Претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт - Канал 5

Претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава ќе ја претставува современата македонска книжевност на 76. Саем на книгата во Франкфурт, кој ќе се одржува од 15 до 19 октомври. 

Претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт

МАИ информира дека креативниот концепт на ова, петто претставување на македонската книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото, се потпира на мотото „Читај во 7/8. Приказни со единствен ритам.“

-Со специјално изработен штанд за оваа намена, на простор од 32 квадратни метри, нашата земја и оваа година ќе се претстави во меѓународната четврта хала. Македонската асоцијација на издавачи во периодот од завршувањето на нашиот Саем на книгата досега работеше паралелно на неколку проекти. На саемот ќе се претстават околу 70 автори кои се застапени во двата каталога – каталогот на книжевност за возрасни и каталогот на книжевност за деца, како и, првпат, 20-ина илустратори, кои исто така се застапени во каталогот за деца. На штандот ќе бидат изложени голем дел од застапените дела во каталогот, како и делата на англиски јазик што беа преведени за ланското претставување на овој саем, соопшти МАИ.

Врз основа на искуството од минатите години, а со цел поголема достапност на подготвените промотивни содржини за нашите автори и илустратори, оваа година МАИ изработи и нова веб-страница: www.mai.org.mk/macedonian-literature.

-На веб-страницата модерно и прегледно електронски се претставени авторите и нивните најзначајни и најнови дела, награди и меѓународни успеси, потоа илустраторите со нивни репрезентативни илустрации, а имаме и регистар на издавачите членки на МАИ. Со ова, поставуваме основи на една значајна база на податоци за нашата книжевност, која ќе ја надградуваме секоја година – нешто што е неопходно да го имаме во денешната дигитална ера, изјави Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи.

Современата македонска книжевност на саемот ќе ја промовира седумчлена делегација на МАИ. На најголемиот и најпрестижен книжевен саем, посочува МАИ, нашите издавачи ќе ја промовираат современата македонска книжевност преку бројни деловни средби, а на два настана ќе учествува писателката за деца Билјана С. Црвенковска.

-Традиционално, на 15 октомври – првиот, најпосетениот и највозбудливиот саемски ден, под покровителство на винарницата „Камник“, МАИ ќе организира коктел-забава за вмрежување со досегашните и идните соработници, соопшти Асоцијацијата.

Саемот на книгата во Франкфурт е најголема и најпосетена манифестација од овој тип во светот. Почесна земја гостин на годинашното, 76-то издание, е Филипини. На саемот ќе се одржат околу 4000 настани (промоции и панел-дискусии), ќе присуствуваат 10 000 новинари и 7500 претставници на делегации на изложувачите од над сто земји, а бројот на очекувани посетители е над 230 илјади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Претставници на победничката Студентска листа го посетија Косово

Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.

Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер