Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
БалканПретставници на малцинствата за МЦН: Не ги признаваме пописните разултатиАлбанските медиуми посветуваат посебно внимание на донесената заедничка декларација на малцинствата за непризнавање на пописните резултати и барање за нов попис во Албанија, врз основа на меѓународните стандарди.Покрај дневните извештаи, што вчера ги пренесоа за настанот, емитуваат посбни емисии со гостување на претставници на малцинствата. На албанската телевизија МЦН гостуваа Васил Стерјовски, претставник на Македонците, Егривелино Чуно - на Египќаните и Енкелејд Чолаку - на Власите, при што го изнесоа заедничкиот став содржан и во декларацијата. -Осумте реално постоечки малцинства кои живат во Албанија, Македонците, Грците, Власите, Египќаните, Ромите, Србите, Црногорците и Бошњаците, ги искажавме нашите ставови дека не ги признаваме резултатите од пописот, затоа што не ја отсликуваат етничката реалност во нашата земја и се манипулирани. За жал, се следи политиката од периодот на комунизмот и остануваме во тие рамки, а тоа е 50 илјади припадници на малцинствата на целата територија на Република Албанија, што ни од далеку не е вистинската бројка, изјави Стерјовски. Затоа, додаде тој, ги оспоруваме овие бројки кои не се реални и бараме нов попис под меѓународен мониторинг каде што ќе излезе „реалната бројка за малцинствата, затоа што врз основа на бројките зависат нашите права како малцинства“. Притоа посочи дека „правата многу зависат од бројот колку сме. Но, овој број на малцинства не ја одразува етничката реалност во Албанија“. На констатацијата дека малцинствата не ги признале резултатите и од претходни пописи, Стерјовски со одговор „затоа што во ниту еден попис организиран во Албанија не се земени предвид барањата на малцинствата за да можеме и ние да бидеме дел од процесот, како што се случува во секоја европска земја“. -Имаше попис во Македонија, имаше и во Косово, насекаде и сите малцинства беа дел од сите локални, регионални и централни комисии на државните заводи за статистика. Ние немавме ниту попишувачи, ниту членови на ниво на округ или во централните канцеларии на Државниот завод за статистика (ИНСТАТ) да го следат и надгледуваат овој процес, и секогаш мораме да им веруваме на бројките што ни се сервираат, рече тој. Детално даде опис каде живеат припадниците на македонското малцинство, додавајќи дека ги има на целата територија на земјата, нагласувајќи дека ИНСТАТ никогаш не ги прифатил барања на малцинствата да бидат дел од овој процес. -Но, она што сакам да го истакнам, на нас како македонско малцинство ни е направена неправда со овој попис. Најголемата неправда беше што беше дозволено надворешно влијание да влијае на бројките и да произведе нереални бројки за македонското малцинство на сметка на друго непостоечко бугарско малцинство. Ние сме лојални граѓани на оваа држава. Ние сакавме нашата држава да не заштити без надворешно влијание и притисок и секој жител да се изјаснеше како што се чувствува. Но, во овој случај се остави Бугарија отворено, преку бугарската амбасада, разни фондации и екстремистички групи од Бугарија за време на пописот да доаѓаат во нашите области, да прават пропаганда, да даваат подароци, да се закануваат, изјави меѓу другото Стерјовски. Сигурни сме, додаде, дека ова беше „договор меѓу двете влади, албанската и бугарската влада, да се создаде малцинство во областите каде што живее македонското малцинство, за Албанија да не биде попречена на нејзиниот пат кон Европската Унија“. Огорченост и незадоволство од пописните резултати искажаа и другите двајца соговорници, Чуно и Чолаку, кои меѓу другото оценија дека „ова е обид да не избришат нас, мацинствата, од картата на Албанија, да нè снема“. Според нив попишувачите не тропнале на врата кај ијадници семејства и податоците ги внеле како што сакале. Инаку, според резултатите од пописот во оваа земја, од вкупно попишаните 2.402.113 жители, 2.186.917 се Албанци, 2.281 Македонец, 23.485 Грци, 12.375 Египќани, 9.813 Роми, 2.963 Бошњаци, 2.459 Власи, 584 Срби, 511 Црногорци и 7957 Бугари. Според нивните претставници, во Албанија живеат над 100 илјади Македонци, над 300 илјади Египќани и Роми, најмалку 80 илјади Власи, околу 400 илјади Грци, повеќе од 40 илјади Срби и Црногорци, над 10 илјади Бошњаци. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураУште еден успех на НУ Народен театар Битола, преполна сала за „Кориолан“ во ПолскаСиноќа во преполната сала на театарот во Бјалисток, Полска, Народниот театар Битола ја изведе „Кориолан“ како дел од јубилејното 10. издание на меѓународниот театарски фестивал „Direction East“. Делото од Вилијам Шекспир, во режија и адаптација на Џон Блондел, и овојпат го привлече вниманието на публиката која ги награди актерите со долготрајни и стоечки аплаузи. Секое гостување надвор од границите на нашата земја е повеќе од сценски настап – тоа е можност македонската култура да биде видена, слушната и препознаена. Секое учество на фестивал од меѓународен карактер отвора простор за размена на уметнички искуства, нови професионални контакти и идни соработки, а воедно го потврдува местото на Народниот театар Битола во современиот европски театарски простор. „Токму преку ваквите гостувања, театарот станува културен амбасадор на својата земја – носејќи ги со себе јазикот на уметноста, креативноста на нашите уметници и приказните што ги поврзуваат различните култури“, истакнуваат од НТБ. Оваа изведба во Полска, следуваше по гостувањата на „Охридско лето“, Shakespeare Fringe Festival во Верона и „Magical Nights in Butrint“ во Саранда. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата играат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска. Асистент на режија е младиот уметник и режисер Дамјан Димовски, сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, дизајн на светло: Џонатан Хикс, светло мајстор: Горан Петровски, музика: Александар Димовски, видео: Владимир Переловски, инспициент: Оливер Петровски. Суфлер: Мирјана Христовска. Од Битола кон европските сцени – и овојпат со гордост НТБ го претстави македонскиот театар и понатаму продолжува да гради мостови преку уметноста. Фото: Ивона КочовТагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода две лица при претрес во Прилеп, пронајдена дрогаНа 16.10.2026 во 14:17 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода И.П.(22) и С.Т.(19) двајцата од Прилеп. Имено, врз основа на Наредба од Основен суд Прилеп, полициските службеници извршија претрес во домот на И.П., од Прилеп при што пронајдена и одземена е марихуана, а затекната била и С.Т., кај која при преглед била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11