ЗдравјеПрилепски Центар за јавно здравје: Вакцини против сезонски грип има доволноВакцини против сезонски грип има доволно и не е доцна за имунизација.Вакцини против сезонскиот грип има доволно и бесплатни и комерцијални, и не е доцна за имунизацијата, уверуваат надлежните во Прилеп. Во Здравствениот дом, со закажување преку матичните прво се потрошија 690 дози, а веќе се трошат и дополнителните 1 100 бесплатни вакцини. Според Оливера Аџиоска, директор на приелепскиот Здравствен дом, вакцини има доволно, има и интерес кај граѓаните. -Веќе се потрошија 200 од дополнителната пратка од 1 100 бесплатни вакцини. Има интерес кај граѓаните и количествата се повеќе од доволни, вели Аџиоска. Во Центарот за јавно здравје повеќе од половината 800 дози комерцијални вакцини се потрошени и како што вели директорката Драгица Николоска, количествата се според потребите. -Со оглед на тоа дека Министерството за здравство набави 40 000 дози бесплатни вакцини, ние сметаме дека количеството од 800 дози комерцијални се според потребите. Потрошени се 450, со тоа што дел се и за Крушево и Демир Хисар и до крајот на идната недела ќе се потрошат, вели Николоска. Николоска објаснува дека не е доцна за имунизацијата затоа што има време да се стекне имунитетот пред сезонскиот грип -Сметам дека не е сѐ уште доцна, зашто пријавите за сезонскиот грип ги нема во голем број, што значи не е почнат оној бран на заболени од сезонскиот грип. Сосема е доволно времето за да се стекне имунитет со оваа вакцина во овој период, изјави Николоска. Центарот за јавно здравје ја следи епидемиолошката слика во градот со заболените од корона-вирусот. Последните две недели има намалување на новозаразените, очекуваме така да биде до Нова година. Но, критични ќе бидат празниците и закота се постојани апелите да нема собирања и групирања. -Притисокот од новозаразени е намален. Ако неделно имаше по 400 новозаразени, последните 14-ина дена бројката е по 278 и очекуваме да се намалува до крајот на месецов. Но, критични ќе бидат празниците и закоа апелирам да нема собирања, групни славења, ниту собирања по викендици за да може да очекуваме намалувања на новозаразени, апелира директорката на прилепскиот Центар за јавно здравје, Драгица Николоска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лицеНервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице.СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село. Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село. За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и потоа да се претстават како жртви. Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив. Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Таа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаРКЕ: Драстичен пад на горивата, дизелот поевтинува за 8, бензинот за 4 денари Од полноќ нови цени на горивата. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4.8.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот намалувањето е за 7,151%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313%. Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 87,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг. Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: бензините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Нова патека и нов ски лифт на МихајловоГрадоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, во телевизиско гостување најави значајни инвестиции во развојот на ски-центарот Михајлово.-Нова патека и нов ски лифт во зимскиот ски-центарот Михајлово, најави првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook