Прилепскиот театар прославува 74 години од основањето - Канал 5

Прилепскиот театар прославува 74 години од основањето

Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ денеска прославува 74 години од основањето. 

Прилепскиот театар прославува 74 години од основањето

Во 1950 година, на 17 февруари, ансамблот ја изведе првата претстава „Кир Јања“ од Јован С. Поповиќ во режија на Аце Михајлоски со што го означи почетокот на богатата театарска дејност и остави неизбришливи траги во уметноста со изведбите и со значајните театарски имиња за македонската култура.

Седумдесет и четири годишната дејност ансамблот ќе ја одбележи в среда со најновата претстава „Стапица за глувци“, според текст на Агата Кристи во режија на Борис Василески. Одбележувањето на годишнината беше закажано за вечер, но поради здравствени проблеми на актер од претставата, изведбата е презакажана за в среда. Од Театарот информираат дека важат сите влезници и само да се потврдат резервациите.

Прилепскиот народен театар досега извел околу 360 премиери, а се одиграни преку 7 500 претстави кои ги гледале над 1, 7 милиони луѓе. Најгледаната и најиграна претстава, изведена стопати, е “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски.

Голем успех на домашната и меѓународната сцена театарот постигна и со претставите „Тапани во ноќта“, „Кавкаскиот круг со креда“, „Швејк...“ во режија на Мартин Кочовски. Голем успех постигнаа и претставите: “Силјан Штркот” според Цепенков, во режија на Бранко Ставрев, потоа “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”.... Белег во повеќедеценискот растеж на театарот дале и претставите “Спиро Црне” од Б.Р. Платнар во режија на Владимир Милчин, “Колобан” од Блаже Алексоски во режија на Љубиша Георгиески, “Арсениј” од Благоја Ристески Платнар, “Полковникот птица” од Христо Бојчев и “Опера за три гроша” од Брехт и двете во режија на Владо Цветановски.

Претстава “Тапани во ноќта” од Бертолд Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која во 2008 година освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, а претставата ,,Кавкаскиот круг со креда“ која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „ЕХ Понто во Љубљана“, Словенија. Ансамблот има освоено дсетина награди за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Со години се бара, но се уште нема ништо конкретно дека ќе почне да се гради нов театар во склопот на Домот на културата „Марко Цепенков“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, соопштуваат од УХМР.

Утре пеколно жешко со температура над 40 степени, невреме во недела попладне

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

24 Попова Шапка, 30 Крушево, Лазарополе, 33 Претор, 34 Берово, Маврови Анови, 35 Охрид, 36 Крива Паланка, Битола, Прилеп, 37 Виница, 38 Тетово, Струмица, Гевгелија, 39 Штип, Кавадарци, Демир Капија, 40 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Попладнево ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност која до крајот на денот ќе се намали. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, директно на терен во Никуштак

Директорот на Центарот за управување со кризи моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот.

На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови.

Директорот Али од терен ја следи состојбата и директно ја координира работата на екипите, со цел навремено локализирање на пожарот, спречување на неговото ширење и заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Се повикуваат граѓаните на максимална внимателност и претпазливост, да избегнуваат непотребно движење во погодените подрачја и да ги почитуваат упатствата на надлежните институции, соопштуваат од ЦУК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасени 300 лица во Мавританија

Мавританската крајбрежна стража денес соопшти дека повеќе од 300 мигранти, меѓу кои и 40 деца, се пронајдени покрај брегот на земјата, најверојатно обидувајќи се да стигнат до Канарските Острови.

Спасени 300 лица во Мавританија

Тие беа пронајдени ноќта помеѓу среда и четврток и се вели дека се во сериозна состојба, пренесува „Euronews“.

Нивниот дрвен чамец тргнал од Гамбија и превезувал 315 лица, 191 од Сенегал, 123 од Гамбија и едно од Мали, се додава во соопштението.

„Меѓу овие луѓе има мажи, жени и малолетници, вклучувајќи бебиња, кои се во тешка хуманитарна ситуација“, соопшти крајбрежната стража, додавајќи дека тие биле спасени во близина на рибарското пристаниште Нуадибу, економскиот главен град на земјата.

Во последните месеци, стотици мигранти, главно од Сенегал, Гамбија и Мали, беа спасени во мавританските води додека се обидуваа да стигнат до Европа, но стотици загинаа или исчезнаа откако нивните чамци потонаа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер