е атракција. друга слична нема. Маската на Мечкарите е уникатна, неповторлива. Ете, државата, конкретно министерството за култура ја стави како нематеријално културно богатство. Сега работиме да биде заштитена и преку УНЕСКО, заклучува Павлески. Кристијан Петрески се „преправа" во мечкар веќе 13 години. Гордост му е. Сака да ја задржи дедовската и прадедовската традиција. – Јас сум од помладите генерации. 13 години се облекувам и се „преправам" како Мечкар. Тоа е вековна и најпозната традиција во Прилеп. Се придружувам и мојата желба е традицијата да опстои. Со маската сме учествувале на бројни меѓународни карневали во Словенија, во Бугарија, во Хрватска, во Грција. Оваа наша традиција ја нема на ниту едно место. Потребно е време да се сошијат кожите, да не направи тој „Комбилезон од кожи", време треба да се направат суратите, маската е специфична, вели Петрески. Прилепските мечкари со радост се подготвени за карневалот Прочка каде се „главната атракција". Ќе се „преправат", ќе ги плашат лушето, ќе ги бркаат злите духови. Велат, во ова крајно немирно време, многу ни треба злото да го избркаме. Како никогаш досега. И да се слави новиот живот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00