Презентирана програмата на годинешното 66 издание на Фестивалот „Охридско лето“ - Канал 5

Презентирана програмата на годинешното 66 издание на Фестивалот „Охридско лето“

Пред медиумите се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

Презентирана програмата на годинешното 66 издание на Фестивалот „Охридско лето“

Со гала-концерт насловен „Љубов“ со оперската дива Ермонела Јахо од Албанија и светски реномираниот тенор, Чарлс Кастроново од САД, во придружба на Оркестарот на Македонската опера под диригентска управа на маестро Марко Боеми од Италија, ќе биде отворено годинешното 66. „Охридско лето“.

Како што беше посочено на денешната прес-конференција на која беше претставена програмата на годинешното фестивалско издание, свеченото отворање на Фестивалот на 12 јули ќе ја донесе пораката на љубовта, како суштината на уметноста и на човечкото постоење, моќниот двигател што создава, инспирира и поврзува...

Пред медиумите се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој рече дека програмата на годинешното фестивалско издание е внимателно одбран спој на традицијата и современите уметнички текови, нудејќи доживување достојно за угледот на Фестивалот кој над шест децении претставува симбол на уметничкиот и културен континуитет, афирмирајќи ја нашата земја како значајна дестинација на светската културна мапа.

- „Охридско лето“ не е само сцена, тоа е сведоштво за нашата посветеност кон културата како двигател на општествениот развој и како вредност што не обединува...Програмата што ја подготвија селекторите нуди исклучително богат и разновиден репертоар. Ќе имаме можност да проследиме настапи на врвни домашни и светски уметници од областа на музиката, театарот и сценските уметности. Посебен акцент е ставен на квалитетот, иновативноста и внимателно конципираната програмска целина, рече Љутков.

Фестивалот и оваа година ќе ги оживее најубавите сцени во Охрид: Античкиот театар, црквата „Света Софија“ и други уникатни простори кои самите по себе се дел од културното наследство.

- Токму таа синергија меѓу уметноста и амбиентот го прави „Охридско лето“ неповторливо доживување. И токму таму каде што каменот памети векови, а уметноста зборува без превод, на сцената на Античкиот театар, новото фестивалско поглавје ќе биде означено со гала-концертот „Љубов“, рече Љутков истакнувајќи дека Министерството за култура останува силно посветено на поддршката на настани што ја афирмираат националната култура на меѓународната сцена, но и го развиваат културниот туризам како важен сегмент од националната економија.

За директорот на Националната установа, Ѓорѓи Цуцковски, „Охридско лето“ не е само фестивал - тоа е традиција, вредност и мост што ги поврзува културите, народите и генерациите...Според него, уметноста го добива своето суштинско значење само доколку успее да го допре човекот, да го трансформира и да создаде простор за нови доживувања. Таа не е само израз, туку процес на будење кој го менува човекот одвнатре и отвора нови перспективи во секојдневниот живот.

- Токму таа длабочина на уметничкиот израз живее и дише овде, на сцените на Охрид, град во кој тишината на езерото и ехото на вековите создаваат посебна магија што се чувствува со срце. Во овој град, каде традицијата и убавината се испреплетуваат, уметноста добива нова димензија и нова сила.

А таа визија е токму „Охридско лето“ — фестивал кој ја афирмира уметноста како мост меѓу култури, генерации и уметнички изрази. Мотив плус да создадеме програма која ги обединува врвните уметници и различни уметнички области, со цел да понудиме квалитетна и разновидна фестивалска содржина, рече тој.

Инаку, публиката во текот на 40-те фестивалски дена ќе има можност да проследи богата и разновидна програма составена од врвни музички, драмски и балетски остварувања, бројни концерти на реномирани солисти и ансамбли од Европа и светот, како и премиери на театарски претстави од домашни и странски продукции. Фестивалот оваа година содржи вкупно 48 настани, со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји од Европа и светот, што дополнително ја потврдува неговата меѓународната димензија и позиција на светската културната мапа.

На фестивалските сцени низ Охрид ќе продефилираат светски афирмирани уметници како пијанистот Александер Мелников, виолинистот Стефан Миленковиќ, пијанистката Исата Кане-Мејсон, како и истакнатиот пијанист Вадим Холоденко. Фестивалската публика ќе има можност да ужива и во настапите на бројни камерни ансамбли и оркестри од Европа и светот, како и престижната регионална Загребска филхармонија под диригентската палка на Давид Рунц, која доаѓа во полн состав со 70 изведувачи на сцена.

За првпат фестивалот ќе биде домаќин на два интернационални симфониски оркестри, меѓу кои и кинескиот симфониски оркестар „Нингбо“, препознатлив по своите динамични настапи и уметничка впечатливост.

Драмската програма и оваа година зазема значајно место во фестивалската понуда. Публиката ќе има можност да проследи повеќе премиерни и гостински театарски продукции, меѓу кои премиерата на претставата „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски, претставата „Кориолајн“ од Вилијам Шекспир во режија на Џон Блондел, како и „Буре барут“ од Дејан Дуковски во режија на Дејан Пројковски, еден од најочекуваните театарски настани што премиерно ќе биде изведен на Свеченото затворање на фестивалот.

На барање на публиката, по успешната џез-вечер минатата година, на сцената на Долни Сарај ќе се реализира програмата „OH JAZZ“ (Охрид џез), во чии рамки се предвидени четири спектакуларни џез-вечери со учество на врвни домашни и странски музичари, меѓу кои светската џез-ѕвезда Нубаја Гарсија, резидент артистот Петер Сомуа, како и настапот на Националниот џез оркестар на Македонија.

Во рамките на програмата ќе се одржат и значајни јубилејни настани, меѓу кои и одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ, со промоција на монографија посветена на нејзиниот лик и дело.

Фестивалот ќе ги отвори своите сцени и за младите уметници, преку програмите „Rising stars“ и „Подиум на млади“, со што продолжува поддршката на новите генерации таленти и нивниот уметнички развој.

Инаку, веќе од денеска стартува и онлајн продажбата билети за фестивалските настани, со што на публиката и се овозможува поедноставен пристап до програмата на најголемата и најпрестижната музичко-сценска манифестација во земјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер