Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
1Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
2Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
КултураПретставници на „Охридско лето“ на Шангајскиот фестивал, форум и саем на изведувачки уметници Претседателот на Управниот одбор на Фестивалот „Охридско лето“, Зоран Вељаноски - Летра, како член на Делегацијата на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) ќе учествува на 18-тиот Меѓународен фестивал, Форум и Саем на изведувачки уметности што од денеска до 16 октомври ќе се одржува во кинескиот град Шангај.Високите преставици на Европската асоцијација на фестивали, меѓу кои се и поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ заедно со Хуго де Греф генералниот секретар на ЕФА, Ибрахим Спахиќ од Меѓународниот Фестивал во Сараево, Карла Хулијано од Шпанската асоцијација на класична музика и други, за време на петдневниот престој во Кина ќе посетат повеќе фестивалски уметнички работилници, а ќе имаат можност да се запознаат и со изведувачките уметности карактеристични за Кина. - „Охридско лето", како наш најголем и најпрестижен Фестивал, мека на уметниците во музиката и во театарот, со богата и трајна традиција значајна за Охрид и Македонија, ќе биде дел од овој голем светски собир каде присуствува културната елита од Европа и светот. Ова е навистина одлична можност да се презентира „Охридско лето“ како врвен фестивал кој повеќе од половина век ја надградува својата репутација на елитната културна сцена. Со тоа што сме дел од вака значајна делегација која присуствува на еден голем настан само потврдува дека „Охридско лето“, ги негува културните високи уметнички дострели според европските и светските стандарди, вели Вељаноски-Летра. Тој притоа изрази уверување дека „Охридско лето“, како дел од Европската фестивалска асоцијација, ќе продолжи со успешните приказни за да го задржи епитетот на високо реномиран европски фестивал. Инаку, „China SPAF 2016“ како Меѓународен фестивал, форум и саем на изведувачки уметности во Шангај се одржува од 1999 година и е еден од најпознатите меѓународни фестивали поддржани од Кинеското министерство за култура и градот Шангај. На овој реномиран фестивал секоја година учествиваат повеќе од 600 делегати од над 30 држави од светот вклучувајќи ги директорите и еминентните претставници од над 70 различни меѓународни фестивали од целиот свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook