Други спортовиПрием за пливачот Стојаноски во Агенцијата за млади и спорт По освоениот медал на Светското првенство за пливачи со оштетен слух во Сан Антонио, САД од страна на Андреј Стојаноски, денеска Агенцијата за млади и спорт одржа прес конференција на која беше поздравен неговиот успех. Според директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, Андреј е врвен македонски спортист со одлични резултати. - Андреј Стојаноски е во групата врвни македонски спортисти и притоа има континуитет на врвни резултати. Во неколку наварти Стојаноски го освојуваше четвртото место, а ова сега е негов најдобар резултат. Тој е носител на стипендија од светска категорија и со овој резултат ја потврди и за следните четири години. Ова е огромен успех и за неговиот тренер, кој истотака ќе добие и еднократен надоместок. Поддршката од Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи, а учеството на ова натпреварување беше помогнато со 250.000 денари, истакна Спасески. За освојувачот на медалот Андреј Стојаноски среброто била голема желба на натпреварот во Сан Антонио. - Ова беше тежок натпревар, а сребрениот медал беше голема желба. Во иднина ќе тренирам и се надевам дека ќе освојам и златен медал, потенцира Стојаноски. Пливачот Стојаноски беше учесник на четири финални трки, а среброто го освои во дисциплината 1.500 метри слободно, додека на 400 слободно беше петтопласиран, на 200 слободно беше осми, а седмото место го освои во дисциплината 400 метри мешано. Стојаноски и неговиот тренер Марјан Соколовски за време на претстојот во САД имаа голема помош од поранешниот пливач и олимпиец на Македонија Кире Филиповски. Инаку, соработката меѓу Стојаноски и Соколовски трае 12 години. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин", инвестиција од 5,99 милиони денариОпштина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин" се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри.Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ефикасна фасада на училиштето „Кирил и Методиј", следно е спортската сала во училиштето „Коле Неделковски" и „Гоце Делчев“, а во тек се и санации во ООУ „Димитар Миладинов", рече градоначалникот Герасимовски. Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува со континуираниот процес на подобрување на инфраструктурата во училишните и предучилишни установи на својата територија. Со почит, Одделение за односи со јавност Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија - исто како и неговиот шеф!Орце Ѓорѓиевски, еден од најблиските соработници на Мицкоски, исто така е на екскурзија.Како што шефот ја води државата, како на екскурзија, така и Орце го води Скопје - место каде што главна активност се тендерите. Сѐ уште нема одговор: • Колку чинеше AI-решението за билбордот? (Веруваме дека е поскапо од вообичаено, бидејќи коњот на билбордот има пет нозе). • Која фирма го работеше? • Дали таа фирма има врска со Орце? • Како е можно билборд што треба да го промовира Скопје повеќе да го промовира Белград и Храмот Свети Сава? Нема одговор ни за водата. Не знаеме што покажа дронот што од воздух ги испитуваше Лепенец и Вардар - кој ги загади реките? Единствено што добија граѓаните од Орце е апел да си го чистат градот од ѓубре, затоа што тој не е способен да го направи тоа. Тоа е сѐ што доби Скопје од Орце Ѓорѓиевски: екскурзии, скапи AI-билборди со петножни коњи, промоција на Белград и апел граѓаните сами да си го чистат градот. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09