Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
2Не од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
КултураПрезентирани скулптури од првата Вајарска колонија „Моклиште 2024" во Музеј галерија Кавадарци Скулптури изработени за време на првата Вајарска колонија „Моклиште 2024", на која учествуваа вајари од земјава и странство, беа презентирани попладнево во Музеј галерија Кавадарци.Скулптури изработени за време на првата Вајарска колонија „Моклиште 2024", на која учествуваа вајари од земјава и странство, беа презентирани попладнево во Музеј галерија Кавадарци, во рамките на традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација „Тиквешки гроздобер". Колонијата беше под покровителство на оваа културна установа и кавадаречката локална самоуправа. Директорот на Музејот, Јаким Зимоски изрази задоволство поради изложбата на која учествуваа реномирани автори. Тој најави дека во иднина во соработка со локалната самоуправа, треба да се определат локации за овие скулптури. Трајче Цветков, виш кустос историчар на уметност во музејот, рече дека станува збор за навистина исклучителен настан, на кој се презентираат скулптури изработени во безвременски материјали, дрво и метал. - Откриваме колекција на скулптури што ја отелотворуваат хармоничната интеракција помеѓу органското и индустриското. Овие вајарски дела не само што ја прикажуваат техничката вештина на уметникот, туку и покануваат да ги истражиме подлабоките врски помеѓу природата и човечката изработка, истакна Цветков. Тој подвлече дека скулпторите маестрално ја доловија топлината и текстурата на дрвото како и цврстината и крутоста на железото. - Овие скулптури елоквентно ја доловуваат напнатоста и рамнотежата помеѓу природниот свет и вештачкото. Делата предизвикуваат чувство на движење и трансформација, како материјалите да се вклучени во динамичен дијалог кој постојано се развива. Способноста на уметникот да ги спои овие елементи создава визуелно и тактилно искуство кое истовремено е заземјувачко и оживувачко, посочи тој. Притоа порача додека се разгледува изложбата, да се забележат сложените детали и внимателната интеракција помеѓу материјалите. - Секоја скулптура е доказ за длабокото разбирање на уметникот за вродените својства на дрвото и металот и нивната способност да создадат кохезивен и привлечен наратив преку нивниот контраст и синергија. Овие дела повикуваат да размислиме за односот помеѓу природата и индустријата и како вкрстувањето на овие елементи може да доведе до нови форми на убавина и изразување. Иновативниот пристап на вајарите ги предизвикува нашите перцепции и охрабрува да ги видиме познатите материјали во ново светло, додаде Цветков. Тој истакна дека овие скулптури не се само уметнички дела, туку се длабоки рефлексии на материјалите и нивната интеракција. Во рамките на настанот, Зимоски, во името на вработените во Музеј галеријата, се заблагодари за општинското признание во чест на 80 години од ослободувањето на градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАРМ слави 34 години: Со артилериска стрелба и свечености ќе се одбележи Денот на армијатаМакедонската армија денеска одбележува 34 години од формирањето, а по повод 18 август – Денот на армијата, во Скопје и Штип се одржаа повеќе свечени активности.Централното одбележување ќе се одржи во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што во 19 часот единицата на артилерискиот баталјон ќе изведе почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде изведена пробна стрелба со еден плотун. Утринава владина делегација составена од министрите за одбрана, за внатрешни работи и за социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на армијата, со воени почести положиле венци на партизанските гробишта во Скопје. Јубилејот беше одбележан и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, со смотра на 2. Пешадиски баталјон и други армиски единици, како и во Министерството за одбрана, каде што свои обраќања имаа министерот Мисјаловски и началникот на генералштабот, Лафчиски, а одбележувањето ќе продолжи утре во Охрид. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНе од Британија, туку со поволни кредити од Светска банка и ЕИБ ќе се градат болниците во Штип, Кичево и ТетовоСо кредити од Светската банка и Европската инвестициска банка ќе се градат болниците во Штип, Кичево и Тетово, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Прва болница а листата е болницата во Штип, која е започната пред десет години. Постоечката направена карабина на болницата треба да се испита, за да се знае што она што треба да се направи ново. Болницата во Кичево ќе се гради на земјиштето на министерството за одбрана во влезот на градот, исто така проектот во Тетово е во напредна фаза. Засега нема детали околку изградба на нов клинички центар, од владата соопштија дека новата локација за клинички центар ќе биде земјиштето пред спротската сала „Борис Трајковски“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОд четврток почнува „Карпошово културно лето“Од четврток на 20 август започнува Карпошово културно лето, под слоганот „овој август Карпош станува сцена“.На манифестацијата која ќе трае десет дена ќе настапат македонски естрадни уметници, а организаторите денеска најавија забава за сечија возраст и стил. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook