3Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај, спречување насилство и зависности и справување со кризни ситуацииНа подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата.Денеска (02.10.2026) полициски службеници од Полициското одделение Чашка реализираа превентивна активност „Не биди нем сведок“, при што во непосредна комуникација граѓаните беа информирани за појавите на семејно насилство, мерките за заштита и за начините како да се препознае психолошко насилство, како и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на насилство. Во Кавадарци пак, беше реализирана превентивна активност „Кажи не на дрогата“, со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на девијантни појави. Полициски службеници од СВР Велес и Полициската канцеларија Градско, спроведоа превентивни активности за заштита од кражби и подобрување на взаемната соработка и довербата помеѓу локалната заедница и полициските службеници, во рамки на кои граѓаните се запознаа со начините за зголемување на нивото на нивната лична и имотна сигурност. На подрачје на Велес и Неготино, денеска беа реализирани и сообраќајни превентивни активности, на кои акцент беше ставен на опасноста од користење на мобилен телефон при управување со возилата и последиците кои може да настанат од возење под дејство на алкохол, при што на возачите им беше потенцирано дека се должни да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел безбедно и сигурно учество во сообраќајот. Одделението за превенција при СВР Скопје, ПС БПС Штип и Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Скопје, Куманово и Штип, акцентот на превентивните активности го ставија на безбедното учество во сообраќајот на пешаците и возачите на мотоцикли и елктрични тротинети. Во ООУ „Св. Климент Охридски” во Делчево, полициски службеници од ПС Делчево и РЦГР Исток им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, односно безбедно да стигнат од училиштето до дома и обратно. Вчера (01.10.2026) во компанијата „Костал“ во Охрид, Отсекот за превенција при СВР Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица, Итната медицинска помош, како и други служби реализираа показна вежба за евакуација во услови на случен земјотрес и пожар. Вежбата имаше превентивен карактер, со цел координација и заедничко поефикасно делување на тимовите од надлежните служби за брзи и ефективни реакции при земјотреси и пожари и смалување на негативните ефекти од овие појави.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Европа штотуку се согласи веднаш да ослободи огромни количества дизелТрамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор.Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Европа се согласила „веднаш“ да ослободи дел од своите резерви на дизел, додека тој и неговата Републиканска партија се соочуваат со притисок да реагираат на вртоглавиот раст на цените пред ноемвриските избори за Конгресот. Трамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор. „Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел гориво. Процесот ќе започне веднаш“, напиша тој. Опаѓање на популарноста на Трамп и раст на цените на горивото Популарноста на претседателот опаѓа бидејќи војната со Иран и неговите трговски конфликти ги зголемуваат цените на нафтата и другите суровини во САД. Цените на горивото во САД и во странство нагло пораснаа за време на осуммесечната војна, а Трамп постојано изјавуваше дека плаќањето на таква цена е оправдано за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Трамп тврди дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната, иако засега не се гледа крај на конфликтот. Просечната цена на галон (3,785 литри) дизел во САД денес изнесуваше 6,37 долари, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), откако на 22 септември достигна рекордно ниво од 6,52 долари. Одржани серија состаноци Трамп разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон – кој моментално претседава со Г7 – за потребата да се решат проблемите со растот на цените на горивото и достапноста на нафтените деривати. Потоа, Макрон претседаваше со видеоконференција на лидерите на Г7 за да се разговара за ова прашање. Новите информации доаѓаат откако земјите од Европската унија денес разговараа за француски предлог според кој европските земји би ослободиле 50 милиони барели дизел од стратешките резерви, додека членките на Меѓународната агенција за енергетика би ослободиле дополнителни 50 милиони барели сурова нафта. Трамп ја оцени својата работа на полето на економијата со највисока оценка (А+) Новата анкета на „AP-NORC“ покажа дека мнозинството возрасни Американци го сметаат Трамп за одговорен за високите цени, додека поддршката за начинот на кој тој ја води економијата падна на ново најниско ниво. Трамп е сè повеќе фрустриран од она што го доживува како несовпаѓање меѓу неговите постигнувања и начинот на кој јавноста ја оценува неговата работа. Оваа недела тој на својата работа на полето на економијата си даде оценка „А+“, но нагласи: „Исклучително лошо стоиме со промоцијата.“Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШто може да очекуваме по посетата на Урсула фон дер Лајен во Македонија?Дали најавата за активен дијалог со Софија може да резултира со некаков епилог во македонските евроинтеграции, може ли да се потпреме на европско посредништво, колку Унијата е подготвена да го оживи процесот во наша корист?На овие прашања по посетата на Урсула фон дер Лајен побаравме одговори од политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната неделаПо даден совет од претседателката на Европската Комисија - Урсула фон дер Лајен ќе се иницира билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија следната недела во Софија. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со фон дер Лајен, според која тоа е неопходно за да се придвижи дијалогот, а уставните измени остануваат клучен чекор. -Се договоривме да го направиме првиот нов чекор следната недела, да се обидеме да го одблокираме процесот, всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Сега има само еден клучен чекор кој треба да го превземете за да можете да се придвижите напред. Знам колку е ова чуствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние и посакуваме добредојде на С.Македонија со нејзиниот јазик и идентитет.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија -Не бараме од Унијата да завземе страна, бараме да помогне во создавање услови за оддржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања. // Јас веднаш побарав од министерот (Муцунски) да испрати дипломатска нота да побара време за средба и состанок со неговата колешка.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада Македонија засега не добива патоказ како останатите четири земји кандидатки бидејќи е со блокиран пат, односно тие веќе се длабоко навлезени во преговарачкиот процес. -Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со Македонија затоа што веќе интензивно работиме на реформите коишто се неопходни. Да, се уште има работа, но импресивно е она што досега го имате направено. Сега се фокусираме многу за да деблокираме, за да можеме потоа да дојдеме со патоказ и во Македонија.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија Премиерот Мицкоски укажа дека земјава ги исполнува своите реформски обврски но очекува европскиот пат да е фер и базиран на правила, а дијалогот со Бугарија да се одвива во добра волја, меѓусебно почитување и без нови условувања, барања и толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16