Прево: Белгија е цврст и сигурен сојузник на патот за пристап на Македонија во ЕУ - Канал 5

Прево: Белгија е цврст и сигурен сојузник на патот за пристап на Македонија во ЕУ

Македонија може да смета на Белгија како цврст и сигурен сојузник на вашиот пат за пристап кон Европската Унија, порача белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево.

Прево: Белгија е цврст и сигурен сојузник на патот за пристап на Македонија во ЕУ

Македонија може да смета на Белгија како цврст и сигурен сојузник на вашиот пат за пристап кон Европската Унија, порача белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Максим Прево, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

-Белгија продолжува цврсто без никаква двосмисленост да го поддржува европските пат на вашата земја. Цврсто сум убеден дека билатералните прашања не треба во ниту еден момент да го спречат процесот на проширување. Јас и понатаму ќе продолжи да се залагам за напредок врз реформите и усогласеноста со компенхашките критериуми - порача Прево.

Важен аспект на мојата посета, посочи Прево, е тоа што институционалната стабилност што ја постигнавте е за поздравување, нагласувајќи дека „Белгија го охрабрува конструктивност политички дијалог и владеењето на правото", истовремено охрабрувајќи ја Владата да продолжи на патот на реформите, бидејќи, како што рече, тоа е само добиена инвестиција.

Во однос на Бугарија и барањата од наша страна за гаранции на европскиот пат, Прево рече дека за Белгија постои јасна определба дека треба да биде дадено уверување на Македонија дека нема да се јави повторна блокада или пречка откако ќе бидат направени потребните промени.

- Верувам дека сите земји во ЕУ треба да најдат начин да се изрази волјата оти овие уверувања ќе бидат дадени- порача Прево.

Белгискиот министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка, Прево, на почетокот изрази задоволство што има можност со денешната посета подобро да се запознае со нашата реалност и да ја запознае нашата земја.

-Се надевам дека нема да биде последна, со оглед дека ми се блиски балканските земји. Денеска сум тука за да го подвлечам одличните односи меѓу нашите земји. Кажавте дека живееме во мултиполарен свет и имањето стабилни односи е важно и вие можете да сметате на Белгија - нагласи Прево, псоочувајќи дека Белгија има јака македонска дијаспора што само ги зајакнува меѓусебните врски.

Прево, исто така, ја поздрави и македонската евроатланска посветеност и усогласеност со надворешната политика, што рече е за пример.

Министерот Муцунски, на заедничката прес-конференција со белгискиот колега Прево, рече дека неговата посета е значајна за нас и регионот особено во контекст на сериозните геополитички предизвици што директно влијаат врз мирот, стабилноста и иднината на Европа.

-Во изминатите три децении изградивме силно пријателство, интензивен политички дијалог и стабилно партнерство. Јасно ја изразив нашата определбата со Кралството Белгија и натаму да го развиваме пријателството и продлабочуваме врз основа на меѓусебна почит, доверба и заедничка одговорност за стабилноста и просперитетот на регионот и пошироко. Посебен акцент ставивме на унапредувањето на економската соработка - порача Муцунски.

Муцунски, изрази убедување дека со заедничка политичка волја и со силна поддршка на бизнис заедницата, можеме да отвориме нов простор за поинтензивна економска размена и повеќе директни инвестиции. Посетата, нагласи Муцунски, ја искористил, да ја поздрави континуираната и принципиелна поддршка од Белгија на патот кон полноправни членство во Европската Унија.

- Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтегративниот процес мора да се темели на исполнување на копенхакешките критериуми од страна на земјите кандидати, но клучна е и подготвеноста на самата да спроведе неопходно внатрешни раформи за прием на нови членки - рече Муцунски.

Муцунски, посочи дека го информирал Прево за напредокот постигнат во евроинтегративниот процес, како и за цврстата, јасна и безусловна посветеност на нашата Влада кон реформската агенда.

-Разговаравме и за потребата од мудри, но и храбри геостратешки одлуки во време кога Европската безбедносна архитектура се соочува со сериозни искушенија.

На почетокот на средбата, Муцунски, исто така, ја поздрави и солидарноста по трагедијата во Кочани, каде Белгија учествуваше со транспрот и лекување неколку наши пациенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

Пожар повторно избувна ноќеска во планинското засолниште „Орловото гнездо“ во јужна Германија, кое некогаш го користел нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, соопшти денес баварската полиција. 

Повторно гори „Орловото гнездо“ на Хитлер (ВИДЕО)

„Повторно изгоре до висина на просторијата“, изјави полицискиот службеник.

Пожарникарите беа испратени на историското место, познато во Германија како Келштајнхаус, на самиот врв на планинското одморалиште Оберзалцберг и го изгаснаа пламенот. Не е невообичаено тлеечките жарчиња повторно да разгорат пожар откако ќе се изгасне главниот пожар, додаде службеникот, објави ЗД.

Уапсен маж

Голем пожар избувна во „Орловото гнездо“ во петокот вечерта. Полицијата го уапси осомничениот под сомнение за палење. Првичната психијатриска проценка на 33-годишниот Германец покажа дека тој е ментално болно лице, според обвинителството.

Зградата беше во голема мера уништена во пожарот, а штетата се проценува на милиони евра. „Орловото гнездо“, кое се наоѓа на надморска височина од над 1.800 метри надморска височина, е изградено под нацистичкиот режим во 1930-тите години како дел од комплексот што го користел Хитлер на Оберзалцберг.

Нацистичка историја

Се користи како ресторан од 1952 година. Сепак, објектот бил затворен во петокот и никој не бил повреден во пожарот. Хитлер го посетил „Орловото гнездо“ неколку пати за да прими дипломати и други странски гости, според локалниот туристички одбор во градот Берхтесгаден.

Сепак, од политичка гледна точка, ова засолниште „останало од мало значење“ и главно го користеле високи нацистички функционери за одмор, слободно време и приватни прослави, додава здружението. Денес, во него се одржува изложба што ја прикажува неговата нацистичка историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 26. октомври до 2. ноември 2026 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 26. октомври до 2. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 26. октомври до 2. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи.

Кариера

Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример.

Здравје и совет

Најдете си ја вистинската мерка во животот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво.

Кариера

Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат.

Здравје и совет

Задржете некои работи за себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се.

Кариера

Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара.

Здравје и совет

Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно.

Кариера

Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни.

Здравје и совет

Добро би ви дошло да повежбате .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат.

Кариера

Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес.

Здравје и совет

Опуштете се со добра музика.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов.

Кариера

Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања.

Здравје и совет

Престојувајте во природа за да се освежите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор.

Кариера

Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза.

Здравје и совет

Вежбајте техники за релаксирање.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе.

Кариера

Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа.

Здравје и совет

Прифатете ги луѓето околу вас.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите.

Кариера

Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место.

Здравје и совет

Бидете свесни за себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро.

Кариера

Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни.

Здравје и совет

Вежбајте ја концентрацијата.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа.

Кариера

Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате.

Здравје и совет

Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување.

Кариера

Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Припадници на жандармеријата со автобуси влегоа во српскиот Парламент и зградите на Стариот дворец во Белград.

На улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)

Полициското присуство е зголемено низ целиот центар на градот, а специјални сили се распоредени пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК).

Возилата што се користат за разбивање на протестите беа снимени во центарот на Белград, додека колона полициски комбиња беше забележана на автопатот, објави Излаз.

Зголемените безбедносни мерки доаѓаат на денот на предвремените парламентарни избори во Србија. 6.451.292 гласачи имаат право на глас, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, кои се отворени од 7 до 20 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер