Претставување на филмот „Банат“ на ИФФК „Браќа Манаки“ - Канал 5

Претставување на филмот „Банат“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Италијанскиот режисер Адријано Валерио денеска на прес-конференција во Битола го претстави својот филм првенец „Банат“, кој синоќа имаше македонска премиера на фестивалот „Браќа Манаки“.

Претставување на филмот „Банат“ на ИФФК „Браќа Манаки“
Филмот е копродукција помеѓу повеќе земји, меѓу кои е и Македонија која првпат во овој проект копродуцуира со Италија. Беше прикажан во програмата „Нов европски филм“, поддржана од Европската унија.

Режисерот Валерио рече дека во Македонија се снимени клучни кадри кои, како што рече, го одредија расположението на филмот. Снимано е и во Романија, Бугарија и малку во Грција.

- Работевме многу добро со нашиот менаџер за локации. Имавме три недели и трчавме како луди за да ги најдеме. Слушнав многу убави работи за Македонија и за продукциските можности и одеднаш работите станаа едноставни. Во Македонија најдовме млади и амбициозни луѓе што беа подготвени да учат од постарите од другите земји. Спиеја по два часа на ден за да биде се во ред. Сите беа многу професионални за цело време, рече Валерио.

Посочи дека фестивалите како „Браќа Манаки“ се многу важни бидејќи, рече тој, кога влегувате во голема продукција, финалната цел е профитот.

- Имам привилегија да предавам во филмско училиште и често прикажувам референци од филмови. Филмот не мора директно да се занимава со политика за да биде политички, тоа може да се постигне и со прикажување на интимата на карактерите. Актуелна е темата на бегалците, имигрантите. И Италијанците почнаа да се селат. А јас, раскажувам приказна за некој што има избор – има работа, автомобил, стан и, сепак, избира да замине, додаде Валерио.

Директорот на фестивалот Димитар Николов го поздрави режисерот Валерио и истакна дека Македонија стекнала голем пријател.

- Особено ми е драго дека го имаме Адријано Валерио и со самото тоа што реши да снима во Македонија, ни стана пријател. За нас е особена чест што тој во голема мера искористи локации во Македонија за овој прекрасен филм, се надевам дека ќе имаме можност да соработуваме со него и во иднина. Тој лесно се справува со приказната и му честитам. Би сакал да имаме што повеќе такви филмови кои промовираат нова иднина на европско кино. Среќен сум што можам како директор на таков реномиран фестивал, да учествувам во промоцијата на вакви филмови, рече Николов.

Светската премиера на „Банат“ беше на фестивалот во Венеција, во програмата „Недела на критиката“, а по Битола ќе следува Интернационалниот филмски фестивал во Пусан. Филмот во октомври ќе учествува и на Варшавскиот филмски фестивал од А-категорија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер