3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
ЗабаваПрилеп е подготвен за карневалот „Прочка 2024“, се очекуваат околу 500 учеснициВо Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде отворена традиционалната изложба на маски што ги изработија основните и средните училишта во градот. Со изложбата почнуваат и свеченостите за годинашниов прилепски карневал „Прочка 2024“. Организатори на Карневалот се прилепската локална самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“. На изложбата ќе бидат прогласени и наградени најдобрите поединечни и групно изработени маски. Карневалските свечености продолжуваат и утре, сабота. Во центарот на Прилеп, на платото кај Градскиот саат здружението на жени „Преродба“ ќе го претстави обичајот за „Велики поклади- Прочка“, „Амкање“. Обичајот ќе биде изведен во автентичен амбиент, привлечен за минувачите, кои во тој период ги има многу, како прилепчани, така и гости, а настанот ќе биде збогатен со настап на младите уметници Марко и Антонио, дел од етно составот „Пиреј“. Во текот на денот во Старата прилепска чаршија ќе продефилираат мечкарите кои ќе ги канат касапите и занаетчиите на карневалот и на посниот ручек – грав, в понеделник. В недела напладне, на Прочка, во центарот на Прилеп е главното карневалско дефиле на маските кое ќе го предводи автентичната, од министерството закултура порогласена за нематеријално културно наследство, маската – Прилепски мечкари. На Карневалот се очекуваат околу 500 учесници со поединечни и групни маски, а стручно жири ќе ги прогласи најдобрите. Поканети се учесници и од речиси сите краишта на Македонија. Поради Карневалот, угостителските објекти во викендот ќе имаат продолжено работно време. Поканети се сите фотографи да учествуваат зашто ќе бидат наградени и најдобрите фотографии од карневалот „Прочка 2024“. В понеделник, здружението „Прилепски мечкари“, ги поканува сите гости и посетители на заеднички посен ручек во манастирот „Свети Ѓорѓија“ кај Прилеп со што се заоркужуваат карневалските свечености.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБуџетскиот ребаланс пред пратениците: „Заглавен“ под 224 амандмани и тешки критикиСо 224 амандамани почна собраниската комисиска расправа по ребалансот на Буџетот за 2026 година.Со над 220 амандамани почна собраниската расправа по ребалансот на Буџетот за 2026 година. Дополнувањето на Буџетот е резулатат на засилени капитални инвестиции, инфраструктурни прокети и намалувањето на акцизите на горивата, предизвикано од глобалната економска неизвесност – рече министерката за финансии Димитриеска Кочоска во експозето пред пратениците. Најголем дел од расходите одат кон капитални инвестиции, кои се зголемуваат за околу 95 милиони евра, а ќе бидат насочени кон инфраструктурни проекти како изградба на коридорите 8 и 10 Д, железничката инфрастурктура, енергетиката, животната средина и локални проекти. А со ребалансот вели ќе се обезбеди и редовна исплата на плати, почитување на колективните договори и навремена исплата на пензии. „Како одговорно министерство за финансии наша обрвска е навремено да реагираме и да ги усогласиме буџетските прокеции со реалните економски движења, притоа обезбедувајќи средства за исполнување на законските обврски, поддршка на граѓаните и продолжување на инвестицискиот циклус...Исто времено остануваме посветени на долгорочната фискална консолидација со намалување на дефицитот и одржување на јавнито долг на одржливо ниво. Буџетскито дефицит од како и обврските за отплата на долгот ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување. “-- Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии клип. За опозицијата владините прокеции се целосно промешени. Според нив ребалансот не носи ништо добро за граѓаните, носи само зголемен дефицит и истиот според СДСМ е дебакал на економските политики на Владата.... „Ова не е фискална консолидација ова е едно фискално одложување... а јавниот долг е блиску горната граница .... “ - Сања Лукаревска – пратеник СДСМ . Со ребалансот буџетски дефицит е околу 750 милиони евра или 110 милиони евра повеќе во однос на првичниот буџет, односно од сегашните 3,5 на 4,1% од БДП... Економски раст пак е проектиран на 3,5%, додека инфлацијата се очекува да изнесува 4,5%, што претставува благо зголемување во однос на првичните проекции, под влијание на надворешни ценовни притисоци и цените на енергенсите на светските пазари. Тагови: Буџет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаРеконструкција на „Илинденска“: Мицкоски го праќа списокот со 8 нови министри во СобраниеСписокот со новиот владин кабинет е стокмен и во текот на денот од „Илинденска“ откако ќе бидат комплетирани биографиите на новите министри, ќе биде испратен во Собрание, потврди премиерот Христијан Мицкоски.Листата брои 8 нови министри во Владата, максималниот број за да бидат избрани во процесура за реконтрукција, но веќе е извесно дека во текот на овој месец ќе има и предлог за уште еден нов минстер без ресор од редот на ДПТ откако партијата се догтовори да биде дел од колаицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Копретседателот на Вреди, Биљал Касами во вчерашното „Само интервју“ кажа дека тие се задоволни од новата прераспределба во Владата и Откри дека во разговорите со премиерот Мицкоски тие барале да ги преземат ресорите правда и односи меѓу заедниците, за, како што рече, да можат подобро да ги застапуваат интересите на албанските граѓани. очекуваат професорот Јетон Шасивари како натпартиско решение добро да се справи со функцијата во правда, а приоритетно ќе биде решавањето на прашањето за полагање на правосуднито испит на албаснки јазик. -Досегашниот министер за правда не беше подготвен да реши проблем кој не го решија досега неколку министри меѓу кои и беше Албанец во Владата. - Добро мислите дека персонално е проблемот и ќе биде решението и дека ако биде Албанец министер сега ќе го реши, нели работна група во Владата имаше? – Мислам дека ако збориме за решение кое би било во рамките на минситерството со внатрешните правилници во рамките на постојниот закон, законското решение за правосудниот, прашањето беше едноставно. Ако не го решил претходно некој министер Албанец зошто јас да преземам таква одговорност пред своите гласачи. Така да тоа беше наше барање, ако е таква ситуацијата тогаш ние сме подготвени да се справиме со оваа ситуација затоа што тоа е барање на студентите Албанци,- Билал Касами копретседател на ВРЕДИ и градоначалник на Тетово. По две години влада, Касами односите во владината коалиција ги оцени како коректни, без заткулисни игри, и покрај меѓусебните искри и жестоки тонови кои порано се разменуваа меѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ. -Зборот си е збор, тоа што е договорено се реализира, нема заткулисни игри. Не секогаш се согласуваме за решенијата кои произлегуваат во јавноста но секогаш се дискутира и тоа што ќе договориме, остануваме до крај на тоа. Можам д акажам дека имаме коректен однос и со премиерот и со коалициските партнери и проблемите со кои се соочуваме ги решеваме заемно, изјави Касами. Штом владиниот список стигне до Собрание, спикерот Гаши најави дека ќе закаже пленарна седница за избор на новите министри. Мицкоски ги предлага Сашо Клековски за здравство и Ѓоко Велковски за социјална политика, додека Вреди освен Јетон Шасивари во правда, ги номинира и Седат Сулејмани во култура и Агон Ферати за односи меѓу заедниците. Иван Стоилковиќ го презема министерството за локална самоуправа, а Борче Серафимовски од ЗНАМ ќе раководи со земјоделство. Осмниот нов член на Владата ќе биде Ерџан Демир ќе биде министер без ресор задолжен за инклузија на Ромите, кој доаѓа на местото на Шабан Салиу. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕУ ги пофали реформите, спасени милионите од планот за растЕвроамбасадорот Рокас позитивно го оцени исполнувањето на реформската агенда во јунскиот рок составена од 51 реформски чекор од кои се очекува да бидат завршени 19 во кои влегуваат и 10 со грејс период од лани. Очекувањата на Рокас се дека од 10те реформи со грејс период, за чие неисполнување трајно се губат наменетите европските средства, како што вели, „9 или 9 и половина чекори„ ќе бидат успешно завршени. За квалитетот на спроведените реформи пак, се чека Европската комисија да се произнесе со финалната оценка во септември оваа година. -Морам да кажам дека работевме многу напорно, многу тесно со владата за да ги исполниме, многу сум уверен дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме одличен резултат. Исто така, важно е дека во сите 51 чекори има напредок. Уверен сум бидејќи видов забрзување на реформите,- - Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ . Доколку успешно се завршат 19те реформи, би се ослободил бруто износ од околу 100 милиони евра од Планот за раст, од кои како што прецизираше премиерот, една третина се за ликвидност на буџетот додека останатите се грантови за капитални инвестиции преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Како резултат на исполнети реформи, државава досега добила 142, 1 милион евра, информираа од Министерството за европски прашања. Додека пак во контекст на најавите од Брисел дека Македонија е една од трите земји кон кои би се распределиле европските пари изгубени од земјите од регионот кои не успеале навремено да испорачаат реформи, премиерот вели дека веќе се дискутираат приоритетните области кон кои би се насочиле дополнителните средства. За реформските чекори со грејс период за кои Владата водеше преговори со Европската комисија за нивна корекција, особено оној кој се однесува на либерализација на енергетскиот пазар за кој се стравуваше дека ќе донесе повисоки цени на струјата за домаќинствата, премиерот Мицкоски најави дека веќе е постигнато решение усогласено со Европската комисија, според кое од Нова година, ЕСМ ќе испорачаува максимум 70% од потребната елекетирна енергија кон универзалниот снабдувач - ЕВН Хоум, наместо сегашните 100%. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00