3СДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?
МакедонијаПревентивни активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Скопје, СВР Штип и СВР ТетовоПревентивни активности на подрачјата на СВР Велес, СВР Скопје, СВР Штип и СВР Тетово за безбедност во сообраќајот, заштита од имотни деликти и заштита на шумите од сеча и пожари.На 11.06.2026, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка во селата Отовица, Сујаклари, Иванковци и Мамутчево, на подрачје на општина Чашка и село Извор реализираа превентивно едукативни активности под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме нашите шуми од шумски пожари и бесправни сечи“. Во рамки на активностите на граѓаните им беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слични со цел брза и навремена реакција. Во текот на летниот период, поради зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателно извршување земјоделски работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Денеска, на повеќе локации во Делчево реализирана е превентивна активност под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“и „Вози одговорно-Носи Кацига“. На возачите учесници во сообраќајот им беше укажано да внимаваат на техничката исправност на своите возила и беше апелирано да возат внимателно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. За време на активноста на возачите им беа поделени и летоци со едукативна содржина. Исто така, денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП на подрачјето на Ѓорче Петров спроведе превентивно едукативни кампањи од област на имотни деликти „Секој може да биде жртва“, „Внимавај-телефонски измами“ и „Паркирај совесно-паркирај одговорно“. Основна цел на проектот беше зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Воедно на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на совесно и одговорно паркирање на моторно возило. Пребенвтивни активности за зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните и за побезбеден сообраќај беа реализирани и во Тетово. Притоа, на непосредни средби, граѓаните беа запознаени со улогата, задачите и одговорноста на полицијата. Им беше укажано и како да се заштитат од имотни деликти ( кражби на паричник, ташни и други предмети од вредност), како и за постапката при пријавување на овој вид на настани во полиција. Во Тетово продолжи практичното имплементирање на превентивно едукативниот проект ,,Чекор по чекор“, во кој ќе бидат опфатени децата на предшколска возраст од 14 тетовски детски градинки, на кои полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар им одржуваат предавање и им објаснуваат на децата како да се движат во сообраќајот, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и знаци.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане Продолжува судењето во Основниот суд во Куманово за серискиот убиец Трајче Бојковски од Старо Нагоричане. 25 годишниот кумановец е обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени.Бојковски на последното судење во јули не се изјасни за виновен, а неговиот бранител го откажа полномоштовото и судот донесе решение главната расправа да биде одоложена. Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата. Обвинетиот беше спроведен од затвор Куманово, а во судницата присуствуваа членовите на семејствата на оштетените, јавниот обвинител и бранителот на обвинетиот. Според обивнителот Љубомир Лапе, иако во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, обвинителството смета дека некрофилијата претставува доминантен мотив за извршување на делата. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, при што мета на нападите биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал. На товар му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.Тагови: Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: До каде е истрагата за влезот на влезот на српската медиумска машинерија, да не биде лага од Мицкоски?До каде е истрагата за сомнителниот влез на српската медиумска машинерија во Македонија?Да не биде ова уште еден блеф и стандардна лага на Мицкоски за смирување на јавноста? По предупредувањата на македонските телевизии и реакциите на СДСМ беше соопштено дека Финансиската полиција отворила предмет, а АВМУ ја запрела постапката. Но, што се случува оттогаш? Дали институциите навистина истражуваат? До каде е предметот? Што е утврдено досега? Или Мицкоски само купува време додека јавноста заборави? СДСМ внимателно го следи случајот. Нема да дозволиме мачкање очи и затворање на предметот во фиока. Со месеци СДСМ предупредува дека Мицкоски, по рецептот на Вучиќ, се обидува да воспостави медиумска контрола и во Македонија. Преку Еуроњуз и Ало, српската медиумска машинерија влегува во земјата на начин за кој се отворија сериозни сомнежи дека се заобиколуваат македонските закони. Задолжените за пропаганда се веќе спремни, Началникот Латас и Ивона Талеска. Кога нема резултати, кога нема пари во Буџетот, нема подобар живот, а европската перспектива се блокира, на власта ѝ е потребна пропаганда. Да нема критика. Да нема незгодни прашања. Да нема одговорност. Да има само пропаганда и контрола. СДСМ отсекогаш се борел за демократско општество, слободни медиуми и слобода на говорот. Даваме целосна поддршка на независните медиуми и новинари во Македонија. Ние веќе еднаш се боревме против медиумскиот мрак, во 2015 година. Нема да дозволиме Македонија повторно да се врати во времето на Груевски. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter