Прилепчанецот Јошески тврди дека брисот му бил изгубен, надлежните негираат

Може ли да се изгубат брисевите од тетсирањата за Ковид 19.. Граганин од Прилеп тврди дека неговиот и уште стотиона тестови биле загубени, а тој денеска повторно бил тестиран.

Околу 140 брисеви земени минатата недела се загубени, а на граѓаните им се вели дека примерокот не е доволен за испитување, тврди прилепчанецот Мартин Јошески, кој 20 дена е во самоизолација, а речиси 10-тина чека резултати за да дознае дали е заболен од КОВИД 19. Тој за Канал 5 вели дека негови приватни контакти од Институтот за јавно здравје му кажале оти не знае каде е неговиот брис, иако бил примен во лабораторија.

Јошески додава дека е запрепастувачки самото испитување да трае толку долго, и апелира до надлежните, резултатите од тестовите граѓаните мора да ги добиваат на време.

Од Министерството за здравство за КАНАЛ 5 велат дека досега не се случило да се загубат брисеви. Од Центарот за јавно здравје Прилеп пак информираат дека не се случило во еден или во два дена да се земат 140 брисеви, а брисевите до Институтот за јавно здравје навреме се доставуваат, се наведува во одговорот од министерството за здравство.

Загубени примероци немало ниту во главниот град, дециден е Директорот на Центар за јавно здравје во Скопје, Арбен Зибери. Но, дел од резултатите сепак доцнеле поради празничните денови.

Центрите за јавно здравје низ Македонија, меѓудругото ги земаат и доставуваат брисевите до лабораторија. Во последното деноноќие направени се над 600 анализи, а само во Институтот за јавно здравје се испитани околу 400 примероци.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер