3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
КултураПрилепскиот театар и Слободан Унковски работат на „Ајнштајновите соништа“ Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја почна соработката со режисерот Слободан Унковски на новата претстава „Соништата на Ајнштајн“ според текстот на американскиот новелист и физичар Алан Лајтман.Пробите почнаа и ова е соработка на општо задоволство особено за младата актерска екипа на театарот, истакна раководителот на Прилепскиот народен театар Стојан Дамчески на денешната прес-конференција во прилепскиот театар. - Во годината кога театарот одбележува 60 години се остварува целта еминентни режисерски имиња да работат претстави со прилепскиот ансамбл. Соработката со режисерот Унковски е задоволство, особено за младата актерска екипа. Во претставата се вклучени сите млади актери на ансамблот и уште шест од претходната претстава на Унковски, „Солун – град на духови“. Претставата паралелно ќе се игра и во Прилеп и во новата театарска сцена „Навигатор Цветко“ во Скопје за која оваа ќе биде и прва претстава. Премиерата се очекува кон крајот на октомври, рече Дамчески. Режисерот Унковски вели дека со тексот „Ајнштајновите соништа“ се занимава веќе 20 години. На некои сцени досега работел во Атина и во Скопје и ова е прв пат што со ансамблот на Прилепскиот театар артикулира цела претстава. Текстот е базиран на разните аспекти на времето. - Дејството се случува последните месец дена кога Алберт Ајнштајн ја дефинира својата теорија на времето. Тоа е низа од 29 сонови кои ги има Ајнштајн и се допираат разните аспекти на времето. На пример, еден аспект е тој кога девојка од 26 години легнува во креветот, почнува да размислува за својот живот и што ќе се случува понатаму. Кога ќе стане од креветот, таа има веќе 56 години и нејзиниот живот поминал. Оваа тема досега не е обработена. Ова е прв чекор на проектот. Ќе има „Ајнштајновите соништа 2“ и тој дел ќе го работам од средината на јануари наредната година во Белград, во Југословенско драмско позориште. Се уште не знам дали двата проекта ќе се сврзат и дали вториот ќе биде продолжение на овој што го работиме со прилепскиот ансамбл. Претставата ќе биде необична, нема да биде базирана само на енергијата и експлозијата на музиката,туку ќе воведеме и нови аспекти како следен чекор во развојот на ансамблот, изјави Унковски. Драматизацијата на текстот е на Русомир Богдановски, а музиката ја работи Златко Ориѓански. За костимите претстои договор со екипата. Преку проектот е воспоставена соработката со театарот „Навигатор Цветко“ од Скопје. - Што се однесува до оваа нова театарска сцена, со поддршка на Министерството за култура и на општината Центар ќе се обидеме од едно кино кое е запоставено и осум години не работи, да направиме една мала сцена со околу 250 места за публиката и да почнеме да играме претстави. Во театарот „Навигатор Цветко“ ќе се игра и оваа претстава што ја подготвуваме со прилепскиот театар, објаснува Унковски. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook