Превозниците бараат итно преодно решение за влез во шенген зоната - Канал 5

Превозниците бараат итно преодно решение за влез во шенген зоната

Европската унија не ги отфрлила барањата на камионџиите, новата визна стратегија на ЕУ, како официјален документ кој ги прифаќа возачите како профионсалци сега треба да се усвои од сите 29 земји дел од Шенген зоната.

Превозниците бараат итно преодно решение за влез во шенген зоната

Европската унија не ги отфрлила барањата на камионџиите, новата визна стратегија на ЕУ, како официјален документ кој ги прифаќа возачите како профионсалци сега треба да се усвои од сите 29 земји дел од Шенген зоната – во моментов се бара решение за преодниот период вели за Канал 5 Билјана Муратовска од асоцијацијата Макам - Трнас. Муратовска очекува, конкретен предлог на лист харија во следните две недели кога треба да се одржи и нов состанок, а до тогаш тие бараат засилено лобирање и институционална поддршка. Нови блокади како што имаше на крајот на минатиот месец, кога неколку дена беа затворени граничните премини на земјите од Западен Балкан, од Макам Трнас велат не се во игра...

„ За да се одбие нешто треба да има предлог, оние два состаноци што беа изминатиов период беа еден на политичко ниво еден на ниво на работни групи и не се предлагаше ништо туку се собираа технички информации... Јас не гледам зашто би се правеле во моментов блокади кога веќе имаме активност во преговарање и затоа е многу важно сите ние во државава вклучувајќи ги надлежните органи, стопаснките комори да најдеме заедничко решение .... техничката група привот состанок и беше на 11 ти сега би требало освен тие технички информации што ги бараа да излезат со некакви конкретни предлог решенија....“ - Биљана Муратовска – Макам транс.

Изјавата на Муратовска, доаѓа откако регионалните медиуми пренесоа дека на поседлната средба во Брисел биле одбиени предлозите на земјите од Западен Балкан и транспортните здруженија, па поради тоа транспортери од регионот најавија можни нови протести.

А по информациите за можни нови блокади, се огласија и од македонсккото министерство за транспорт од каде велат, дека се работи на трајно решение и дека ресорните министерства се во постојана комуникација со Европската комисија... оттаму апелираа да се не потпаѓа, како што велат на непроверени информации што може да му наштетат на дијалогот.

„Дијалогот со ЕК е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на ЕК. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение кое е прифатливо за сите страни.“ - Министерство за трнаспорт.

Дека преговорите се во тек и се бара решение потврдија и од Европската комисија...

„Кога станува збор за следните чекори, како што реков, веќе сме вклучени во овој технички состанок и тој ќе продолжи… засега е планиран уште еден состанок, за неделата на 23 февруари.“ - Гијом Мерсије – портпарол на ЕК.

Во дополнетата визна стратегија на ЕУ, како што велат од МАкам трнас, за првпат се признава дека профеисоналниот возач е лице кое врши дејност и треба да биде третирано соодветно, односно да има можност за подолг пресотј од 90 во 180 дена, исто како екипажите во другите видови транспорт, нешто што асоцијацијата на превозници го бараше веќе подолг временски период....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронашле змија меѓу лебот во супермаркет, експертите со предупредување: Луѓето не се свесни...

Бројот на напуштени влекачи и други егзотични домашни миленици во Велика Британија е во пораст, според организацијата за спасување животни „Pet Encounter“.

Пронашле змија меѓу лебот во супермаркет, експертите со предупредување: Луѓето не се свесни...

Експертите открија дека змија била пронајдена на полица за леб во супермаркет, а потоа била пренесена во ветеринарна клиника на преглед.

Сопствениците во финансиска криза

Не е познато дали змијата, со прекар „Трошка“, била напуштена или избегала, но „Pet Encounter“ вели дека кризата со трошоците за живот придонела за зголемување на бројот на сопственици кои предаваат змии за кои повеќе не можат да се грижат.

Организацијата спасила 21 змија од почетокот на годината, а 14 биле спасени во целата 2025 година.

Бен Николсон од организацијата истакнува дека грижата за змиите вклучува трошоци за опрема, грејни влошки и светилки, што е дополнителен финансиски товар во време на криза со трошоците за живот.

Недостаток на свест

„Бевме создадени за едукација, но сега размислуваме за промена на нашиот бизнис модел и за да станеме добротворна организација за да можеме да добиеме финансиска поддршка“, рече Николсон.

Тој рече дека недостатокот на свест за егзотичните животни и актуелните трендови, исто така, придонеле за зголемувањето на напуштањето на домашните миленици.

Николсон предупредува дека луѓето често купуваат змии без да бидат свесни за количината на грижа и внимание што му е потребна на таквото животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тунижанец во авион сексуално нападнал онесвестена девојка, која седела до него

Маж е обвинет за сексуален напад откако 22-годишна жена изјави дека маж што седел до неа ја допирал додека била во несвест на лет на „Рајанер“.

Тунижанец во авион сексуално нападнал онесвестена девојка, која седела до него

Девојката летала од Малта до Нант на 19 јули кога изјавила дека 39-годишен Тунижанец што седел до неа наводно сексуално ја нападнал откако се онесвестила, објави Дејли Меил.

Мажот бил уапсен на аеродромот Нант на 31 август откако слегол од лет од Тунис и бил обвинет пред судија во средата. Девојката, која имала главоболка, се онесвестила кратко по полетувањето и паднала напред на масата, а потоа на рамото на сопатникот.

Кога се освестила, таа тврдела дека патникот што седел до неа ја бакнувал по вратот. Тој наводно продолжил да ја напаѓа со тоа што ја превртел на седиштето до прозорецот и ја притиснал со грбот кон себе, додека ги допирал нејзините гради под кошулата.

Жената тврдела дека конечно успеала да се оддалечи кога тој ги ставил рацете под нејзините шорцеви и ја допрел по долната облека. По слетувањето, таа му кажала на своето семејство за наводниот напад, а потоа ја известила граничната полиција, според францускиот весник „Пари мач“.

„Ранлива жена се смета за плен, дури и во авион“, наводно изјавила адвокатката на наводната жртва, Ан Бујон.

Полицајците ја испитуваат облеката на 22-годишната девојка, а таа е подложена на преглед во одделот за судска медицина на Универзитетската болница во Нант.

Според извештаите, „Рајанер“ е контактиран за детали за осомничениот, а „Дејли меил“ ја контактирал авиокомпанијата за коментар.

Осомничениот, за кој се вели дека е бездомник, потоа бил додаден на листата на барани лица, што довело до негово апсење кога повторно влегол во Франција преку Нант по летот од Тунис.

39-годишниот маж се појавил пред судија во средата и бил обвинет за сексуален напад врз ранливо лице. Според јавниот обвинител на Нант, тој „потврдил дека бил патник што седел до жртвата“, според јавниот обвинител на Нант, Антоан Лерој, но ги негирал обвиненијата. Тој ќе биде подложен на психијатриска проценка, а судењето ќе продолжи на 28 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германија со осуда на ВИ снимката на израелски министер: Ова е ужасно и недозволиво (ВИДЕО)

Германија остро ги осуди генерираните видеа од израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, на кои се прикажани палестински затвореници на транспортна лента. 

Германија со осуда на ВИ снимката на израелски министер: Ова е ужасно и недозволиво (ВИДЕО)

Критичарите ги споредија сцените со сцени од концентрациони логори, пренесува Анадолија.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Гизе, им изјави на новинарите во Берлин дека го видел контроверзното видео. „Колку што знам, во меѓувреме е избришано, но тоа не го прави помалку ужасно. Секако, ова е целосно неприфатливо. Ужасно е“, рече Гизе. Тој нагласи дека Германија „јасно ги отфрла“ политиките и начинот на изразување на Итамар Бен-Гвир. „Нашиот став за ова е целосно јасен“, додаде тој.

Отстранети видеа

Бен-Гвир отстрани две видеа од своите профили на социјалните мрежи кои предизвикаа силни реакции поради начинот на кој го прикажуваат третманот на палестинските затвореници. Едно од видеата, објавено минатата недела, предизвика критики дека сцените потсетуваат на концентрациони логори.

Видеото прикажува заканувачки палестински затвореници во судница, со графички меурчиња за говор што сугерираат дека размислуваат за образование, храна или наргиле. Потоа, анимираниот лик на Бен-Гвир ги пробива тие меурчиња и притиска црвено копче, кое активира транспортерска лента што ги води затворениците низ вратата. Зад вратата, истите затвореници се прикажани како гладуваат, плачат и со наведнати глави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер