Превентивата и раниот скрининг клучни за намалување на ризикот од појава на рак на дојка - Канал 5

Превентивата и раниот скрининг клучни за намалување на ризикот од појава на рак на дојка

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во изминатите три години значајно се зголеми бројот на биолошки лекови, најмодерна терапија за овие пациенти. 

Превентивата и раниот скрининг клучни за намалување на ризикот од појава на рак на дојка

Овој ден е посветен и на превентивата, но и на тие кои се борат се уште со болеста и секако да се потсетиме на тие кои за жал ја изгубиле оваа битка, истакна Елизабета Ѓоргиевска, професор на Стоматолошкиот факултет и сопруга на претседателот Стево Пендаровски на настанот, што по повод кампањата за борба против рак на дојка „Race for the cure", денеска го организираше Здружението „Борка – за секој нов ден".

Овој настан, посочи Ѓоргиевска, се одржува многу години со цел да се даде акцент на превентивата и раното откривање на ракот на дојката.

– Превентивата е најважна и затоа апелирам сите да се свесни дека практично здравиот начин на живот, правилната исхрана, намалувањето на конзумирањето алкохол, пушењето, но секако и доењето, се едни од главните фактори што доведуваат до намалување на ризикот на појава на ова заболување. Од друга страна раното откривање преку самопрегледите, скринингот, мамографијата всушност претставува едно од основите на раното поставување дијагноза и одредување правилен третман на ова заболување, рече Ѓоргиевска.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека во изминатите три години значајно се зголеми бројот на биолошки лекови, најмодерна терапија за овие пациенти. До пред три години, потенцира, огромен број од нив се праќаа во странство да ја добијат оваа терапија, а сега нема пациент кој има некаква онколошка дијагноза, а за кој нема терапија во нашата земја.

– За пациентките со карцином на дојка има и прволиниска и второлиниска терапија. Со Фондот работевме на тоа да се зголеми и пристапот кон ортопедските помагала, така што сега има и градник и во периодот што доаѓа ќе работиме на тоа да се обезбеди и соодветната ракавица. Тие кои ја преживеале оваа малигна болест се секогаш на располагање да споделат искуство и да ги поддржат и другите пациенти и пациентки кои во овој момент имаат проблем. Работевме заедно и воведовме и психолошка поддршка на Клиниката за онкологија. Се на се еден сеопфатен пристап, олеснет пристап до терапија, дијагноза. Посебно во овој период во оваа здравствена криза, погодени од Ковидот, не застанаа здравствените услуги за пациентите кои имаат потреба од итна хируршка или било каква друга здравствена интервенција, исто така и за пациентите со малигна болест, рече Филипче.

Додаде дека со поддршка на Американската амбасада работат на проект за регионална координација и во таа смисла заеднички настап на сите земји во Западен Балкан во однос на политиката на отворањето на границите.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз истакна дека вродиле со плод долгогодишните напори за рана детекција, ран скрининг, рана и добра грижа.

– Успеавме да го прекинеме молкот и јавно да зборуваме за рана детекција на ракот на дојка. Важно е така да продолжиме. Ракот на дојка и натаму се уште убива, но важно е да разговараме за ова, да ја користиме силата на преживеаните, на нивните семејства и на тие што направиле вистинска разлика во нивните животи, додаде Кејт Мари Брнз./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска

Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно нилска треска потврдија за Канал 5 од Клиниката за инфектологија.

Почина 83 годишен пациент со повеќе хронични заболувања каде беше констатиран вирусот на западно-нилска треска

Денеска министерството за здравство ќе има информација за болните и за евентуално ново заразени со вирусот.

Особено внимание се препорачува кај повозрасните лица и оние со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешка форма на болеста.во последните 15 години во Македонија биле регистрирани пет смртни случаи поврзани со западно-нилската треска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона подготвува втора понуда за најдобриот фудбалер од Мундијалот, Родри

Каталонскиот гигант Барселона се подготвува да ги засили напорите за ангажирање на играчот од средниот ред на Манчестер Сити, најдобриот фудбалер од Мундијалот,  Родри, и подготвува втора понуда. 

Барселона подготвува втора понуда за најдобриот фудбалер од Мундијалот, Родри

Актуелните шпански шампиони се надеваат дека ќе го обезбедат потписот на освојувачот на Светското првенство во наредните денови.

Новата понуда на Барселона изнесува 60 милиони евра, а на Родри му преостанува уште една година од договорот со Манчестер Сити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?

На 12 август 2026 година се навршуваат шест години од затворањето на Еуростандард банка - денот кога илјадници граѓани, пензионери, фирми и здруженија останаа без пристап до своите пари и беа втурнати во долга правна, финансиска и институционална не

Здружение на оштетени штедачи на ЕСБ: Еуростандард банка, шест години подоцна: дали обвинението конечно ќе ја отвори вистината?

По години молк, бавно постапување и незадоволство кај оштетените штедачи, случајот конечно добива нова тежина со поднесеното обвинение против поранешните раководни лица на банката - Трифун Костовски, Коста Костовски, Николче Петкоски и Зоран Николовски. Обвинението повторно ги отвора прашањата што јавноста ги поставува со години: како се одобрувале кредитите, на кого, со какво обезбедување, кој ги контролирал ризиците и кој дозволил банката да стигне до стечај?

Според објавените информации, обвинението се однесува на одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, и со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците. Наведената штета за доверителите изнесува над 1,66 милијарди денари, односно околу 27 милиони евра.

Поднесувањето на овој обвинителен акт во Основниот кривичен суд Скопје е само почеток на правната битка. Јавноста сега очекува брза, транспарентна и ефикасна судска завршница, каде фокусот нема да биде само на затворските казни за виновниците, туку и на целосна конфискација на имотот со цел максимално обесштетување на сите жртви на овој епски банкарски колапс.

Ова веќе не е само приказна за една пропадната банка. Ова е приказна за довербата во финансискиот систем, за одговорноста на оние што управувале, надгледувале и одлучувале, но и за институциите кои морале навремено да реагираат.

Прашањето денес не е само кој ја доведе Еуростандард банка до стечај. Прашањето е зошто беа потребни шест години за вистината да почне да излегува на површина.

Оштетените граѓани и фирми не бараат милост. Тие бараат вистина, одговорност и правда.

Случајот Еуростандард банка останува тест за државата: дали правдата ќе оди до крај, или и овој случај ќе остане уште една болна приказна во која времето ја покрива одговорноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер