Претставите на МНТ „Народен пратеник“ и „12“ гостуваа во Црногорско народно позориште - Канал 5

Претставите на МНТ „Народен пратеник“ и „12“ гостуваа во Црногорско народно позориште

Реализирањето на меморандумот за продолжување на соработката меѓу Црногорско народно позориште (ЦНП) и Македонскиот народен театар (МНТ) почна со гостување на две македонски претстави. 

Претставите на МНТ „Народен пратеник“ и „12“ гостуваа во Црногорско народно позориште

Изминатите две вечери на големата сцена на ЦНП публиката ги гледаше „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин, и „12“ според Реџиналд Роуз во режија на Синиша Евтимов.

Како што информира МНТ, директорот на ЦНП, Илија Суботиќ, изразил задоволство од почетокот на реализацијата на договорот, „како и од фактот што публиката во Подгорица виде исклучителни изведби од најновата продукција на МНТ во годината кога го слави својот голем јубилеј - 80 години од своето постоење и работа“.

-Меморандумот за продолжување на соработката меѓу националните театри на Црна Гора и Република Македонија, потпишан кон крајот на минатата година во Скопје, покрај меѓусебните гостувања, отвора можност и за реализација на заеднички проекти, за што особено може да придонесе членството на двата театри во Европската театарска конвенција, истакнал Суботиќ и го честитал претстојното учество на Македонскиот народен театар на Стериино позорје, во чија натпреварувачка селекција е претставата „Наличје“ од Борис Лијешевиќ од актуелната театарска сезона на нашиот национален театар.

Директорот на МНТ, Никола Кимовски, истакнал дека по потпишаниот меморандум за соработка меѓу Црногорско народно позориште и Македонскиот народен театар, по речиси изминати десет години, повторно се случува меѓународна соработка.

-Посебно ме радува што меморандумот за соработка на овие две големи театарски куќи почна да се реализира со гостувањето на Македонски народен театар во Црногорско народно позориште и тоа со најактуелните претстави од големата и од малата сцена. Тоа се претставите: „12“ - по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, која се одигра на 9 април, и „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин, која се одигра на 8 април. Двете претстави се прикажаа пред преполна сала, а црногорската публика со долгостоечкиот аплауз и овации ги награди извонредните изведби на претставите, истакнал Кимовски.

МНТ потсетува дека претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на МНТ, на 31 мај 2023 година беше одиграна на сцената на Црногорското народно позориште во Подгорица - пред потпишување на меѓународната соработка.

-Нашата цел е и понатаму да се стремиме кон зацврснување, унапредување и развој помеѓу нашата заедничка соработка, со збогатување на културолошката програма, а на публиката со тоа ќе ѝ дадеме можност и посебна привилегија да доживее различни уметнички пристапи и креативност, наведува МНТ во соопштението.

Македонскиот народен театар, со одлука на членовите на Генералното собрание минатиот петок во Атина, стана членка на Европската театарска конвенција - најзначајната паневропска театарска асоцијација, каде што Црногорско народно позориште учествува од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германската војска ги забрани кинеските возила поради страв од шпионажа

Германските вооружени сили се во состојба на висока готовност бидејќи, по забраната за употреба на беспилотни летала од кинеско потекло, политичкото и военото раководство сега го ограничуваат пристапот до објектите и на кинеските возила.

Германската војска ги забрани кинеските возила поради страв од шпионажа

Настаните во Германија се забрзуваат откако Германската воена контраразузнавачка служба откри дека постојат сериозни стравувања дека податоците од камерите и сензорите на новите автомобили се пренесуваат до кинеските државни разузнавачки служби, како што покажуваат доверливите документи, објави Carandmotor.gr.

За да се реши овој проблем со можна шпионажа, раководството на Министерството за одбрана одлучи да им забрани на кинеските автомобили да влегуваат во чувствителни воени објекти поради ризикот од снимање податоци од нивните камери и сензори.

Поточно, воениот персонал што управува со вакви возила мора да ги паркира надвор од објектите и да влегува во нив пеш, и покрај фактот дека до денес нема јавно документирани докази дека некој од овие автомобили испратил податоци до кинеските разузнавачки служби.

Германското министерство за одбрана појаснува дека ограничувањето се однесува генерално на „поврзани“ возила и не е насочено кон специфичен список на брендови или земји, иако пред неколку дена, угледни германски медиуми објавија дека во рамките на војската циркулираат списоци на специфични кинески модели на кои им е забранет влез во областите означени како безбедносни зони.

Сепак, портпаролот на надлежното министерство на прес-конференција изјави дека командантите на локалните единици ќе бидат одговорни за утврдување на правилата за пристап, што укажува дека не постои единствен, објавен список на забранети модели.

Секако, вреди да се напомене дека Германија не е единствената земја што презема вакви чекори, бидејќи во февруари и октомври 2026 година, Полска и Турција, соодветно, воведоа ограничувања за возила произведени во Кина во воените објекти, наведувајќи ги безбедносните ризици поради протекување на податоци поврзани со истите категории сензори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство

Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада во понеделник откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада.

Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство

Холандскиот премиер Роб Јетен се обидува да ја спаси својата малцинска влада откако коалицискиот партнер VVD гласаше против даночниот план на неговата сопствена влада, а спорот околу зголемувањето на данокот на богатство ја доведе коалицијата на работ на колапс, објави Ројтерс.

Јетен ќе разговара со лидерите на VVD и Христијанско-демократската партија. По гласањето, тој рече дека ќе направи сè што може за да ја спаси коалицијата и најави дека ќе се обиде да постигне „нов почеток“.

Кризата избувна поради договорот со левичарската опозиција за поддршка на даночниот план за 2027 година во замена за мало зголемување на даноците на богатство. Коалицијата од три партии, формирана пред помалку од девет месеци, е поделена околу предлогот.

Десничарската, бизнис-ориентирана Народна партија за слобода и демократија (VVD) остро се спротивстави на амандманот, додека центристичката партија D66 на Јетен и Христијанско-демократската партија го поддржаа предлогот. Сепак, планот беше усвоен со тесно мнозинство, благодарение на гласовите на опозициските партии.

Лидерот на VVD, Рубен Брекелманс, го опиша гласањето како „разочарувачко“ и рече дека неговата партија сериозно ќе го преиспита својот став. Излегувањето на VVD од коалицијата веројатно би значело крај на малцинската влада на Јетен.

Кризата би можела да доведе до нови избори, четврти во Холандија за пет години. Сепак, гласањето не е единствената опција: партиите би можеле да се обидат да формираат нова влада врз основа на постојната распределба на места во Долниот дом на парламентот.

Таквиот договор веројатно би довел повторно до малцинска влада, нешто што главната левичарска опозициска партија Про веќе го отфрли.

Јетен стана најмладиот премиер во холандската историја во февруари. Неговата партија Д66 неочекувано ги доби изборите пред една година, со кампања која ветуваше раскинување со претходната влада, во која доминираше националистот Герт Вилдерс.

Новата влада се соочи со тешкотии од самиот почеток, бидејќи нема мнозинство во ниту еден дом на парламентот и мора да ја обезбеди поддршката од опозицијата за да ги усвои своите предлози. Холандија традиционално е управувана од коалициски влади со парламентарно мнозинство, но нивното формирање е сè потешко поради политичката фрагментација и промените во поддршката на гласачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Патничките возила Škoda Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq се повлекуваат од српскиот пазар поради ризик од повреди, беше објавено во системот за брза размена на информации NEPRO за опасни производи.

Во Србија итно се повлечени неколку модели на Шкода- имало опасност за возачите

Повлекувањето се однесува на моделот или моделите Octavia, Superb, Kodiaq и Karoq на Шкода, а видот на ризикот е: Ризик од повреди, објави Телеграф.

Овој случај е регистриран под број на повлекување 134/2026, од 13.11.2026 година. Категоријата на случајот е повлекување на потрошувачки производи.

На засегнатите возила, навлегување на влага може да предизвика корозија на завртката за монтирање на управувачот. Доколку оваа корозија напредува, монтирањето на управувачот може да биде компромитирано. Ова може да доведе до губење на контролата врз возилото (губење на способноста за управување) и да го зголеми ризикот од повреди на учесниците во сообраќајот.

На потрошувачите кои го поседуваат овој производ им се препорачува да проверат дали нивниот модел е засегнат од повлекувањето и да ги следат упатствата на производителот, дистрибутерот или надлежните институции.

Кај возилата опфатени со повлекувањето на моделот „48LS“, завртката за монтирање на механизмот за управување ќе биде заменета со нова, поотпорна на корозија. На веб-страницата www.skoda-auto.rs/ е можно да се провери, со користење на VIN бројот (број на шасија на возилото), дали возилото е опфатено со повлекувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер