Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
1Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаПрилепскиот архив со нови, ексклузивни документи за 66-годишнинатаСо нови, ексклузивни документи и фотографии, подарени од граѓани, Прилепскиот архив денеска одбележува 66 години постоење.Според Елена Чагороска, раководител на Архивот, документите се значајни за нашата историја и за идентитетот, зашто се добиени за Илинденското востание, за 11 Октомвреи – почетокот на Народното востание, за борци, народни херои, за општествениот живот во градот. Ова е и поттик за граѓаните да ги даруваат семејните документи кои грижливо ќе се чуваат и ќе помогнат во нови истражувања. Чагроска изјави дека денеска се одбележува 66-годишнината на Архивот, ден кога се направија, како што вели таа, првите значајни чекори за нашето минато, за нашата историја, за науката и културата. -Отворањето на прилепскиот архив значеше институционално создавање трезор со документи и материјали кои се многу битни, а се однесуваат на нашите историја, култура, традиција, за значајни историски личности и поединци кои ја збогатуваат историјата на македонската држава. Досега се постигнати значајни резултати. Годинава ја одбележа 65-годишнината скромно, поради пандемијата, сепак значајно. Беа објавени документи и фотографии од Прилепско и Крушево од Илинденскиот период и со видеопрезентација беше отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република". Стекнавме голема доверба кај граѓаните за да посакаат да ни доверат значајни документи од нивните семејства, а ќе сведочат за нашата историја и идентитет. Со оваа лична документација ги дополнуваме фактите за нашата историја, рече Чагроска. Посочи дека ова е и апел до граѓаните да им подарат лична документација, а тие сериозно и посветено, истакна таа, ќе ги чуваат во нивните депоа. -Марија Белокапоска ни подари значајни документи, скици од наш познат прилепски уметник, Слободан Михајлоски. Има и друга документација, од турскиот период. Од Крушево ни стигна значајна документација од периодот на Илинденското востание потоа. Ставре Шапе Здравески донесе документи и списи од неговиот дедо, учесник во Илинденското востание. Меѓу нив е и фотографија на Горското начелство од Крушевската Република на која се значајните илинденци. Имаме добиено многу приватен архивски материјал. Нашата екипа е на теренот и радува што граѓаните сакаат да ни го доверат. Годинава сестрата на народниот херој Рампо Левката, Блага, ни подари документација, потоа материјал од фамилијата Клисароски за прилепската чаршија, па материјал за Душко Наумоски, режисер, но и учесникот во нападот на Участакот на 11 Октомври, борецот од одредот „Гоце Делчев" кој го уби стражарот на тогашната полициска станица и со чиј истрел е означен почетокот на Народното востание. Документацијата содржи факти за текот на настаните по тој храбар чин, објаснува Чагороска. Крушевчанецот Ставре Шапе Здравески е горд на својот дедо илинденец и смета ќе помогне со фактите за Илинденското востание и за револуционерите. – На прилепскиот архив му донирав материјали од мојот дедо Никола Шапрдан-Шапе Здравески. Дедо ми беше началник на тајната полиција на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република. Имаше своја чета од 40-ина луѓе. Ги донирав на архивот каде се стручни. Ги поттикнува сите да донираат, да се зачуваат документите, за луѓето да не ги заборават нашите револуционерни дејци, да ги имаме историските документи за нас, за идните генерации. Ова може да ги поттикне истражувачите да ја документираат поцелосно Илинденската епопеја и Крушевската репуплика, изјави Здравески. Марија Белокапоска од Прилеп на архивот му предаде документи и скици од уметникот Слободан Михајлоски и документи од турскиот период од семејството Белокапоски. – Сакам ова да биде поттик за граѓаните да ги даруваат документите за да се осознае повеќе за значајните. Благодарност изразувам до сопругата на Слободан, Благородна, до неговота сестра Паце и до семејствата Михајлоски и Расолкоски кои несебично ги даруваа документите. Државниот архив е чувар на нашата историја и се надевам дека сите ќе даруваат за обликување на минатото и сегашноста, за да ги спознаеме нашите истакнати личности од сите сфери на живеењето, рече Белокапоска. Архивот во 2022 година ќе издаде книга-документи со која ќе се комплетира Илинденскиот период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМинистерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемијаМЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста. Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини. Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим. Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети. На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста. Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800. Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.Тагови: министерство за здравство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook