СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураПрилепските археолози откриваат римска бања која пред 2000 години функционирала како модерен спа-центарРимска бања од пред две илјади години откриваат прилепските археолози на локалитетот Долиште кај Прилеп. Бањата со сите погодности на модерен спа-центар е дел од сѐ уште непознатиот град меѓу прилепските села Волково и Прилепец, но ги открива социокултурните одлики на нашите предци. -На овој објект работиме вторпат. Тоа е бања од римскиот период, датира од преминот на старата во новата ера, или од 1 век пред или 1 век од нашата ера. Не е дека претходно жителите не одржувале лична хигиена, но како архитектура припаѓа на римските бањи и е од периодот кога Римската империја завладеала на овие простори. Оваа бања е јавна и е комплесен објект. Покрај оваа, имало просторија со топла вода, па базен со ладна вода, па просторија каде граѓаните ја користеле како гардероба. Така што, ние сме на самиот почеток на истражувањата на оваа комплексна градба. Станува збор за т.н. висечки под. На него биле керамичките плочи и малтерната подлога кои се држеле врз столпчиња, а под тој висечки под струел топол воздух кој доаѓал од друга просторија каде што се ложеле дрва за загревање. Тука нашите предци буквално се потеле, функционирало како сауна и, воопшто, како еден денешен спа- центар, објаснува Душко Темелкоски, археолог во Завод и музеј Прилеп, кој ги раководи истражувањата. Археолозите допрва ќе ги откриваат тајните на комплексот, зашто истражена е само една третина. Најголем предизвик е да се открие името на таинствениот град кој бил доста значаен за населението од Пелагонија. -Во врска со овој град, имаме некои индиции дека е поголем град, позначајна урбана населба од античко време. Во селската црква во Прилепец има неколку епиграфски споменици и на еден натпис е забележано дека овој град имал тесна соработка со античка Стибера. Но, за жал, не се споменува името на „овој град“, објаснува Темелкоски. Досега трипати се истражувало на локалитетот Долиште. Прво беа откриени гробници и големи глинени садови за храна. -Локалитетот е познат како Долиште, се наоѓа меѓу двете прилепски села Прилепец и Волково. Досега Прилепскиот музеј има истражувано во три наврати. Во првата кампања, заедно со Катедрата за археологија од Филозофскиот факултет во Скопје, истражувавме на неколку пунктови каде што се вршеле погребувања. Музејот, исто така, истражуваше на друга локација во овој комплекс каде пронајдовме две градби - во едната најдовме големи питоси, керамички ќупови каде се складирала храна. Ова е веќе трет пункт и работиме на бањата. Зборуваме за многу поголем простор каде што лежел тој антички град чие име сѐ уште не му го знаеме, вели архелогот Темелкоски. Тагови: Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook