Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
КултураПрезентирана Монографијата за шест децении „Охридско лето" Охридско лето" е нашиот музичко-сценски бисер, Фестивалот по кој не препознаваат во светот. Тој е симбол на македонската државност и културата во неа. А Охрид има посебно место во приказната. Градот се гордее со своето „Охридско лето", невидливиот флуид меѓу него и Фестивалот е рамен на стотиците музички концерти и исто толку театарски претстави… Тоа меѓу другото беше истакнато на вечерашната промоција на Монографијата насловена „Фестивалска приказна" посветена на шесте неповторливи децении на „Охридско лето". – „Охридско лето е најзначајната културна манифестација во Македонија, заради својата многустраност, заради својот космополитизам, хуманизмот што го шири, заради комуникацијата со врвните интернационални квалитети од областа на музиката и театарот. Не е лесно да се стават шест децении историја меѓу две корици на една книга, но секако е прекрасно. Секое враќање во минатото има своја цена, но и убавина, истакна Снежана Анастасова-Чадиковска, една од коавторките на шестдецениската монографија. Роза Нолчева-Ангеловска од своја страна истакна дека да истрае еден Фестивал 60 изданија, низ разни премрежија е успех сам по себе. – „Охридско лето" уште од првиот ден, од иницијалниот концерт на Ана Липша-Тофовиќ станува еден вид вистинска икона на градот Охрид. Преку него светот го запознава Охрид и Македонија низ поинаква призма, преку духовното, уметничкото, убавото. Навистина за нас беше огромна чест да работиме на едно издание што не говори само за она што сега ни се случува, туку да се потсетиме на сите имиња кои историски го одбележале овој град, оваа земја и пред се овие неверојатни споменици на културата каде се случиле сите тие настани, рече таа. Нолчева-Ангеловска уште забележа дека оваа монографија, како што рече, тој необичен спој на авторство, нејзин и на Анастасова-Чадиковска, говори за генерациска сеопфатност на „Охридско лето". – Оваа фестивалска приказна кажува една поинаква сторија…Низ еден наративен начин говори за значењето што „Охридско лето", и градот Охрид го имаат за нашата култура. Снежана се сеќава на концертите од времето кога јас се уште не сум била ниту родена, а јас за последните две децении на Фестивалот. Можеме и двете да говориме за незаборавни настани, неповторливи изведби, од огромно културолошко значење. Сите што ќе ја имаат в рака Монографијата ќе забележат дека во неа има фотографии од настани кои и во денешно време би било предизвикувачки да се направат. Тоа значи дека имало изведби на отворено, на мета надвор од вообичаените сцени, бројни креативни напори да се направат нови во тоа време визионерски настани. И во тој смисол сите ние можеме да учиме за она што се случувало пред години, со што може овој Фестивал да се гордее. Еден Рихтер, еден Ојстрах, луѓе кои во светски рамки навистина го одбележале минатиот век, свиреле и тука во „Света Софија", рече Нолчева-Ангеловска. Доколку не се запишат сеќавањата и не се зачуваат, тие лесно бледнеат, а може и прав да ги прекрие. Тоа не смее да биде така кога се работи за „Охридско лето". Дека Охрид навистина го сака „Охридско лето", може да се види и од поддршката што Градот ја давал на манифестацијата низ децениите. Во нивно и во име на сите идни претставници на локалната власт пред присутните на промоцијата се обрати и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески кој им заблагодари на авторките на Монографијата на вложениот труд на лист хартија да ја сублимираат успешната приказна на „Охридско лето". – „Охридско Лето" е нашиот најпрепознатлив бренд кој не прави неизмерно горди и среќни, затоа што со него Охрид станува дом на уважување, разбирање и размена на културните разлики. Врвни светски имиња од областа на музиката и театарската уметност во изминативе шест децении биле дел од фестивалот со што тој полека станува место за поставување и развој на интеркултурниот дијалог со почитување на различностите. Со тоа градот се промовира во Светот не само како културен центар туку како и атрактивна туристичка дестинација. Токму затоа Охрид и граѓаните го поставија „Охридско Лето" високо на врвот на приоритетите во делот и на културата и на туризмот, истакна Георгиески. Забалежувајќи дека извонредноста никогаш не е случајност, дека таа секогаш е резултат на силна намера, искрен напор и паметна изведба, тој се заблагодари на менаџментот на „Охридско лето" што и во услови на светската пандемија, строго придржувајќи се на здравствените мерки и протоколи, успешно ја реализираат секоја фестивалска ноќ со тоа надградувајќи ја успешноста на Фестивалот. Монографијата „Фестивалска приказна" е двојазична, на македонски и англиски јазик, богато илустрирана, како со фотодокументи од бројни настапи на врвни уметници, така и на начин кој неминовно ја потцртува поврзаноста на „Охридско лето" со суштината и историските специфики на самиот град Охрид. Ја опишува историјата на фестивалот со нови и разнообразни сознанија, потсетува на неговите почетоци, развојот и културолошкото значење на манифестацијата, особено сознанијата на помладата, нова генерација фестивалски вљубеници./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветЗеленски: Преговарачите од Украина, Русија и САД се среќаваат на почетокот на ноември во Абу Даби Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби, изразувајќи надеж дека ќе следи состанок на лидерите на трите земји. Зеленски рече дека разговарал со американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во понеделник, по нивниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, објави Ројтерс. Тој рече дека секој мировен договор ќе мора да вклучува силни безбедносни гаранции за Украина и финансирање на украинската војска за следните 10 години. „Планот е состанокот да се одржи во првата половина на ноември и, се разбира, што е можно поскоро“, рече Зеленски преку видео врска на собир на Институтот Хадсон во Вашингтон. Според него, многу ќе зависи од Русија, истакнувајќи дека сличен состанок, кој требаше да се одржи овој месец, не се одржа. Зеленски ја нагласи важноста на продолжувањето на дипломатските напори насочени кон постигнување прекин на огнот и завршување на војната, која сега е во својата петта година, и додаде дека Европа исто така треба да биде вклучена во преговорите. Украинскиот претседател оцени дека е клучно по техничките разговори да следи состанок на лидерите на Украина, Русија и САД. Зеленски, исто така, рече дека украинската војска сè уште има проблеми со пристапот до комуникациските системи „Старлинк“, и покрај уверенијата на САД дека ограничувањата на брзината се отстранети. „Ограничувањата на брзината на системите „Старлинк“ и „Старшилд“ сè уште постојат и брзината не е вратена“, рече Зеленски, спротивставувајќи се на тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека услугите се целосно вратени. Украина, исто така, чека испорака на претходно договорените пресретнувачи на воздушна одбрана, рече Зеленски, што дополнително ја комплицира одбраната на земјата од речиси секојдневните масовни руски напади со беспилотни летала и ракети.Тагови: Абу Даби Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаЗатворени се сите четири аеродроми во Москва поради напади со дронови- се евакуираат патницитеСите четири московски аеродроми денеска повторно беа затворени за дојдовни и појдовни летови поради напади со беспилотни летала врз руската престолнина. Во Шереметјево (SVO/UUEE) повторно беше прогласена воздушна тревога, а патниците беа упатени во безбедни зони и засолништа. Руската федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација) воведе ограничувања на аеродромите Шереметјево (SVO/UUEE), Домодедово (DME/UUDD), Внуково (VKO/UUWW) и Жуковски (ZIA/UUBW). Пристигнувањата и полетувањата на авионите се суспендирани од безбедносни причини за летовите. Во Шереметјево, од патниците се бара да се оддалечат од прозорците и стаклените површини и да се префрлат во најблиските безбедни области на терминалот. Влезот во стерилните зони на сите терминали е ограничен, додека персоналот на аеродромот ги насочува патниците и ги информира за ситуацијата преку звучници. На патниците им беше кажано и да не користат лифтови или авиони како засолништа. Ограничувањата беа воведени додека руската воздушна одбрана се обидуваше да одбие напад врз московската област. Градоначалникот Сергеј Собјанин неколку пати во текот на денот изјави дека се соборени дронови, кои, според него, летале кон руската престолнина. Службите за итни случаи беа испратени на местата на несреќите. Затворањето на воздушниот центар на Москва предизвика големи нарушувања на распоредот на летовите. Повеќе од 340 летови беа одложени или откажани од почетокот на денот, според податоците од онлајн таблите на аеродромите објавени од руските медиуми. Некои авиони што веќе летаа за Москва беа пренасочени кон алтернативни аеродроми. Пулково (LED/ULLI) во Санкт Петербург прифати 25 летови насочени кон Москва, додека Нижни Новгород прифати уште 13 авиони. Аерофлот и Русија ги менуваат своите распореди на летови поради ограничувањата, при што летовите се откажуваат, одложуваат и пренасочуваат кон алтернативни аеродроми. Компаниите предупредија дека доцнењата може да продолжат дури и по повторното отворање на воздушниот простор, делумно поради ограничувањата на работното време на екипажот. Ситуацијата се менуваше неколку пати во текот на денот, при што ограничувањата беа укинати, а потоа повторно воведени. Според најновите достапни информации, сите четири московски аеродроми повторно се затворени, додека воздушната тревога е повторно активирана на Шереметјево. Тагови: дронови москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСе урна новоизградена зграда во Кенија- имала градежна, но не и употребна дозвола (ВИДЕО)Зграда во изградба се урна денеска во Најроби, главниот град на Кенија. Се стравува дека голем број луѓе се затрупани под урнатините. Повеќе од десет ката се урнаа еден врз друг, а зградата остана огромна куп бетон, пишува АП. Зградата се урна околу 13 часот на прометна шопинг улица во областа Истли, низ која секојдневно минуваат илјадници луѓе. Шефот на полицијата во Најроби, Иса Мохамуд, рече дека сè уште се работи на повеќе од десет горни катови. Спасувањето беше уште потешко поради немирите во близина. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ги растера луѓето кои почнаа да ги ограбуваат продавниците во близина, додека спасувачите се обидуваа да стигнат до урнатините. 🇰🇪 An 18-storey building under construction collapsed in Nairobi, Kenya Numerous people, including construction workers and nearby pedestrians, are trapped under the rubble. https://t.co/ErrXr9dzJE — Visegrád 24 (@visegrad24) October 23, 2026 Џозеф Каула, кој работеше на петтиот кат, успеа да избега непосредно пред да се урна зградата. Тој рече дека слушнал вресоци и ги видел колегите како трчаат кон излезот и викаат дека зградата се урива. „Јас бев последниот човек што излегол пред сè да се урна. Целата област беше исполнета со прашина“, рече Каула. Тој се плаши дека неколку негови колеги се закопани во подрумот. Полицијата потврди дека една повредена жена е извлечена од урнатините и однесена во болница. Спасувачите слушнале и друго лице кое повикува на помош, но нејзиниот глас подоцна не се слушнал. Мохамуд предупреди дека постои опасност од понатамошни уривања бидејќи дел од срушената зграда се потпира на соседна зграда. Ги пребарувале урнатините со часови без тешка механизација Спасувањето на почетокот било тешко бидејќи на местото на несреќата немало тешка механизација. Спасувачите ги пребарувале урнатините со часови користејќи дрвени столбови. Подоцна, пристигнал багер и почнал да отстранува големи парчиња бетон, а до вечерта биле доставени уште најмалку две работни машини. Спасувачите се обидуваат да најдат простори во подрумот и приземјето каде што можеле да преживеат. Во тие делови од зградата, и покрај работата на горните катови, веќе работеле продавница за електроника, месарница и продавница за храна. Жителите рекле дека некои членови на семејството кои останале под урнатините веднаш им се јавиле по уривањето и побарале помош. Сепак, подоцна повеќе не можеле да ги контактираат преку мобилни телефони. Во близина на местото на несреќата е поставен шатор каде што граѓаните можат да пријават исчезнати членови на семејството. Сè уште не е познато колку луѓе биле закопани. BUILDING COLLAPSE: A tragic incident has just happened in Eastleigh, Nairobi. An 18-storey building has collapsed, and we’re told over 50 people may be inside. The fear now is the number of lives this could claim. https://t.co/oks5c0Zt5t — Sholla Ard 🇰🇪 (@sholard_mancity) October 23, 2026 Зградата имала дозвола за градење, но не и дозвола за вселување Паѓањата на згради се чест проблем во Најроби, каде што локалните власти често се критикувани за лабав надзор на градежните работи и недоволни безбедносни контроли. „Ќе се спроведе истрага. Ќе се погрижиме одговорните за каква било небрежност да завршат на суд“, рече Мохамуд. Гувернерот на Најроби, Џонсон Сакаја, потврди дека срушената зграда имала дозвола за градење, но немала дозвола за вселување. Ова значи дека продавниците на приземјето не смееле да бидат отворени. Сакаја рече дека на локалните власти им се потребни поголеми овластувања за надзор на градежните работи. Тој верува дека сегашните казни за кршење на градежните прописи се премногу благи и не ги одвраќаат инвеститорите од опасни практики.Тагови: зграда Кенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook