Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
МакедонијаПри тестирањето на камерите во Скопје за само два часа биле регистрирани 5.000 прекршоциРечиси нема раскрсница во Скопје каде што не се работи на инфраструктурата за новите камери-радари кои конечно треба да стават ред во хаотичниот и небезбеден сообраќај во главниот град. Се ближи ли крајот на сообраќајното дивеење во Скопје? ... Дел од булеварите и улиците во метрополата веќе добиваат „нови очи“ кои ќе ги ловат несовесните возачи, ноќните тркачи по улиците и сите оние кои го загрозуваат својот и животот на околината на било каков начин... Овој булевар е еден од оние на кои се вози најбрзо, а често не се почитува ниту црвеното светло на семафорите, па во недостаток на полиција и радар, камерите ќе ги документираат овие прекршоци. Од МВР засега не откриваат премногу што се ќе се казнува, бидејќи законот за камерите треба да ја заврши потребната собраниската процедура. Она што е засега познато е дека клучен ќе биде сегментот за брзото возење и поминување на црвено. Сепак, според некои информации, се бара модалитет се бара модалитет да се казнува и за не носење на појаси, лошо и опасно престројување, непочитување на сообраќајните знаци. „Новите камери кои се поставуват во Скопје се дел од проектот „Безбеден град“ кој има за цел зајакнување на сообраќајната безбедност. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект, јавноста ќе биде соодветно известена“ – велат од МВР и тоа е засега сѐ што откриваат. Во последниот период сме сведоци на се повеќе сообраќајни несреќи, некои за жал и со трагични последици. Граѓаните кои ги анкетиравме велат по улиците чувствуваат повеќе страв отколку безбедност, па ова решение, доколку се спроведе како што треба и функционира добро, тогаш ќе биде полн погодок. Налетавме и на оние кои полагаат и допрва треба да станат дел од сообраќајот. Велат веќе ја чувствуваат тензијата на скопските улици, а додека возат градски часови, често и им свират, оти биле преспори Камерите веќе подлежеа на тестирање, а тоа го кажа минатиот месец техничкиот министер за внатрешни работи – Панче Тошковски. Канал 5 дојде до информација дека во време на тестирањето во само неколку часа биле забележани повеќе илјади сериозни прекршоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
СудбинаТурист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)Она што требаше да биде возбудлива авантура се претвори во кошмар за турист од индиската држава Карнатака, откако паднал од висина од речиси 12 метри додека се возел со жичарница во одморалиште во Дандели.Инцидентот се случил кога, според семејството, безбедносниот механизам откажал, објавува NDTV. Видеото се појави на мрежите Туристот, идентификуван како К. С. од градот Виџајапура, претрпел повеќекратни скршеници во рацете и нозете откако ја изгубил заштитата на средина од возењето и паднал на земја. Страшниот инцидент бил снимен со камера, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи. 🚨 HORRIFYING ACCIDENT: Zipline Cable Snaps at Dandeli Resort 😱🛑 A terrifying video has surfaced capturing the exact moment a tourist fell from a dangerous height of 30–40 feet after a zipline lock broke mid-ride. Here is what you need to know about the incident: 📍 WHERE… pic.twitter.com/rNBi6grq0l — ViralDecoder (@ViralDecoder) July 19, 2026 Според семејството, безбедносната сопирачка на жичарницата „попуштила“, додека К. С. висел во воздух, по што се струполил на земја. Семејството го обвини менаџментот на одморалиштето за небрежност, тврдејќи дека опремата „не била правилно одржувана“. Бараат одговорност од менаџментот Повредениот маж прво бил однесен во Владината болница во Дандели, по што бил префрлен во болница во Виџајапур. Поради потребата од специјализиран третман, тој подоцна бил префрлен во Мираџ, каде што бил згрижен. Семејството бара одговорност од менаџментот на одморалиштето, тврдејќи дека „несреќата можела да се спречи“ со редовно одржување на опремата и соодветни безбедносни проверки.Тагови: туристот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26Обвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
ЕвропаЖена била избодена за време на молитва во црква Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска.Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска, за време на рецитирањето на бројаницата, непосредно пред мисата во 10 часот наутро. Таа била во главната црква кога била нападната, објавува RTE, по што била однесена во Универзитетската болница Вотерфорд со сериозни, но не опасни по живот повреди. 🚨 IRELAND A woman in her 50s has been STABBED this morning on the altar inside Holy Cross Church in Tramore, Waterford Gardaí have arrested a MAN in connection with the attack 📸 WLFRM pic.twitter.com/V2aytEio7a — Catholic Arena (@CatholicArena) July 21, 2026 Полицијата уапсила маж во 30-тите години во блиската куќа и му бил запленет нож. Тој моментално е во притвор во полициската станица во округот Вотерфорд. Парохискиот свештеник, отец Ричард О'Халоран, потврди дека еден верник е повреден во нападот. Епархијата Вотерфорд и Лизмор изјави дека е „длабоко шокирана од насилниот инцидент“ што се случил за време на службата, со порака за поддршка на повредената жена и благодарност до верниците кои помогнале „за време на овој ужасен настан“. Истрагата е во тек, според ирската телевизија.Тагови: Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)Две жени и тројца мажи се удавија во американската држава Охајо.Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс. Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните влегол во реката да плива“, рече шерифот Џефри Балцер. Детето истрчало на патот и запрело автомобил Кога пливачот почнал да се бори да остане на површината, двајца други возрасни се обиделе да му помогнат, но самите почнале да тонат. „После тоа, уште двајца возрасни се обиделе да ги спасат, пред сите петмина да исчезнат во реката“, им рече Балцер на новинарите на прес-конференција. „Не е невообичаено едно лице да почне да се дави, а други да се обидуваат да го спасат, иако немаат потребни вештини, па затоа завршуваме со повеќе смртни случаи“, нагласи шерифот. Властите беа известени за несреќата откако едно од двете деца истрча на блискиот пат и го запре автомобилот. На возачот му беше кажано дека „неговото семејство е удавено во реката“. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и брзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата. Набргу потоа, тие беа прогласени за мртви во блиската болница. Телата на тројцата исчезнати мажи беа пронајдени следниот ден. Шерифот рече дека двете деца, и двете под десетгодишна возраст, биле згрижени од локалните служби за заштита на деца по трагедијата.Тагови: Охајо удави Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter