Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотПретставничкиот дом објави 40.000 часови видео снимки од нередите во Капитол на 6 јануари 2021 Новиот спикер на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, синоќа изјави дека повеќе од 40.000 часаови видео снимки направени од сигурносните камери за време на нападот на Капитолот на САД на 6 јануари 2021 Новиот спикер на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, синоќа изјави дека повеќе од 40.000 часаови видео снимки направени од сигурносните камери за време на нападот на Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година ќе бидат објавени и достапни за јавноста. Снимките се достапни во делови на веб страницата https://cha.house.gov/. -Денеска го исполнувам своето ветување дадено на американскиот народ и ги правам достапни за Американцте сите снимки од 6 јануари, изјави Џонсон за време во ТВ пренос на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). „Вистината и транспаретноста имаат одлучувачко значење“, додаде тој. Џонсон додаде дека оваа одлука ќе им даде можност на милиони Американци, општествени организации и медиуми „да видат со свои очи што се случило тој ден, а не да се потпираат на интерпретации на мала група владини службеници“. Вети дека лицата на снимките ќе бидат замачкани „за да не станат мета на одмазда“, а видео снимките со доверливи информации за безбедноста на зградата на Капитолот се скриени. Илјадници часови снимки од камерите за видео набљудување веќе беа прегледани од Специјална комисија на Претставничкиот дом која спроведе истрага за нападот на Капитол од подржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, кој сакаше да ја спречи заверката на победата на демократот Џо Бајден на претседателските избори во 2020 година. Комисијата во своите заклучоци од истрагата препорача покревање тужба против Трамп за бунт и други нарушувања на законот поврзани со нередите на 6 јануари. Трамп, еден од водечките претседателскои кандидати на Републиканската партија за изборите во ноември 2024 година, беше обвинет за тоа од Специјално јавно обвинителство предводено од Џек Смит и треба да оди на суд во Вашингтон во март 2024 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРомански екстремно десничарски политичар приведен поради измама, планирал и државен ударРоманските власти денеска покренаа нови обвиненија против поранешниот екстремно десничарски претседателски кандидат Калин Џорџеску.Тој е задржан во 24-часовен притвор поради обвинувања дека тој и уште двајца осомничени измамнички прибавиле 1,1 милион евра и ги искористиле средствата за финансирање изборна кампања, пренесува ДПА. Џорџеску, познат како политичар наклонет кон Кремљ, неочекувано освои најмногу гласови на претседателските избори во Романија во 2024 година. Уставниот суд ги поништи изборите поради недостаток на транспарентност во финансирањето на неговата кампања, а гласањето беше повторено во 2025 година. Обвинителите денеска девет часа го пребарувале неговиот дом, по што осомничениот бил одведен на испрашување. Измамата вклучувала ветување од страна на осомничениот и неговите соучесници до еден бизнисмен во 2021 година дека ќе му обезбедат заем од странска банка. Тој ја задржува поддршката од втората најсилна политичка сила во парламентот За возврат, тие побарале гаранција од 1,1 милион евра од бизнисменот;,според Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT), тој ја платил сумата, но парите никогаш не му биле вратени. Истрагата започнала во 2024 година по пријава поднесена од измамениот бизнисмен, јавуваат романските медиуми. Се очекува Џорџеску да одговара и за обид за вооружен државен удар, кој наводно го планирал заедно со платеник претходно активен во Африка. И покрај тоа, тој продолжува да ја ужива поддршката на романската екстремно десничарска партија АУР, втората најсилна политичка сила во парламентот, пренесува ДПА. Извор: Индекс.хрТагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРуската антивоена партија „Јаблоко“ освои место во регионалниот парламентРуската антивоена партија „Јаблоко“ изненадувачки успеа да освои место во регионалниот парламент, и покрај тоа што во голема мера ѝ беше оневозможено учество на изборите низ земјата.Неочекуван успех на регионалните избори Оваа либерална опозициска партија освои 6,38 отсто од гласовите во регионот Нижни Новгород на реката Волга и во понеделник за првпат доби место во регионалната Дума. Резултатот привлече значително внимание низ Русија бидејќи на партијата ѝ беше забрането да истакнува кандидати во речиси целата земја по одлуката на Врховниот суд. Реакција на партијата и поддршка за активистката против корупција „Мир, слобода и живот без страв – тоа се вредностите што одекнаа во срцата и душите на луѓето“, соопшти регионалниот огранок на „Јаблоко“ во Нижни Новгород. Партијата ѝ честиташе на својата регионална претседателка Ана Черепанова, позната противничка на војната и активистка против корупцијата. Зошто Кремљ го ограничи учеството на партијата Експертите сметаат дека партијата веројатно била исклучена од националните избори бидејќи Кремљ проценил дека таа навистина би можела да освои пратенички места. Лидерот на „Јаблоко“, Николај Рибаков, ја позиционираше партијата како единствена сила што се залага за прекин на огнот во руската војна против Украина. Сите други партии ја поддржуваат инвазијата, која трае повеќе од четири и пол години. Извор: Индекс.хрТагови: русија Јаблоко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
ЖивотМакедонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал ГрадМакедонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.Во древниот храм „Света Богородица“, кој потекнува од 1345 година, беше одржана свечена богослужба, продолжувајќи ја вековната традиција на одбележување на празникот на островот Мал Град. На богослужбата, во чест на Рождеството на Пресвета Богородица, богослужеше митрополитот Корчански, Неговото Високо Преосвештенство Анастасиј, заедно со отец Алексо од Пустец и други свештеници од Корчанската митрополија. На празничната богослужба присуствуваше и претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на верниците им посака здравје, мир и благосостојба. Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа. Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион. Особено значаен е нејзиниот фрескоживопис, по кој храмот се издвојува меѓу пештерските и островските цркви распространети долж бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица има посебно значење и во традицијата на Македонците во Албанија. Голем број македонски семејства го одбележуваат како домашна слава, пренесувајќи ја традицијата од поколение на поколение. Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.Тагови: Мала Преспа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter