Преветивни активности за заштита од пожари - Канал 5

Преветивни активности за заштита од пожари

На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. 

Преветивни активности за заштита од пожари

Денеска (12.07.2026), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Национални Шуми, спроведе превентивно едукативни активности на подрачјето на ПСОН Чаир, под мотото „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и од пожари на отворен простор“ насочена кон подигнување на јавната свест за заштита од пожари и одговорно однесување.

На граѓаните им беше укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период. Притоа по случаен избор на возачите и жителите на населените места им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни пораки со цел подигнување на безбедносната свест.

Полициски службеници од ПС Кочани и ПС Свети Николе спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор во рекреативниот центар Пониква, заедно со Доброволно противпожарно друштво Кочани, Територијалната против пожарна единица и ЈП Национални шуми Св.Николе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“

Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“ - по три години привремени решенија.

Ѓорѓиевски: Трајно се санира големиот дефект на булеварот „Борис Трајковски“

[📍] Денес, на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „ЛукОил“, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на целосна санација на сериозен дефект кој со години претставуваше проблем за жителите на Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани и Зелениково.

[🫵] Станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, настанато при градежни активности пред три години.

Наместо трајно решение, дефектот досега бил саниран само привремено, поради што проблемот постојано се повторувал.

[💧] Со денешниот зафат се врши целосна замена на оштетениот дел од цевката во должина од пет метри, со што конечно се обезбедува сигурно, квалитетно и долгорочно решение, пред изградбата на булеварот ,,Борис Трајковски”.

[♥️] Им благодариме на граѓаните за трпението и разбирањето во текот на интервенцијата.

[🫡] Посебна благодарност до екипите на ЈП „Водовод и канализација“, кои со максимална посветеност и ангажман работат овој тригодишен проблем уште денес да стане минато.

[✔️] Решаваме темелно и трајно!- објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори

Левица најави дека во понеделник ќе бара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. 

СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на сателит на Мицкоски - услуга во неговата кампања за предвремени избори

Тоа е веќе видено сценарио во кое сателитските партии на Мицкоски се обидуваат да ја вовлечат опозицијата во неговата валкана игра.

Прашањето е едноставно: Зошто опозицијата би требало да се собира по нарачка на Мицкоски?

Дали тој е класен наставник кој ќе ја повикува опозицијата кога сака?

Дали ние треба да ја играме неговата игра и да му правиме театар за јавноста?

СДСМ веќе ги даде своите јасни и конкретни предлози во Собранието. Нема потреба од нови предлози.

Нашите предлози се јасни: гарантираат фер и транспарентни избори и спречуваат можност за изборна кражба, особено на гласовите од дијаспората. Сè друго е претстава.

Ова е класичен обид на Мицкоски, преку своите сателити, да создаде привид дека опозицијата ја блокира реформата на Изборниот законик.

Но вистината е спротивна. Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората.

Тој е оној кој сака да го наметне својот модел на изборна манипулација.

СДСМ нема да учествува во оваа претстава. Нема да му бидеме алиби на Мицкоски.

Нема да се собираме за да му правиме услуга во неговата кампања за предвремени избори.

Единственото што Мицкоски треба да го направи е да се откаже од законот со кој сака да ги намести изборите и да ја украде волјата на граѓаните.

Сè друго е театар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија.

ДЗС: Уште една опасна артилериска граната пронајдена кај битолското с. Меџитлија

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

Гранатата беше пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ - Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на македонско-грчката граница. Пријавата до ДЗС беше доставена преку бројот за итни случаи 112.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер