Приходите од продажба на градежно земјиште во Кочани повисоки за околу 30 отсто од планираните

 За една третина повисоки приходи во однос на планираните од продажбата на државно градежно земјиште остварила Општина Кочани во првите шест месеци од годината.

Зголемувањето на приходите беше причина општинскиот Совет да изгласа позитивен ребаланс на буџетот, со што ќе се овозможи навремена реализација на планираните инвестиции во комуналната инфраструктура.

Од Локалната самоуправа нагласија дека порастот е остварен со продажба на плацови за објекти за индивидуални куќи, но значителен дел е и од парцели за згради за колективно домување.

– Планираните средства од продажбата на градежно земјиште во буџетот на Oпштината за оваа година изнесуваа 10,5 милиони денари, а до крајот на јуни ние веќе остваривме 13,4 милиони, што значи дека приходната страна по овој основ е веќе исполнета. Очекуваме до крајот на годината да продадеме нови градежни парцели, со што ќе се остварат дополнителни приходи, а пред Советот на општината во текот на оваа есен ќе поднесеме предлог за уште еден позитивен ребаланс на буџетот, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Интересот за купување државно градежно земјиште особено е изразен за парцели за викенд куќи, како и за објекти за хотелско сместување на Пониква, додека нешто помал е за плацови за индивидуално домување во градот.

Според градоначалникот Илијев, забележана е негативна појава во која дел од купувачите поради лични причини подолг период не започнале да градат и се откажуваат од сопственоста, при што бараат Општината да им врати 80 отсто од уплатената вредност при купопродажбата на парцелите.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер