Пријатели на Арон Картер укажуваат на негово можно убиство - Канал 5

Пријатели на Арон Картер укажуваат на негово можно убиство

По мајката на починатиот млад пејач Арон Картер, и блиски пријатели на пејачот истакнаа дека веруваат оти неговата смрт треба да се истражи како можно убиство, објави „Пејџ 6“ (Page Six).

Пријатели на Арон Картер укажуваат на негово можно убиство

- Тој секогаш би бил параноичен кога луѓето го прогонуваат или некој трча по него! Не би сакал да покажувам со прст, но некои работи не се поклопуваат, изјави Брајан Кесиди, близок пријател на Картер последните три години од неговиот живот.

И Морган Метјуз, поранешен менаџер на пејачот, тврди дека Картер често бил „со погрешни луѓе“ и честопати пројавувал „параноја“. Тој тврди и дека Картер велел дека луѓе го следат и дека треба да излезе од градот. Додаде и дека затоа неговата куќа била на продажба.

Џејн Шнек, мајката на Картер, во објава на Фејсбук, проследена со слики од местото на смртта, на 1 март напиша дека „сѐ уште се обидува да добие соодветна истрага“ за смртта на нејзиниот син. Таа вели дека истражителот „веќе го запишал“ случајот како „случајно предозирање“ и не допуштаат друга можност, поради борбите на Картер со зависностите во минатото.

„Погледнете ги фотографиите. Ништо од ова не е земено од полицијата. Но, им дозволија на луѓето да влегуваат и излегуваат, иако многу информации за потенцијално убиство можеби се тука со години. Арон имал многу смртни закани и многу кои му го загорчувале животот“, додаде Шнек.

Арон Картер беше пронајден мртов во својот дом во Калифорнија (САД), ноември 2022 година, опкружен со лименки со компримиран воздух и шишенца со апчиња на рецепт. Toj имаше 34 години. Официјалната причина за смртта допрва треба да се утврди. Иследниците досега ја отфрлат можноста за давење оти, по наводите - не е пронајдена вода во белите дробови на поранешната тинејџерска музичка ѕвезда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајков: Италија е значаен партнер во европскиот реформски процес

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери и заменикот амбасадор Морено Зела, заменик-шеф на мисијата во Италијанската амбасада во Скопје.

Трајков: Италија е значаен партнер во европскиот реформски процес

Во фокусот на средбата беа реформите што Македонија ги реализира во рамки на Реформската агенда 2024–2027, како и тековните активности на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди.

Заменик-министерката ги презентираше реализираните реформи и приоритетите за следниот период, истакнувајќи дека институционалната посветеност и конкретните резултати се од особено значење за напредокот во процесот на европска интеграција.

Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на соработката и за искористување на искуствата и експертизата на Италија во областите релевантни за реформската агенда.

Беше потврдена заедничката определба за продолжување на отворениот дијалог и институционалната соработка во интерес на европската перспектива на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Освојувачка на Вимблдон суспендирана до 2030 година сега ужива на Бали !

Чешката тенисерка Маркета Вондроушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, доби четиригодишна суспензија поради одбивање на допинг-тест надвор од натпреварување во декември 2025 година. 

Освојувачка на Вимблдон суспендирана до 2030 година сега ужива на Бали !

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот ја објави одлуката на 22 јуни 2026 година, а суспензијата трае до 21 јуни 2030 година. Во меѓувреме, Вондроушова поднесе жалба до Судот за спортска арбитража, кој во август потврди дека ја примил нејзината жалба.

Причини за суспензијата Вондроушова објасни дека одбила да даде примерок бидејќи во тоа време била под значителен физички и психички стрес. Таа изјави дека службеното лице за тестирање пристигнало околу 20:00 часот и дека, поради околностите и – според нејзините зборови – недоволната идентификација, стравувала за својата безбедност.

Независен трибунал не ги прифати овие аргументи како доволно оправдување за одбивањето на тестот. За време на суспензијата, на Вондроушова ѝ е забрането да се натпреварува, да тренира играчи или да присуствува на официјални турнири под покровителство на ITF, WTA, ATP, Грен слем турнирите и националните федерации.

Додека го очекува исходот од својата жалба, Вондроушова слободното време го поминува на Бали. Таа објави фотографии од одморот на социјалните мрежи, вклучително и некои во бикини.

Овие слики особено ги истакнуваат бројните тетоважи на нејзиното тело – по кои чешката тенисерка е позната – како и нејзината одлично дефинирана фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Само околу два месеца по последниот ребаланс, Мицкоски повторно најавува можност за ново прекројување на народната каса. Нема пари. 

СДСМ: Мицкоски призна - следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Мицкоски признава дека има помалку пари од приходи, дека се зголемува дефицитот.

Обидот целиот буџетски проблем да се оправда со намалениот ДДВ за горивата е класична манипулација. Владата не се откажа од акцизата и не го намали ДДВ на горивата на 5%. Проблемот е многу поголем.

Затоа дефицитот на крајот на годината ќе биде над 900 милиони евра!

Претседателот Филипче веќе со месеци предупредува дека состојбата со државата каса е катастрофално лоша поради арамиските политики на Мицкоски и дека буџетската дупка се зголемува.

Тотален дебакл на сите економски политики на Мицкоски.

Очигледно следува нов ребаланс а со тоа со сигурност и ново задолжување, нов арамилук врз грбот на народот.

Сè што најавивме се случува. Задолжувањето од 1,3 милијарди евра е веќе на хартија.

За две години оваа власт го задолжи народот со 4 милијарди евра. Половина од долгот на државата во изминатите 35 години арамијата го направи за само 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то.

Долговите растат а пари за поголеми плати и пензии нема. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО и арамијата Мицкоски.

Скопје, 01.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер