Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала - Канал 5

Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Културниот симбол на Скопје -Универзалната сала ќе добие нов модерен изглед, но за почитување на колективната меморија на скопјани ќе ја задржи постоечката форма.

Презентирано визуелното решение за новата Универзална сала

Архитектот на објектот Бујар Муча посочи дека е задржан и концептот на гледалиштето и влезовите во салата. Промената е во бројот на седишта, односно наместо досегашните 1500, сега ќе има 1200, што Муча објасни дека е поради задоволување на новите безбедносни стандарди во случај на евакуација, како и за зголемување на комфортот на публиката и проширување на сцената.

Новина е и што во салата освен театарски претстави, ќе може да се прикажуваат и филмови. Муча нагласи дека особено значење се дало на аукустиката, со оглед на големиот број стамбени објекти во близина.

- Аукустиката , всушност буката која што ја ствара Универзална сала кога работи, затоа што во меѓувреме се изгради сериозно парче од тој дел од градот е веќе стамбена зона и моравме уште еднаш да направиме ревизија на таа акустика и сега веќе објектот нема да пречи на жителите. Инаку се што можеше да се промени во однос на сценска техника, она што застарува побргу,се е променето. - Бујар Муча – архитект

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков при презентација на новото визуелно решение за објектот, најави дека изградбата по системот „клуч на рака“ е планирано да започне на почетокот на октомври, по завршување на постапките за избор на изведувач и надзор. Треба да биде готова до крајот на 2027 година, а реконстукцијата која ќе чини околу 20 милиони евра.

-Сите знаеме дека ова не е само објект, ова е инвестиција во културата, ова е идентитетот и иднината на Скопје и Универзална сала ќе биде симболот на модерно Скопје, симбол на креативност, заедништво и ќе биде достапен за сите граѓани- Зоран Љутков- министер за култура и туризам

Проектот за реконструкција на Универзалната сала беше заглавен речиси три години, по што Министерството за култура ги презеде ингеренциите за завршување на градежните работи од градот Скопје. Во меѓувреме објектот беше зафатен од пожар, по што беше изработен нов елаборат. Арихетот објасни дека биле констатирани искривувања на врвот од куполата кај секундарните носачи, што ќе биде целосно санирано при обновата. Љутков кажа дека по завршувањето на градежните работи објектот ќе биде вратен во владение на Градот Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Премиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. 

Премиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресии

Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии.

Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот.

Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска.

Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост?

Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете.

Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва?

„Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ.

Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“.

Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата.

Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери.

Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација.

Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Според УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер