Претставниците на Трамп планираат посета кај Путин - Канал 5

Претставниците на Трамп планираат посета кај Путин

Претставниците на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, планираат наскоро да ја посетат Москва на средба со лидерот на Кремљ, Владимир Путин. 

Претставниците на Трамп планираат посета кај Путин

Планираната посета е дел од напорите за постигнување мировен договор со цел да се стави крај на војната на Русија против Украина, пишува Блумберг.

Извори за Блумберг изјавија дека средбата би можела да се одржи подоцна овој месец, но предупредија дека плановите сè уште не се конечни и дека датумот би можел да се промени поради случувањата во Иран, каде што се во тек големи протести.

Официјален претставник на Белата куќа изјави дека во моментов не е закажан таков состанок, додека Кремљ не одговори на барањето за коментар. Според еден од изворите, сè уште не е познато колку е заинтересиран Путин да одржи втор состанок со членовите на тимот на Трамп, што се чини дека е главната пречка за одредување датум.

Мировен план и претходни разговори

Се очекува на Путин да му биде претставен најновиот нацрт на мировниот план од 20 точки, изготвен од украински и американски претставници. Виткоф и Кушнер веќе ја посетија Москва и се сретнаа со Путин во декември, а таа рунда разговори траеше речиси пет часа, но не донесе значителен напредок.

Виткоф се сретна со Путин во Русија шест пати во текот на изминатата година. Овие дипломатски напори следат по состанокот на претставници на 35 земји и организации одржан на 6 јануари во Париз, каде што беше финализирана работата за безбедносните гаранции за Украина.

По состанокот, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот Володимир Зеленски потпишаа декларација за намера за распоредување трупи во Украина во случај на мировен договор. Американската делегација во Париз ги вклучуваше Виткоф и Кушнер, а Виткоф изјави дека е постигнат значителен напредок по состанокот на „Коалицијата на волјата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.

Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер