351. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
2Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураПретставувања на македонската култура низ светот до крајот на 2014Македонската култура преку проектите на националните установи до крајот на годинава ќе биде претставена во неколку светски центри.Покрај фестивалските гостувања, подготвени се и меѓународни презентации со кои Република Македонија ќе одбележи две децении од воспоставување дипломатски односи - со Австрија, Чешка и Јапонија. Планираните активности денеска на прес-конференција ги најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, истакнувајќи дека меѓународното претставување на македонската култура е еден од приоритетите во културната политика. - Во периодот што претстои атрактивни културни содржини од сите дејности на културата ќе бидат презентирани во неколку светски метрополи... Меѓународната соработка, презентацијата на македонската култура и афирмацијата на високите вредности на македонското културно наследство се врвни приоритети на Министерството за култура кои континуирано, секоја година, настојуваме да ги оствариме преку поддршката на низа активности и комплексни манифестации во странство. Република Македонија е земја која поседува непроценливо културно богатство и актуелно творештво и токму затоа, наша цел е постојано и видливо да бидеме присутни во европските културни центри, на сите светски настани од областа на културата, на реномираните манифестации и фестивали, рече Канческа-Милевска. Од 18-ти до 22 септември, по повод 20 години дипломатски односи со Австрија, Министерството ќе организира Денови на македонската култура во Виена, каде што ќе гостуваат Драмски театар-Скопје со претставата „Последните Македонци“ во театарот „Акцент“, Музејот на современа уметност со изложба „Bricolage - Made in Macedoniа“ на неколку современи ликовни творци во простор на Амбасадата на РМ во австриската престолнина и Балетот со претставата „14 часа“ во театарот „Одеон“. На прес-конференцијата присуствуваа и директорите на ДТС, МСУ и МОБ, Роберт Велјановски, Елиза Шулевска и Дејан Прошев, чии установи веќе имаат плакати на германски јазик за гостувањето во Виена. Претставата „Последните Македонци“, покрај на 18 септември, ќе биде изведена и ден претходно за македонските иселеници, во црковната општина „Св. Наум Охридски“. Пред заминувањето во Виена, на ДТС му претстои гостување во Подгорица на 10 септември, на Интернационалниот фестивал на алтернативен театар, каде ќе учествува со „Хамлет“ во режија на Дејан Пројковски. За 20 години од дипломатските односи со Чешка, таму е планирано гостување на Театарот за деца и млади, изложба на Националната галерија на Македонија и концерт на Јета Старова и Ермељ Мехмети. Дваесетте години од дипломатските односи со Јапонија, пак, ќе бидат одбележани со целовечерен концерт во Токио на 9 ноември, на кој ќе настапат оперските солисти Славица Петровска-Галиќ, Ирена Кавкалевска, Ѓорги Џуцковски и Игор Дурловски, под диригентство на Борјан Цанев. По минатогодишното успешно гостување во Џакарта, овој месец Македонската опера и балет ќе го посети и Бангкок каде ќе учествува на 16. Меѓународен фестивал на музика и игра, кој се организира во чест на тајландскиот крал. На 13-ти и 15 септември МОБ ќе гостува со „Дон Џовани“ и „Боеми“, копродукција со италијанскиот театар „Лирико“. Македонската филхармонија по повод 70 години од своето постоење на 6 октомври ќе настапи во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб и ќе го отвори циклусот „Свет на музиката“, во кој гостуваат реномирани симфониски оркестри. Солист ќе биде светски познатиот виолончелист од Германија Даниел Милер Шот. Директорката на Филхармонијата Маја Чанаќевиќ рече дека се почестени што ќе ја отворат концертната програма „Свет на музиката“ и дека ќе настапат со исклучително тешка и внимателно избрана програма. - Особено е значаен настапот во Загреб, каде последен пат Филхармонијата гостуваше во 2000 година. Четиринаесет години е долг период. Колегите од Хрватска нетрпеливо не очекуваат, нашиот оркестар е добредојден, рече Чанаќевиќ. До крајот на годинава ќе има уште неколку гостувања: Центарот за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп на фестивалот „Експонто“ во Словенија, Битолскиот театар во Пекинг со третиот дел на „Хенри Шести“ (возвратно во Кина по минатогодишното гостување на Националниот театар од Пекинг на првиот „Шекспиров фестивал“ во Битола), театарот „Комедија“ во ноември во канадскиот град Мисисога, а Македонскиот народен театар во Хрватска. Покрај сценско-музичката дејност, Македонија ќе го претстави и богатото книжевно творештво на големите светски саеми на книгата во Франкфурт, Гетеборг и Истанбул. Министерката Канческа-Милевска потсети и на настани во првата половина на 2014: изложбата на старите словенски ракописи во Ватиканските музеи и настапот на Македонскиот балет со „14 часа“ во римскиот театар „Куирино“ за 20-годишнината од дипломатските односи со Светата столица, гостување на „Танец“ во Рига и наградите што од естонскиот главен град ги донесе женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ од Светската хорска олимпијада, концертот на Благој Нацоски во Џенова, забележителните гостувања на Турскиот и на Албанскиот театар во Турција, турнејата на „Танец“ низ Хрватска, како и големиот број претставувања на македонски уметници во културните центри на РМ во Њујорк и Софија. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
АвтомобилизамФолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакалФолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година. Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти. Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност. Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој. На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години. Извор: Б92Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тимМосква нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим. Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков. Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение. Неколку имиња Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември. Извор: Индекс.хрТагови: кремљ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook