КултураПрилепскиот музеј нуди раритетна етнолошката поставкаПо повеќегодишна работа, прилепскиот Завод и музеј денеска и официјално ја отвори богатата и уникатна етнолошка поставка. Изложени се околу 300 предмети кои ја раскажуваат приказната за животот, работата и за секојдневието на прилепчани во периодот од 18, 19 и 20-тиот век. Според етнологот Горан Цветкоски, отворањето на етнолошката поставка со раритетните предмети и фотографии кои го отсликуваат животот на нашите предци, дедовци и татковци и оставиле белег на денешното живеење е од огромно значење. – Предметите со години се макотрпно прибирани. Некои се пронајдени, некои подарени од фамилии, трети се купени од музејот. Се потрудивме да ги изнесеме сите најзначајни предмети што го обележуваат нашето минато и, буквално, секој предмет зборува за себе, објаснува етнологот Цветкоски. Поставката е поделена на три сегменти. Еден од сегментите е занаетчиството, кое е многу значајно за Прилеп затоа што ја претставувало најголемата и најразвиената стопанска гранка во надалеку познатата прилепска чаршија. – Постоел и панаѓурот, познат надалеку. Апострофирани се најголемите и најзначајните занаети: казанџиски, кантарџиски, ковачки. Прилепските кантари многу биле познати, занаетчиите ги носеле до Истанбул, оти биле најквалитетни и најдобро изработени. И секој мајстор го обележувал својот кантар. Имаме и алати за нивното производство, додава Цветкоски. Втор сегмент е кувенџискиот занает со кувенџиските украсни предмети, кои ги одредувале сталежот и имотната состојба на населението. Од овој сегмент има многу предмети, но се изложени само позначајните. – Третиот сегмент е традиционалниот начин на живеење, преку орудијата за обработката на земјиштето, предмети за организирање на домаќинството. Имаме орудија за стрижење, обележување на овците, за жнеење. Целата поставка има огромно значење за нашиов регион, зашто ги опфаќа сите сегменти во кои семејството егзистирало, нагласува етнологот Цветкоски. Според директорот на „Завод и музеј – Прилеп", Благоја Атанасоски, три години се работело на обликувањето на поставката. – Пред две години добивме средства од Министерството за култура, а другото е набавено од средствата на Музејот. Задоволство ни е што може да го презентираме ова културно богатство, посебно дека по 65 години од Музејот, ние отвораме една богата етнолошка поставка, нагласи Атанасоски. Прилепскиот музеј со отворањето на оваа раритетна етнолошка поставка го збогати изложбениот простор за претставувањето на културното богатство од Регионот. Ги има археолошката музејска поставка, лапидариумот со мермерни скулптури и пронајдоци од ископувањата, а како раритетни се и Музејот за тутун, спомен куќата на Кузман Јосифоски – Питу и меморијалниот музеј „11 Октомври". /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Мекларен го враќа она што фановите го чекаа 34 години!Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“.Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“; инспириран од недовршениот проект M6GT на основачот Брус Мекларен, возилото треба да влезе во сериско производство во 2028 година. Според Motor1, главната одлика на новиот модел е мануелниот менувач кој ја пренесува силата од V8-моторот на задните тркала – со што McL 6GT станува првиот Мекларен со ваков систем уште од легендарниот модел F1, претставен во 1992 година – додека конструкцијата дополнително се одликува со монокок и каросерија изработени од јаглеродни влакна. McLaren го замислил автомобилот како спој на модерна технологија и традиционално возачко искуство; покрај дигиталните инструменти, тој располага со физички контроли, алуминиумски прекинувачи, хидрауличен систем за управување и класична рачка за менувачот, додека дизајнот вклучува бројни детали што им оддаваат почит на историјата на компанијата и на Брус Мекларен. McLaren’s manual supercar revealed! Say hello to the McL 6GT. pic.twitter.com/bzT0ZAs59N — Motor1 (@Motor1com) August 14, 2026 Целосните спецификации и цената сè уште не се објавени, но McLaren потврди дека серискиот модел McL 6GT ќе биде позициониран над моменталната палета на спортски автомобили и суперспортски возила на компанијата, што укажува на тоа дека ќе биде еден од најексклузивните модели на овој британски бренд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Кози „ без билет“ се возат со автобусДве избегани кози предизвикаа вистински хаос во Портланд, откако талкаа низ улиците, козите одлучиле да се качат во автобус на јавниот превоз.Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз. Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа. „ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во Портланд, соопшти дека полицијата примила повик на бројот за итни случаи во врска со две кози што се движеле во близина на станицата. Снимката од безбедносната камера го забележа моментот кога две животни му пријдоа на автобусот и влегоа во возилото. Сепак, нивното прво возење со јавниот превоз беше краткотрајно. Козите набрзо излегоа од автобусот и продолжија да талкаат кон блискиот трговски центар. Овој необичен настан брзо привлече внимание токму затоа што животните, барем накратко, изгледаа како обични патници кои го чекаат својот превоз.Тагови: коза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“. Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница. Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“. Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор. На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook