Претставници на ЗНАМ се сретнаа со министерката Јаневска, тема пакет закони за високо образование - Канал 5

Претставници на ЗНАМ се сретнаа со министерката Јаневска, тема пакет закони за високо образование

Тема на разговор беа пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност. 

Претставници на ЗНАМ се сретнаа со министерката Јаневска, тема пакет закони за високо образование

Претставници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потпретседателите Павле Арсоски и Борче Серафимовски и координаторот на пратеничката група во Собранието, Бобан Карапејовски, во просториите на Министерството за образование и наука се сретнаа со министерската, Весна Јаневска, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Тема на разговор беа пакетот закони од областа на високото образование и науката – Законот за високото образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научноистражувачката дејност. Низ конструктивен разговор беа постигнати неколку дополнителни појаснувања и формулации што ќе бидат дел од овие закони. Во однос на приватните високообразовни институции, беше заклучено дека се допрецизира и се уточнува начинот на давање банкарска гаранција на овие институции. Изборите во звање ќе бидат со повисоки критериуми, при што беше постигнат консензус дека во

областа на лингвистиката, покрај базите Веб од сајнс и Скопус, ќе се земе предвид и базата ЕБСЦО. Беше истакнато дека овие закони се добра основа за натамошен развој на високото образование и на науката, области во кои државата постојано треба да вложува, да ги унапредува и да ги развива, и преку перманентно следење и подновување на законската регулатива.

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани

Владеачкото мнозинство во парламентот го изгласа новиот владин кабинет. 

Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани

За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на ВРЕДИ, за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски од Движењето ЗНАМ, за нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од ВРЕДИ, за министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, за нов министер за туризам и култура Седат Сулејмани од ВРЕДИ, за министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, за министер за локална самоуправа Иван Стоиљковиќ од ДПСМ, а за министер без ресор Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Мицкоски синоќа на крајот од расправата, непосредно пред гласањето на новиот, реконструиран владин кабинет, упати извинување за, како што рече, случувањата во Собранието, изразувајќи надеж дека такви настани нема да се повторат.

Пратеничката група на СДСМ претходно ја напушти седницата и на вонредна прес-конференција рече дека премиерот и старо-новиот министер, Иван Стоилковиќ, за време на расправата ги навредиле пратениците на СДСМ, Фатмир Битиќи и Митко Трајчулески. Сепак, револтирани поради тоа што не го добија бараното извинување и од кандидатот за министер Иван Стоилковиќ, пратениците на Социјалдемократскиот сојуз Демократската унија за интеграција и Алијансата за албанците ја напуштија седницата.

Веднаш по ова, пратениците гласаа за реконструираниот владин кабинет, а осумтемина нови министри добија поддршка од 69-те присутни пратеници, без гласови против и без воздржани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Базенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон испразнет

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека базенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон е испразнет поради поправки и дека „наскоро повторно ќе се наполни и ќе се пушти во употреба“. 

Базенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон испразнет

Тој го повтори своето тврдење дека вандали ја оштетиле облогата на базенот, правејќи големи засеци. Си-Ен-Ен потврди дека голем дел од базенот е испразнет, ​​откривајќи исушен талог, алги и отпадоци на дното.

Откако Трамп во април повика на реновирање на базенот, проектот – вреден над 14 милиони долари – се соочи со бројни проблеми, почнувајќи од појава на алги и зелена вода, па сè до лупење на дното на базенот и наводи за вандализам.

„Исечениците беа долги 300 јарди“ „Денес го испразнивме прекрасниот Рефлектирачки базен за да ја поправиме штетата предизвикана од вандали пред две недели. Исечениците беа долги 300 јарди, а дното на базенот беше исечено и потоа насилно подигнато од тие хулигани“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.

Неговото најново тврдење дека оштетувањето на облогата се протегало на „300 јарди“ (приближно 274 метри) е значително поголемо од претходните проценки што ги изнел, а кои и онака се зголемувале со текот на времето. Првично, тој зборуваше за исеченица долга 250 стапки (околу 76 метри), но подоцна тврдеше дека „всушност имало повеќе исеченици долж делница од 350 стапки“ (околу 107 метри).

„Службата за паркови мораше да го испразни водоотпорниот базен за да го поправи. Наскоро ќе биде повторно наполнет и повторно пуштен во употреба. Тој ѓубре што ја мрази нашата земја треба да плати висока цена за штетата што ја предизвика“, рече Трамп.

Подоцна истата вечер, Трамп повторно проговори, критикувајќи ги медиумските извештаи за базенот и тврдејќи дека облогата била „исечена со нож или скалпел“ и дека дури и проблемите со алгите биле „предизвикани од вандали“. Во последните недели, најмалку три лица беа обвинети за уништување на имот откако наводно отстраниле дамки од сина боја од базенот. Сите се изјаснија за невини. Поранешниот олимписки кануист Дејвид Херн, кој исто така беше обвинет за истото кривично дело, се изјасни за невин минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Времето денеска: Сончево со мала до умерена облачност и ветер

Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 11 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 26 до 36 степени.

И во Скопје денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 35 во текот на денот.

За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утре во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер