Прилепска пиварница го проширува дистрибутивниот центар во Идризово

Во населбата Идризово денеска беше означен почетокот на изградбата на нов дистрибутивен центар на Прилепска пиварница во Скопје. 

Новиот објект ќе се простира на 5.040 метри квадратни на парцела од 11.500 метри квадратни која се наоѓа веднаш до веќе постоечкиот објект на Прилепска пиварница.

За изградба на објектот Прилеска пиварница ќе вложи 3,5 милиони евра сопствени средства, а во него ќе се вработат 32 лица од различни профили и со различен степен на образование.

Според најавите од претседателот на УО на Прилепска пиварница Кирил Самарџиоски, се очекува објектот да биде готов до крајот на годинава и во него да се вработат од 30 до 35 лица од непосредната околина.

- Земјиштето на кое се гради објектот беше земјоделско земјиште кое го купивме од приватни сопственици. Сите кои ги прашавме за совет ни рекоа дека ќе ни треба најмалку една година за да се пренамени во градежно земјиште. Сепак, кога отидовме кај градоначалникот на општина Гази Баба тој ни рече завршете ги започнатите процедури за купопродажба, а за најмногу два месеца ќе добиете градежна дозвола. Така и се случи, рече Самарџиоски.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека секој ден кога нешто се гради за него е празник, бидејќи, како што рече, само така може да се развива економијата на државата.

- Прилепска пиварница за 10-тина години двојно го зголеми производството и практично направи добра показна вежба како се брендира производ и како се позиционира компанија. Нивната нова инвестиција е во функција на индустријата, а не на градежништвото, бидејќи објектот што се гради треба да овозможи поголем пласман на нивните производи, рече Анѓушев.

Тој нагласи дека трговијата, земјоделството, индустријата и градежништвото се главни генератори на раст на БДП и додаде дека единствен и најстабилен критериум за раст на БДП е индустријата, зашто дава долгорочен резултат.

- Краткорочен позитивен импакт на БДП има градежништвото, но доколку проектите се нефизибилни, прави долгорочни проблеми ако нема како да се вратат парите. Оваа Влада ќе биде посветена само на физибилни проекти. Посебно важно е ако градежништвото се заснова на приватни проекти каков што е овој, и затоа без никаква резерва ќе ги поддржуваме и охрабруваме да настануваат, потенцира Анѓушев.

Најави дека економскиот тим на Владата ќе го разгледа проблемот со акцизата на пивото и ќе се обиде да најде решение во интерес на сите.

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски порача дека нивната визија е општината да биде индустриски најразвена во земјава и додаде дека новиот објект на Прилепска пиварница е од исклучителна важност за локалната екномија, но и како порака за наредните вложувања.

- Како општина и понатаму ќе бидеме верен партнер на сите идни домашни и странски инвеститори кои ќе сакаат својот бизнис да го пласираат и прошируваат на наше тло, а со тоа директно ќе влијаат на развивањето на општината и на намалувањето на невработеноста, рече Георгиевски.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер