Причини поради кои жените ги напуштаат своите партнери (фото) - Канал 5

Причини поради кои жените ги напуштаат своите партнери (фото)

Овие понижувачки искуства ставиле „точка“ 

Причини поради кои жените ги напуштаат своите партнери (фото)

Дали би толерирале вакво однесување?

Една неодамнешна анкета спроведена од американскиот „Базфид“ (Buzzfeed) побара од своите читателки да ја споделат последната капка што довела до крај на нивните врски или бракови. Одговорите открија потресни и понижувачки искуства. Еве дел од нивните приказни:

Недостаток на поддршка за време на породувањето

Една жена го опишала своето искуство при породувањето додека нејзиниот партнер повеќе внимание посветил на кошаркарскиот натпревар на телевизија отколку на доаѓањето на нивното дете. Следниот ден, по враќањето од болница, тој не покажал грижа за нејзиното здравје, туку едноставно, прашал што има за вечера. Недостатокот на емпатија и поддршка го означил крајот на нивната врска.

Имотот како приоритет

Друга жена споделила искуство со нејзиниот сопруг на кого автомобилот му бил поважен од нејзиното здравје по речиси фатална сообраќајна несреќа. Иако биле во брак скоро четири години, сопругот повеќе се загрижил за возилото отколку за нејзиниот живот.

Срам поради изгледот на жената и манипулација

Во својата вознемирувачка исповед, една жена открива како нејзиниот партнер ѝ вршел притисок да ослабне така што славеничкото крстарење кое би требало да биде подарок по повод нејзиното дипломирање, било условено со губење на нејзините килограми. Ваквата емоционална манипулација и срамот поради изгледот на партнерката, довеле до крај на нивната врска.

Неверство и злоупотреба на животни

Една жена ја опишала љубомората и недостигот на доверба кај своето поранешно момче кој измислил приказна за повредена мачка за да ја спречи да поминува време со пријателите. Ова променливо однесување, заедно со сомнежот, на крајот ја навеле да ја прекине врската. Дополнително, друга жена забележала дека нејзината мачка се плаши од однесувањето на нејзиниот партнер, што укажувало на потенцијално злоставување во нејзино отсуство. Ваквото разоткривање го поттикнало крајот на нивната врска, бидејќи таа ја ставила на прво место благосостојбата на своето милениче и се плашела за сопствената безбедност.

Недостаток на поддршка при здравствени проблеми

Посебно вознемирувачки бил случајот на една жена која пред операцијата речиси не добила поддршка од својот партнер, кој бил зафатен играјќи видеоигри на својот телефон. Тој ја оставил сама да се справи после изведената интервенција и покрај медицинските препораки за постоперативна нега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! 

Анима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!

Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност!

Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме?

Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен.

Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови.

Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон!

БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ!

Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка.

Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот.

Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа

Кавги, дофрлања, навреди, аплаузи и бројни процедурални забелешки – хаотична седница во Собранието откако спикерот Гаши констатираше дека опозициските пратенички прашања нема да се одржат.

Поради барања за паузи, закажаните опозициските прашања во Собрание за првпат не се одржаа

Неговата одлука следи по двете побарани едночасовни паузи, со што според него било потрошено предвиденото време за поставување на прашања.

Повикувајќи се на деловникот, Гаши рече дека времето почнало да тече откако е усвоен дневниот ред, а според опозициските партии тој со свое толкување ја саботирал седницата.

За да се смират тензиите Гаши свика вонредна координација. Ова е прв случај да не се одржат опозициските прашања откако се воведени со новиот Деловник на Собранието.

На почеток првата пауза ја побараа од ДУИ бидејќи министрите за кои имале прашања не биле присутни во салата, а втората пауза ја побараа од ЗНАМ со образложение дека, со барањата за паузи опозицијата досега не покажала интерес за прашања до премиерот и министрите.

Според претседателот на Собранието, денеска сите министри се одзвале на поканата, освен тие кои се на службени патувања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

Денеска сакам да ве известам за две работи.

Стојаноски: СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

Прво, СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка.

По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение.

Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме.

Тоа што тие го правеа изминативе денови, со фабрикувани лаги во јавноста, кои вчера им се распрскаа, повторно укажуваме дека сакаме да се свика и да се продолжи надзорната расправа, за да продолжиме дополнително со разјаснувањето на фактите кои исклучително ја прикажуваат вистината.

Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци.

Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши.

Втората работа е дека опозицијата, особено СДСМ, прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања.

Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината.

Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието.

Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања.

Овие два преседани сметам дека се невидени.

Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство.

Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните.

А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница, рече Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер