Прилепските археолози бараат продолжување на истражувањата во Стибера и Трескавец - Канал 5

Прилепските археолози бараат продолжување на истражувањата во Стибера и Трескавец

Оваа година, прилепскиот „Завод и музеј“ работеше на четири археолошки наоѓалишта во Прилепскиот регион, а преку Институтот за старословенска култура, археологот Бранко Ристески ги спроведуваше повеќегодишните археолошки истражувања на комплексот Трескавец.

Прилепските археолози бараат продолжување на истражувањата во Стибера и Трескавец
За наредната година двете институции во програмите до Министерството за култура побараа да продолжат истражувањата на античкиот град Стибера и во комплексот Трескавец.
Според археологот Душко Темелкоски од прилепскиот „Завод и музеј“ од четирите истражувања што ги спроведе музејот, три беа самостојни, а едно во соработка со катедрата за археологија при Филозофскиот факултет од Скопје. Темелкоски смета дека на археолошки план, годината беше успешна и донесе нови сознанија.
- Прво се работеше на локалитетот „Мал Сурум“ кај селото Дупјачани, Долненско и се открија делови од неколку градби од античкиот период Во античкиот град Стибера, кај селото Чепигово, најпознатото наоѓалиште во земјава по бројот на мермерните статуи, истражувавме веднаш до храмот посветен на богињата Тихе, заштитничката на градот кој се смета дека имал околу 20.000 жители. Се истражуваше и на локалитетот Старо Бонче каде се уште не знаеме за кој град станува збор, а наша претпоставка е дека таму егзистирал градот Пелагонија. Четвртиот локалитет е „Долиште“ кај селото Прилепец. Лани откривме неколку некрополи, а годинава градба од античкиот период, вели Темелкоски.
За наредната 2018 година, прилепскиот музеј аплицираше до Министерството за култура за работа на археолошкиот локалитет Стибера, кој е и туристички атрактивен.
- Стибера е од особено значење за Прилепскиот регион и тенденцијата на Министерството за култура е да се истражуваат локалитети кои може да понудат туристичка презентација. За Стибера навистина да биде туристички атрактивен, треба еднаш да се заврши со експропријацијата на земјоделските парцели на кои се наоѓа локалитетот, односно да се направи замена на парцелите од жителите и потоа може да се урбанизира, да се огради, да се стават информативно табли со пристапни патеки, објаснува Темелкоски.
До Министерството за култура за наредната година се аплицирало и за продолжување на систематските археолошки истражувања на комплексот Трескавец.
Археологот Бранко Ристески од Институтот за старословенска култура од Прилеп вели дека на Трескавец се истражува од 2008 година и досегашните сознанија за античката населба Колобаиса, веднаш до манастирскиот комплекс, за средновековните ѕидини, како и истражувањата на трпезаријата, магерницата и внатрешноста на манастирскиот комплекс, само ја отвораат вратата на културното богатство кое комплексот го поврзува како целина со Марковите кули и со локалитетот Баба.
- Со истражувањата се планира да се заокружат сознанијата за источниот сегмент на античката населба Колобаиса, но и да се дефинира источната зона на манастирскиот комплекс со црквата „Успение на пресвета Богородица“. Трескавец, од поширок аспект, е сместен во големиот комплекс „Маркови Кули“. Сознанијата би биле основа за заштита и конзервација на целиот простор. Имаме уникатни примери на раноримска населба со нагласено сакрален карактер, можеби единствена на Централно-балканскиот простор, и второ, за прв пат, интегрално се проучува манастирскиот комплекс. Ако кон тоа се додадат и природните уникатни форми, спојот со културното богатство е непроценлив, вели Ристески.
Според археологот Бранко Ристески не треба посебно да се нагласува дека туристичката атрактивност на комплексот Трескавец е непроценлива. Особено што Манастирот одамна е на речиси сите светски мапи и е веќе познат културен споменик и ќе бидат импулс за збогатена туристичка понуда на прилепскиот регион./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 година

Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.

Лука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од  далечната 1963 година

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот.

Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот.

YouTube video

Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година.

Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки.

Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него.

И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век.

Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер