Презентиран план за изградба на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница - Канал 5

Презентиран план за изградба на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница

Во кругот на Клиничката болница во Тетово денес беше претставен план за изградба на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница. 

Презентиран план за изградба на Меморијален парк за жртвите од пожарот во Модуларната болница

Ова го најавија министрите Азир Алиу и Арбен Фетаи, повеќе пратеници заедно со семејствата на настраданите во пожарот во модуларната болница, кои воедно положија и цвеќе на местото предвидено за изградба.

- Денеска не започнуваме само со изградба на парк. Започнуваме изградба на колективна меморија. Задоцнета, но неопходна. Пред 4 години на ова место се случи трагедија која не смее да се заборави, но институциите 4 години молчеа. Не презедоа ништо, избраа да не гледаат, а тоа молчење беше неправда за оние што ги изгубија животите и за сите тие што секојдневно ја бараат правдата. Овој проект не е за сликање. Овој парк не е украс. Тој доцнежниот одговор што системот требаше да го даде одамна, но денес конечно започнуваме и тоа започнуваме поинаку, истакна министерот за здравство Азир Алиу.

Тој образложи дека овој проект е почнат само неколку недели по неговото преземање на функцијата министер за здравство во насока на одговорност. Потенцираше дека Меморијалниот парк нема да има прави патеки, бидејќи ни животот не бил правичен за овие луѓе.

- Архитектурата ја следи филозофијата на прекината рамка, свиени патеки,дрвја што создава сенка за размислување и рефлексија, симболичен центар за да се памети и да се и вети дека ова нема да се повтори повеќе. Немаме луксуз да заборавиме и немаме веќе право да доцниме. Овој парк е повеќе од простор. Тој е културен пресврт, јасна одлука против молчењето покана за размислување и ветување дека институциите мора да бидат блиску до граѓаните. Не само по трагедиите, туку и пред нив. Ние се сеќаваме дејствуваме и градини систем што не заборава, истакна Алиу.

На новинарско прашање Алиу рече дека при крај е Национална стратегија која ќе ги насочи институциите за постапки за големиот број трагедии коишто се случија во државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија.

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер