Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции
1Започнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции
3Институциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитет
МакедонијаПријавени 13 кандидати за претседател на ДКСК, ќе се одлучува по локалните избориОд македонското Собрание денеска информираат дека рокот за пријавување за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) заврши и оти се пријавиле вкупно 13 кандидати.-Со оглед на тоа што постапката е прекината, прекината е и административната селекција. Имињата ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на административна селекција на пријавените кандидати. Засега може да го потврдиме само вкупниот број на пријавите, велат од Собранието. До 15 август, кога заврши рокот, десетина кандидатури биле пристигнати до Собранието за јавниот оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Претседателот на Комисијата за прашања на избори и иманувања Ѓорѓија Сајкоски за МИА тогаш посочи дека конечната бројка би се знаела денеска откако ќе пристигнат и оние што се пратени по пошта. Нагласи дека постапката по овој оглас ќе продолжи по 3 ноември, односно по завршување на локалните избори. Во средата на 13 август собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата одржа седница на која ја формира Комисијата за селекција на кандидати за претседател на ДКСК. Формираната Комисија за селекција на кандидатите е составена од седум членови – Илбер Руфати, заменик Народен правобранител, Дарко Аврамовски, претставник на здружение односно фондација назначен за член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа демократија, владеење на правото, односно членот во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество во областа владеење на правото и борба против корупција, Бардил Јашари, претставник на здружението односно фондацијата назначен за член во Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество и пратениците Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, Саранда Имери Стафаи од ВРЕДИ, Митко Трајчулески од СДСМ и Арбана Пашоли од Европскиот фронт. Членовите на Комисијата за селекција се овластуваат да вршат обработка на личните податоци, при што се должни да обезбедат тајност и заштита на податоците согласно Законот за заштита на лични податоци, за што до Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе достават изјави. Собранието на 1 август донесе Одлука за објавување на јавен оглас за избор на претседател на ДКСК откако сега веќе поранешната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинувањата на Обвинителството за гонење организиран криминал и обвиненијата за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.Тагови: ДКСК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапочнува примената на мерит системот во јавната администрација – вработување само според компетенции Почнува примената на мерит системот во јавната администрација – ресорното министерство ја промвираше новата рамка за вработување заснова на заслуги, интегритет и компетенции.. Отсега вработувањата и напредувањата во јавниот сектор ќе зависат од знаењето, реформата на јавната администрација не е успех само кога е на хартија туку кога навистина ќе се спроведе во пракса порача ресорниот министер Горан Минчев. Визијата на министерството, вели е јавна администрација каде вработувањето и напредувањето ќе завистат од знаење и компетенции а институциите ќе располагаат со професионални службеници кои ќе обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. „Новиот мерит интегритет и компетентност базиран систем за вработување, правилникот за работни компетенции на административните службеници и водичот за интегритет, мерит и компетентност, базирано вработување не се само дополнителни документи тие се практични инструменти преу кои законските принципи добиваат своја практична примена. Нивна цел е да им помогнат на институциите да спроведат објеткивна постпка за вработување.“ - Горан Мичев – министер за јавна администрација. Новите алатки ќе обезбедат помалку простор за недозволено влијание, посилни институции и подобри јавни услуги за граѓаните порача шефот на мисијата на ОБСЕ во земјава Килијан Вал, со чија поддршка и партнесртво беше промовирана новата рамка.. „Оваа реформа ги надминува процедурите за вработување. Ова е инвеситција во попрофесионални институции, поголем интегритет, посилна превенција во борбата против корупција, како и подобри услуги за граѓаните.“ - Килијан Вал – шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Со овие реформски алатки, од министерството за јавна администрација, очекуваат да се направи исчекор кон воспоставување на јавен сектор во кој мерит системот не е само законски приницип туку станадард кој ќе се применува во секоја постпка за вработување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеформската агенда се реализира со засилено темпо, уверуваат од владата Владата интензивно работи на реформите кои треба да се испорачаат до крајот на годинава, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Утрово на состанок на оваа тема разговарале со Герт Јан Копман од Директоратот за проширување од Европската Комисија, а од него вели повторно добиле пофалба дека Македонија е на врвот на листата со спроведување на реформската агенда, споредбено со земјите кои имаат исти задачи. Мицкоски повтори дека досега останала само една неисполнета обврска- измена на Изборниот законик. -Пред овој настан имавме онлајн состанок со Брисел, со господинот Копман. Разговараме веќе за оние закони и реформски чекори кои се во грејс период до декември оваа година и коишто се во превидениот рок декември оваа година, така што ние шродолжуваме со несмалена динамика да испорачуваме. Денеска од нивна страна добивме и, условно кажано, одреден комплимент дека сме први од сите земји коишто започнуваат со овие чекори се занимаваат, додека другите се уште немаат таква намера. Така што, со исклучок на Изборниот законик кој не е од познати причини на јавноста, другите чекори се испорачани,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада. И покрај тоа што истече предвидениот рок за Изборниот законик, премиерот уште еднаш ги повика на зрелост лидерите на СДСМ, Левица, ДУИ и останатите опозициски партии, да постигнат консезнус за сите изборни прашања кои треба да се променат во иднина. Владејачката коалиција според него има усогласен став дека ќе даде бланко поддршка на се што тие ќе договорат, со единствен услов, да се олесни начинот на гласање на дијаспората. Но, во меѓувреме опозициските партии се обвинуваат меѓусебе за тајни договори со власта со цел да нема промена на изборните правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнституциите во функција да се спречи ширење на епидемијата во Гостивар, заседаваше повторно и Управувачкиот комитетПо прогласувањето на кризната состојба во Гостивар, кризниот штаб и денеска заседаваше, состанокот им заврши пред неколку минути. Според информациите, на маса биле дополнителни мерки како да се намали дополнително бројот на заразени граѓани и да се помогне на гостиварчани. Воедно се тема биле и количините на вода кои се потребни да се испратат во градот, а Кризниот штаб е и во постојана координација со експертите од Скопје кои се на терен и работат на санацијата, кои имаат цел првенствено водата да ја вратат како технички исправна, а набргу и за пиење. Соопштението со прецизните мерки се очекува набргу. Тоа што се случува во Гостивар е трагедија и тука мора да има сериозна одговорност, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Канал 5, кој посочи дека екипите на скопски водовод се веќе на терен и работат на тоа гостиварчани што побргу да си ја добијат водата назад. -Најпрво да се овозможи технички исправна вода, и целиот процес да го овозможат таму и ќе останат до крај на процесот, дел од нашите вработени за да помогнат таму. Дополнително ќе работиме и ќе помагаме во делот и питка вода да се обезбеди, но прво мораме технички исправна вода да обезбедиме на населението, а дотогаш како претседател на ЗЕЛС, повикав, освен Владата онаа сериозна помош која ја дава во Гостивар, повикав и останатите градоначалници од државата да се приклучат со обезбедување на вода и веќе денеска мислам дека неколку цистерни ќе бидат присутни таму како поддршка,- Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје. Од АХВ пак за Канал 5 велат дека до крајот на денот или евентуално утре изутрнина ќе се знаат и резултатите од новите мостри за квалитетот на водата во Гостивар, кои треба да покажат дали состојбата се подобрува. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook