Прилепскиот тутунски комбинат започнува со откупот на тутунот на 34 пунктови - Канал 5

Прилепскиот тутунски комбинат започнува со откупот на тутунот на 34 пунктови

Прилепскиот тутунски комбинат денеска почнува со откуп на тутунот од годинашнава реколта на 34 пунктови, најави вчера министерот за земјоделство Цветан Трипуновски при неговата работна средба во Комбинатот.

Прилепскиот тутунски комбинат започнува со откупот на тутунот на 34 пунктови

-Прилепскиот тутунски комбинат е подготвен утре да го почне откупот на тутунот од годинашнава реколта и ќе ги исплаќа тутунарите двапати неделно. Ќе ги преземе договорените околу 2 300 тони тутун, изјави вчера Трипуновски.

Министерот посочи дека се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година и оти согласно процедурите, мострите во текот на вчерашниот ден треба да бидат подигнати

-Според информациите добиени од директорот на Тутунскиот комбинат, на сите пунктови кои се веќе пријавени, во текот на утрешниот ден ќе започне откупот на тутун и ќе трае согласно законските рокови, изјави вчера министерот Трипуновски.

Тој рече дека сите откупни компании обезбедиле средства за исплата и очекува овие денови и тие да почнат да го преземаат тутунот. Се очекува откупувачите да ги нивелираат цените по класи.

- Сите компании кога се склучуваа договорите имаат цени од 414 до 420 денари за килограм прва класа. Очекувам со почетокот на откупот да ги нивелираат цените и да стигтнат до оној максимум кој е понуден од дел компании- 420 денари за килограмза првата класа, изјави Трипуновски.

Годинашнава реколта се проценува од 22 000 до 24 000 тони тутун и е со висок квалитет и продолжува традицијата на квалитетно производство.

-Минатата година знаете дека постигнавме сериозен успех, имаме околу 11 проценти зголемени површини од пријавени земјоделски стопанства во делот на одгледувачи на тутун. Тоа значи дека веќе го враќаме овој стратешки производ на пиедесталот. Целиот процес ќе го следи земјоделскиот инспекторат, рече Трипуновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вирусот Западен Нил е потврден во пет европски земји, меѓу кои и Македонија

Вирусот Западен Нил се шири низ Европа, а сезоната на пренос е во полн ек. 

Вирусот Западен Нил е потврден во пет европски земји, меѓу кои и Македонија

Локални случаи на инфекција се потврдени во Грција, Италија, Шпанија, Романија и Македонија, според најновите податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), пишува Euronews.

Грчката Национална организација за јавно здравје (EODY) пријави 21 локален случај на инфекција регистриран до 22 јули. Дваесет пациенти развиле компликации на централниот нервен систем, како што се енцефалитис и менингитис, додека една пациентка имала поблаги симптоми. Досега нема смртни случаи, а тринаесет лица се хоспитализирани.

Само во изминатата недела беа пријавени 14 нови локални случаи. Еден случај е регистриран и кај лице кое престојувало во една од ендемските земји во странство, но сè уште не е утврдено каде точно се заразило, па затоа тој случај не е вклучен во епидемиолошката анализа на EODY.

Ширењето на вирусот во Европа

Податоците собрани од ECDC до 15 јули покажуваат вкупно 33 локално пренесени случаи во пет европски земји и соседството. Италија беше најпогодена со 20 случаи во 16 различни области. Три случаи се потврдени во Новара, по два во Кремона и Верона, а поединечни случаи се регистрирани и во Милано, Фиренца, Неапол, Падова, Модена и Ферари.

Два случаи се регистрирани во Македонија, во областа на Скопско и Повардарие. Романија, во регионите Аргеш и Сучава, и Шпанија, во Аликанте и Севиља, имаат по два случаи.

Картата на ECDC го покажува брзото географско ширење на вирусот. На пример, во Италија, за само една недела, 11 од 16-те региони каде што вирусот е сега присутен беа додадени на списокот на погодени области.

Грција: Атика главен фокус

Огромното мнозинство грчки случаи се откриени во поширокиот регион Атика. Инфекции се потврдени во општините Спата-Артемида (6), Маркопуло Мезогејас (2), Палини (2), Агија Параскеви (2), Вари-Вула-Вулијагмени (1), Кропија (1), Лавреотики (1), Неа Јонија (1), Халандри (1), Атина (1) и Глифада (1).

Надвор од Атика, по еден случај е регистриран во префектурата Лариса и општината Паламас.

Иако засега нема потврдени човечки случаи во овие области, EODY ги прогласи и општините Пајанија, Рафина-Пикерми, Маруси, Ираклио Атикас и Филотеј-Психико за области со висок ризик. Одлуката е донесена врз основа на епидемиолошки податоци и близината до областите каде што вирусот веќе циркулира.

EODY истакнува дека појавата на случаи речиси секоја година од 2010 година потврдува дека вирусот Западен Нил се воспоставил во Грција, а истата ситуација е и во неколку други европски земји.

ECDC објавува неделни извештаи во текот на летото бидејќи ширењето на инфекцијата е под влијание на времето, бројот на комарци и движењето на птиците, кои се природен резервоар на вирусот. Бидејќи е невозможно да се предвиди кои области ќе бидат погодени, здравствените власти низ целата земја препорачуваат граѓаните да се заштитат од каснувања од комарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. 

Воен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка

Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24.

Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија.

Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. 

Македонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!

Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија.

За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега.



Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9).

Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер