Претставени можностите за студирање во Русија, рокот за аплицирање за стипендија до 20 март - Канал 5

Претставени можностите за студирање во Русија, рокот за аплицирање за стипендија до 20 март

Руската Федерација ќе додели 30 стипендии за македонски државјани за додипломски и за постдипломски студии на некој од државните руски универзитети во академската 2016/2017 година.

Претставени можностите за студирање во Русија, рокот за аплицирање за стипендија до 20 март
Стипендијата покрива бесплатни студии, месечен надомест (стипендија) како и за руските студенти, сместување во студентски дом по симболична цена и подготвителна една година за учење на рускиот јазик пред почетокот на студирањето доколку кандидатот не го знае јазикот.

Може да се конкурира за студиска програма на стотини високообразовни институции на сите државни универзитети во Русија, за кои македонските студенти може да се информираат на страницата http://russia-edu.ru.

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје денеска на Економскиот факултет ги презентираше можностите и условите за студирање во Русија, која има долга образовна традиција и престижни универзитети, како што е „Ломоносов“ во Москва, основан во 1756, но и во другите центри - Санкт Петербург, Казањ, Новосибирск...

Михаил Лушин од Амбасадата рече дека карактеристика на студирањето во Русија е што има специјализирано образование за странци, а предноста за македонските државјани е во тоа што со познавање на рускиот јазик и стекнато образование таму имаат шанса за вработување во руски компании во Македонија и во македонски кои отвораат во Русија.

Заинтересираните треба да пополнат пријава која ќе ја најдат на веб-адресата на Руската амбасада (macedonia,mid.ru) и сите документи (копии од пасош, документи за завршено образование, лекарско уверение, потврда за тест за ХИВ-вирус) преведени на руски и заверени кај нотар до 20 март 2016 да ги донесат во Амбасадата. Средношколците кои се уште немаат диплома, треба да достават свидетелства од претходните години.

На 21 март ќе бидат интервјуирани од претставници на Амбасадата, кои ќе ги пратат документите до универзитетите наведени во пријавата. Самите универзитети ќе ја донесат конечната одлука за прием. Резултатите ќе бидат објавени во јули или август. Примените кандидати на свој трошок ќе патуваат во местото каде што ќе студираат и во септември треба да бидат таму.

Лушин ги советуваше заинтересираните во пријавата да наведат најмногу шест универзитети како алтернативи каде што би студирале, но најмногу два универзитета треба да бидат од ист регион во Русија.

За предносите од студирањето во Русија зборуваше и ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски и вработен во „Лукоил“ кој преку овој конкурс во 2008 ја искористил можноста да заврши додипломски и постдипломски студии во Санкт Петербург. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

Денеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот.

По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач.

Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен.

Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“

Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. 

Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“

Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман.

Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил.

На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа:

„Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“

На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик:

„Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер