Претставници на ИФЦ од групацијата на СБ на средба со Заев, најавена поголема поддршка на приватниот сектор

Премиерот Зоран Заев, се сретна со делегација на Меѓународната финансиска групација, дел од Светска банка, предводена од Вебке Шлумер, регионална директорка за Европа и Централна Азија и Томас Лубек.

Со соговорничката се согласиле дека иднината на Македонија, како идна членка на НАТО и ЕУ, на граѓаните и домашните компании им отвора можност да се претстават на пазарот каде има повеќе од 500 милиони потрошувачи.

На средбата се разговарало за потенцијалите на Република Македонија при што Шлумер искажала отворена поддршка на групацијата ИФЦ за интензивирање на финансирањето проекти во приватниот сектор и во подобрувањето на снабдувањето со електрична енергија, особено во полето на обновливите енергетски ресурси.

- Претставничката на ИФЦ, посебно се осврна на важноста на поддршката на приватниот сектор преку поврзување на странските директни инвестиции со домашните компании, на што премиерот Заев додаде дека Владата преку проекти е посветена на охрабрување на локалните компании, на младите луѓе, за имплементирање на нивните бизнис идеи со следење на модерните и иноваторските технологии, се додава во соопштението.

Премиерот Заев информирал дека Владата презема конкретни мерки за мотивирање во приватниот сектор, подобрување на конкурентноста со цел да бидат отворени нови, добро платени работни места, кои ќе ги задржат младите да работат во нивната татковина.

Директорката Шлумер, пак, потенцирала дека ИФЦ ги разгледува можностите и за поттикнување на развојот на микро, мали и средни претпријатија преку олеснет пристап до финансии, посочувајќи дека поддршката е во насока на трендот на подобрување на економијата во земјата и преку создавањето услови за нови пазари да се отворат перспективите не само на граѓаните на Македонија, туку и на регионот.

- Вашата поддршка ја цениме, ние создаваме услови за искористување на нашите потенцијали, ги поддржуваме домашните претпријатија и одржувајќи добрососедски односи сакаме заедно, со земјите од регионот да освојуваме нови пазари, подвлекол Заев на средбата, охрабрувајќи ги претставниците на Меѓународната финансиска групација, ИФЦ, активно да ја следат се поинтензивната регионална соработка помеѓу државите на Западен Балкан.

Тој потенцирал дека нивната поддршка би била од огромно значење во помагање на заедничкото настапување на регионот на европските и светските пазари.

Премиерот Заев на средбата искажал и задоволство поради нивното присуство пред историскиот момент за одржувањето на референдумот на 30 септември, кога, како што рекол, македонскиот народ ќе покаже единство и ќе ја донесе одлуката за напредок на земјата, со исполнување на евроатлантските интеграции.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи

Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

- Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

притисни ентер